Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Немам ништо јас :)
Не знам што се возбудуваш и во уста постојано ти се Телемити - те нервирам со „нов еон“? :)

Ова твоето е фанатизам... каде е душата? Што е душа?
Постојано се расфрлаш со површни зборови кои си ги разбираш како сакаш или веруваш дека постојат како ти сакаш... тоа е новото време :)
Далеку од догми и за душа и за богови и за верување и за ритуали - кои ти не ги правиш, но врескаш наоколу за богови и верувања :)

Никаквец низаеден :)

Луѓето во што се залажуваат е нивни проблем. Зарем не научи дека ти и другите луѓе барате најмал отпор во животот? Затоа и лесно се залажувате! Проклеството од старото време упорно го влечкате наваму...

Најди ми ти мене каде „по дифолт“ новото ќе е подобро и кој го рекол тоа? Или тоа е твое мислење? Кое е тоа ново време според тебе и што ти донесе тебе тоа време и зошто не ти донело ништо добро?

Новото време значи ново време. Нови искушенија, нови учења, нови разбирања за нештата... и тоа го имаме. А за подобро утре или денес, малку ќе седнете да се запотите и да промените прво кај себе си работи, потоа и околу вас... до тогаш: јас ќе сум ти виновен што тебе денес не ти е добро во новото време и новите богови и ритуали :)

Лесно е да мавташ со прстчето наоколу и да ми креваш врева за „новото време“, а сеуште си закован во старите концепти и старите дрдорења поврзани со старите религии кои не ги ниту знаете ниту разбирате ниту имате потреба од истите - затоа си градиш свои верувања и надеж за „откако ќе умреш“ и душата твоја вечна...
Да е вечна - друго ќе ми зборуваш... но ти само веруваш во овие нешта бидејќи ти даваат што? Надеж бре сине инаку за кај си?

Пеер дај бе не си ласкај и не туку си измислувај непријатели.
Си изнафрли паушални обвинувања, заклучоци без никакви основи, дрн дрн јариња, демек многу опасни сте. :pos:
Слаткоречивост и подмуклост, тоа е опасност за понаивни, прескокни ме.
 
Потопот е приказна искажана во метафора,за тоа кое го доживува човек кога од телесен преминува во духовен.Исус го споредува тоа со повторно раѓање, т.с да се врати човек во утробата на својата мајка и повторно да се роди.Овде се мисли на душата,не на телото.А вратената душата во утробата е симболика за арката.Ти си во светот,но не си од светот.Тој е оној момент на кажаното јас сум тоа што сум.
Не роден, без облик.Тогаш е човек едно со бог.
Градење на арката е да создадеш контрола врз емоциите.Така како што било при создавањето на светот(за оваа реченица не оди далеку во историјата) , човек да биде господар над животните.

Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде +господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”

Кога ќе дојде потопот-смртта(присилна смрт) човек ќе владее со своите емоции-животни или ќе ги пушти без контрола?
Ќе се удавите(човечноста ќе ја нема) уште при првиот бран.

Сите приказни се исти и зборат за едно исто.

Ова е само некое твое своеглаво „толкување„ на записите од Писмото, непознато во целата Црква Христова...
 
Е...И!?!?
Измери колку е тежок огинот!
Врати го денот што поминал.

Духовноста обработува многу различна тема од науката.

Ништо не си разбрал што напишав.
Таму каде што не постои јас, верата добива друга димензија, а тоа е да веруваш во себе,а тоа е многу тешко кога непостои јас.Кој сум "јас" за да верувам во себе?? Празнина!

Две прашања за тебе(или било кој член).
Дали кога ќе заминеш од овој свет, ќе го ресетираш времето каде твојот живот поставува граници до каде може човек да се симне во пеколот(страдање) и до каде на небото може да се искачи(просветлува)?
Или како рингишпил ќе се движи твојата душа помеѓу небото и земјата, ресетирајќи се при секое раѓање без сеќавања?
Чек, чек, демек ако не верувам во госпо, не верувам и во себе?
Празнина е да се надеваш дека откако ќе умреш ќе ти биде подобро. Во суштина религиите ти продаваат „ветувања“, нешто налик на политичарите, што е разбирливо, затоа што и двете се создадени со намера да го контролираат обичниот човек.
 
