За што, а и зашто да дебатирам со тебе кога во текот на разговорот ќе одговориш дека е
тајна, не е дозволено сите да ја знаат, чунки мислиш се работи за склопување нуклеарно оружје по дома. Истото го кажуваат и религиозните фанатици, со разлика што они не викаат дека одредени луѓе знаат, приклучи ни се и можеби ќе ја дознаеш " тајната".
До таму каде што сметам дека може да зборувам, јас зборувам... не ти спомнувам веќе тајна, само ќе престанам да зборувам, можеби ќе помислиш дека немам што да ти кажам

Да ти убаво на душата...
Да. Има тајни. И ништо не знаеш бидејќи Е тајна, и ќе остане тајна... не може заради докажувања на проклет форум и со секакви луѓе, да дрдориме сешто само за да бидеме во право. Јас ќе дозволам да сум во грешка ако сметам дека нештата премногу се разоткриваат, а нема потреба од тоа...
Заради тајни ти и други, секакви верзии правиш дури и од едно христијанство и библија. Сешто зборуваш како ти мислиш дека се работите уредени....
Имаш маки како и сите други со авторитет, затоа си осамен во верувањата читајќи те по нетов... и за тоа си виновен самиот ти, ниту јас ниту некој друг...
Не, не можеш да се приклучиш никаде. Може да бараш да се приклучиш било каде, но дали ќе ти одобрат и прифатат - пак зависи од тебе. Разбери еднаш дека никој не моли за твоето присуство било каде...
Ти бараш, ти тропаш... па и во една библија пишува тропни... мора прво ТИ да тропнеш, не да те моли некој ко икона некоја

Па и потоа треба да се докажеш што човек си и од што си направен... боговите секакви не прават, треба да се провери секој штраф, секој зглоб, секој слој од човекот... дома секој би пуштил да ти седе на масата?
НЕ!
Исто е... дури и посериозно.
Ништо не разбираш ти, само трчаш наоколу и врескаш како „ти веруваш“ и како „ти си разбрал“ библии и религии. Не ни е грижа како веруваш (тоа е твоја работа), битни се делата - заради овие што ти ги нарекуваш фанатици... од нив се страда бидејќи погрешно разбираат, бидејќи следат сешто, бидејќи не сакаат авторитет, дозволуваат секој и сешто да им биде авторитет и забегуваат....
Тешко тоа да разбереш нели...?