Ова е само некое твое своеглаво „толкување„ на записите од Писмото, непознато во целата Црква Христова...
Истото што го зборам ви го кажал Исус,не си прочитал.....

37. но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38. оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби сè, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки

Што мислиш, зошто Исус своето второ доаѓање го споредува со потопот и влегувањето на Ное во ковчегот?

Она "не узнаа" треба да ти боде очи и уши.
Автоматски споено мислење:

Чек, чек, демек ако не верувам во госпо, не верувам и во себе?
Празнина е да се надеваш дека откако ќе умреш ќе ти биде подобро. Во суштина религиите ти продаваат „ветувања“, нешто налик на политичарите, што е разбирливо, затоа што и двете се создадени со намера да го контролираат обичниот човек.
Не си ме разбрал што пишувам.

Во суштина, егото на обичниот човек купува од религиите и политичарите, за да биде контролиран.А другите без его купуваат од науката, која ги прави слободни. Така?
 
Последно уредено:
Ајде те молам објасни ми како на 12 годишно дете кому се обраќа Исус на крстот. Само тоа објасни ми го.

Ајде те молам објасни ми како на 12 годишно дете кому се обраќа Исус на крстот. Само тоа објасни ми го.

Исус се обраќа на Творецот да им прости, да го спаси разбојникот на крстот до себе си и да му даде сила да ги издржи нечовечките страданија.
Не гледам грешка во тоа што боженственото кај Христијанската теологија има три инкарнации, Творецот, Синот и Светиот Дух. Тие се различни по својата природа но сепак се дел од Божанственото.
 
Слаткоречивост и подмуклост, тоа е опасност за понаивни, прескокни ме.
Овој совет треба себеси да си го дадеш во однос на Телемитите и мене :) Инаку што би зборувале јас и ти и би дискутирале за религиите?
Ништо.
Прескокни добро... бидјеќи не сакаш да дебатираш кога заглавуваш со глупости пишување за Телемити и се што е поврзано со Телема.
 
Не треба да се заборави придонесот во науките и технологиите, па ете првата преса за штампање била на христијанинот Гутенберг а прва испечатена книга а била Библијата.
Рољата во архитектурата е неспорна, политиката, културата па и самиот календар. Има многу за набројување, зборот ми е дека христијанството има многу придонесено за денешната цивилизација и не е во ред да се карактеризира со груби зборови.
 
Тоа што било прво штампано е реклама... на христијанскиот свет кога тогаш владеел со западот...
Да не заборавиме кои векови се тоа... „христијанинот Гутенберг“ е еден од многуте кои со ова ја поткопаа црквата и овозможија секој да може да биде писмен, ако му е волја, и да чита - не да слуша прераскажани работи.
Ренесансата исто и архитектурата - задскриени внесоа во уметноста и архитектурата симболи кои црквите ги мразеа и заабрануваа, а истите тие цркви плаќаа дебело да се направат храмови и уметнички дела...
И тоа ја поткопа многу црквата на Запад. Неминовно мораше да се развие науката за да може да се совладаат некои работи поврзани со сето тоа...

А штом падна таа, паднаа и другите малку подоцна - паднаа во смисла да немаат премногу влијание во општествениот живот на човекот. Денес се обидуваат да го вратат некако тоа чудно чувство дека ако не си ете православен христијанин ти не си Македонец.
Или ако не си православен ти си не знам што - најголемото зло на Земјата.

Така црквите христијански, а и исламската религија имаат контрола над луѓето: со тоа што оние што се веќе дел од нив ги убедуваат во сешто, да гио ставаат на маргините оние кои не се со нив, да ги обвинуваат и слично ... тоа не може денес да го правите, глупо е, подло е и не ве прави ништо посебни!

Не би требало прво вие кои сте христијани и писмени и полни со искуство, да дозволите на една неписмена багра желна за моќ и да имаат големо стадо, да го шири тој муабет бидејќи знаете подобро во однос на човештвото и неговата разноликост!
Не сме XVI век па попот да е најписменото нешто во селото/градот :)
 
@Хептаграм XI едно прашање до тебе.
Дали некогаш си му поставил прашање на верник од исламска вероисповед зошто прават сунет на мали деца без да ги прашат, без дозвола, оти нели кога ќе пораснат може да им се "налутат" на родителите!??
Ниту еднаш не прочитав некој недоличен коментар од тебе против таа вера нивна, се христијанството ти е во уста.
 
Да. Кога имаше муслимани на подфорумов. Сега останаа само многу форми на христијанство на подфорумот, зборувам за членови....

И не се лутат за тие прашања муслиманите. Дека им е направен сунет и потоа не се муслимани - и тоа го има. Не може да верувате од страв дека нема луѓе од муслиманско семејство кои раскрстиле со исламот - посебно таму каде што нема шеријатски закон.

Исламот проблем има со тоа што сака на база на света книга да се создаде правен систем и уредување на една држава, тоа го има и кај евреите...
Кој ќе им го дозволи тоа?
Некој ќе каже нивна држава. Ок ќе ја игнорираме и отфрлиме ако не може да пратиме жена кај нив како авторитет од наша страна, во сукна на штикли и убава... ќе ја каменуваат :D

Кога општо зборам за старите религии тука спаѓа и исламот. Кога нештото го опфаќа и него што е поврзано со христијанството додавам и ислам. Или само кажам старите религии: сигурно знаете кои се тие!
Кога имаше муслимани на форумов, дискутиравме и на Телема темата и на нивни теми, прашања за Исламот итн итн...

Но си заминаа изгледа премногу ги нервиравме со прашањата и не очекуваа „од страв“ да прашуваме работи кои се скокотливи :)

И јас дебатирам со верници, имам различен став и мислење за религиите од она што го дискутирам со вас тука... тука само го чепкам вашето реално заморување со религиите, бидејќи многу малку знаете и за сопствените религии, а уште помалку или ништо за другите! И тоа е лошо, бидејќи по се изгледа се убедени дека едното го исклучува другото бидјеќи „е најдоброто на Земјатѕа“.

Каков е тој недоличен коментар сега јас да прашам што јас го пишувам за христијанството, а не за исламот? :)
Повели одговори ми... или се е недолично ако е скокотливо и прашањето и ставот што го имам бидејќи не одговара на догмата на двете религии: ислам и христијанство? :)
 
Последно уредено:
Не си ме разбрал што пишувам.

Во суштина, егото на обичниот човек купува од религиите и политичарите, за да биде контролиран.А другите без его купуваат од науката, која ги прави слободни. Така?
Во суштина обичниот човек треба да биде контролиран, затоа и постојат тие религиите, а и останатите форми на групирање кои служат на државата/центрите на моќ.
Ако му кажеш на Пеце дека кога ќе скине конци завршува приказната, со среќа во негова контрола. Уште помалку ќе го натераш да отиде и да гине во име на држава/религија/национална припадност и што ти знам.
Целата таа приказна за вечен живот, рај/пекол, и тн. е само и само за контрола.
Автоматски споено мислење:

Не треба да се заборави придонесот во науките и технологиите, па ете првата преса за штампање била на христијанинот Гутенберг а прва испечатена книга а била Библијата.
Рољата во архитектурата е неспорна, политиката, културата па и самиот календар. Има многу за набројување, зборот ми е дека христијанството има многу придонесено за денешната цивилизација и не е во ред да се карактеризира со груби зборови.
Не смее да се заборави и рољата во војните, горењето на клада на научниците, неколку вековното затупување на светот и туркање во лер.
 
Во суштина обичниот човек треба да биде контролиран, затоа и постојат тие религиите, а и останатите форми на групирање кои служат на државата/центрите на моќ.
Ако му кажеш на Пеце дека кога ќе скине конци завршува приказната, со среќа во негова контрола. Уште помалку ќе го натераш да отиде и да гине во име на држава/религија/национална припадност и што ти знам.
Целата таа приказна за вечен живот, рај/пекол, и тн. е само и само за контрола.

Напиши / создади друга програма во матриксот, ако го разбираш како функционира. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom