Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Напиши / создади друга програма во матриксот, ако го разбираш како функционира. :)
Не значи дека е матрикс ако нема живот после смртта.
Повеќе држи вода ако го споредиш со машини/опрема, нема резервни делови, нема техничка поддршка, нема ажурирање, ако имаш среќа ќе гураш подолго, ако не ќе одиш во отпад порано.
 
бидјеќи не сакаш да дебатираш кога заглавуваш со глупости пишување за Телемити и се што е поврзано со Телема.

За што, а и зашто да дебатирам со тебе кога во текот на разговорот ќе одговориш дека е тајна, не е дозволено сите да ја знаат, чунки мислиш се работи за склопување нуклеарно оружје по дома. Истото го кажуваат и религиозните фанатици, со разлика што они не викаат дека одредени луѓе знаат, приклучи ни се и можеби ќе ја дознаеш " тајната".:гик:
 
Не значи дека е матрикс ако нема живот после смртта.
Повеќе држи вода ако го споредиш со машини/опрема, нема резервни делови, нема техничка поддршка, нема ажурирање, ако имаш среќа ќе гураш подолго, ако не ќе одиш во отпад порано.
@Lester Freamon ,за каква смрт зборуваш?
 
За што, а и зашто да дебатирам со тебе кога во текот на разговорот ќе одговориш дека е тајна, не е дозволено сите да ја знаат, чунки мислиш се работи за склопување нуклеарно оружје по дома. Истото го кажуваат и религиозните фанатици, со разлика што они не викаат дека одредени луѓе знаат, приклучи ни се и можеби ќе ја дознаеш " тајната".:гик:
До таму каде што сметам дека може да зборувам, јас зборувам... не ти спомнувам веќе тајна, само ќе престанам да зборувам, можеби ќе помислиш дека немам што да ти кажам :) Да ти убаво на душата...

Да. Има тајни. И ништо не знаеш бидејќи Е тајна, и ќе остане тајна... не може заради докажувања на проклет форум и со секакви луѓе, да дрдориме сешто само за да бидеме во право. Јас ќе дозволам да сум во грешка ако сметам дека нештата премногу се разоткриваат, а нема потреба од тоа...

Заради тајни ти и други, секакви верзии правиш дури и од едно христијанство и библија. Сешто зборуваш како ти мислиш дека се работите уредени....
Имаш маки како и сите други со авторитет, затоа си осамен во верувањата читајќи те по нетов... и за тоа си виновен самиот ти, ниту јас ниту некој друг...

Не, не можеш да се приклучиш никаде. Може да бараш да се приклучиш било каде, но дали ќе ти одобрат и прифатат - пак зависи од тебе. Разбери еднаш дека никој не моли за твоето присуство било каде...
Ти бараш, ти тропаш... па и во една библија пишува тропни... мора прво ТИ да тропнеш, не да те моли некој ко икона некоја :)
Па и потоа треба да се докажеш што човек си и од што си направен... боговите секакви не прават, треба да се провери секој штраф, секој зглоб, секој слој од човекот... дома секој би пуштил да ти седе на масата?
НЕ!
Исто е... дури и посериозно.

Ништо не разбираш ти, само трчаш наоколу и врескаш како „ти веруваш“ и како „ти си разбрал“ библии и религии. Не ни е грижа како веруваш (тоа е твоја работа), битни се делата - заради овие што ти ги нарекуваш фанатици... од нив се страда бидејќи погрешно разбираат, бидејќи следат сешто, бидејќи не сакаат авторитет, дозволуваат секој и сешто да им биде авторитет и забегуваат....
Тешко тоа да разбереш нели...?
 
Прекинот на живот на било кој организам.
Да знам во кој правец размислуваш.

Постојат неколку видови смрт
Онаа смрт кога човек живее не духовно, онака постои , ги следи своите нагони, го следи стадото, со еден збор тој е мртов.Или како што кажа Исус , остави мртвите да ги закопаат својте мртви.

Или смрт , кога преминуваш од една средина на постоење во сосема различна, тоа е онаа смрт кога човек се раѓа, живее во средина со вода, добива храна од друго место , тој е во светот ,но не е од светот, а кога ќе излезе или влезе во овој свет тој е во сосема поинаква средина со поинакви услови на живот.Преминот од една во друга средина е доживување смрт.

Има и помалку стресна смрт која се доживува под притисок на времето, кога од дете ќе преминеш во адолесцент(пубертет), детето е само сеќавање, онака како што се сеќавате за умрените.

Набројав неколку видови смрт.
Сега, за каков живот после смрт јас и ти треба да дебатираме, кога немаме исти разбирања за смртта?
 
Некои од овие форми на смрт не се ниту смрт. Само симболи. Што човекот ги смета како „умирање на старото“, а реално ништо не е променето, се е последица од претходни настани кои човекот сака да ги прикаже како „голем пресврт“ во неговиот живот.

Така да ќе дебатирате за смртта на физичкото бидејќи Исус за кој зборува воскреснал телесно, физички... така пишува во христијанската света книга: тој воскреснал телесно. Духовното е аут.... другото се метафори секакви муабети и водат кон мистицизам и понекогаш бладање.

Инаку нема да се разберте и нема да зборувате еден со друг :) Или ќе се обвинувате во стилот: ама јас друго ти зборувам ти друго разбираш....
 
Извини вака, ама не е лошо да го смениш дилерот.
 
Тогаш,да збориме за Адам?
Автоматски споено мислење:

Извини вака, ама не е лошо да го смениш дилерот.
??
Ако вакво мислење имаш за член кој зборува за тоа што ти и секој друг човек го доживеал , во иднина пред да ме цитираш првин ќе го прочиташ мојот потпис.
 
Последно уредено:
Не со тебе, тоа се еврејски учења за кои ти немаш знаење, премногу си индоктриниран од христијанската библија...
 
Последно уредено:
  • Хаха
Reactions: alf
Извини вака, ама не е лошо да го смениш дилерот.
Ова, кога ќе се потрошат аргументите, па се расфрламе со навреди?!?
Добро е, барем да знам со кого да не дискутирам.
 
Истото што го зборам ви го кажал Исус,не си прочитал.....

37. но, како што беше во деновите на Ноја, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки;
38. оти, како што во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа до оној ден, кога Ное влезе во ковчегот,
39. и не узнаа, додека не дојде потопот и истреби сè, – така ќе биде и доаѓањето на Синот Човечки

Што мислиш, зошто Исус своето второ доаѓање го споредува со потопот и влегувањето на Ное во ковчегот?

Младиќу,
ем „толкуваш„ погрешно, ем поставуваш уште попогрешни прашања, како производ од погрешното ти „толкување„.

Намали малце...

А она кое Исус го вели е следното; дека пред Неговото второ доаѓање, најголемиот дел од луѓето ќе си „тераат„ само световен живот, заборавајќи Го Бога, исто како што било и во времето од праведниот Ное (кој ги канел тогашните луѓе во арката, за да се спасат, а поканетите само го исмејувале, неверувајќи му дека ќе падне јак дожд и се‘ ќе убие!), па кога Христос ќе дојде пак, за да ни суди, тогаш од Судот ќе се спаси само мал дел од родот човечки, како што малкумина се спасија во Ноевата арка, бегајќи од Потопот.

Во случајов, второто Христово пришествие е споредено со Потопот.
 
Разбирам дека секоја приказна ја разбираш како историски настан , со временски редослед на настаните.....

Но,повеќето приказни се искажани со вон вренско расудување.
Од Адам , Ное ,Самсон, Мојсе ,па до Исус, сите тие приказни се настани во кој ти учествуваш.
Свати го тоа како приказна за годишните времиња и нивните промени во кој ти си сведок за нив.
Со таа разлика што временските промени ги гледаш и разбираш,знаеш која временска сезона доаѓа после пролета.дека во оние од библијата се промени кој се случуваат внатре во тебе,но никогаш не се набљудуваш самиот себе и не ги забележуваш на промените.

Разбери дека Адам , Ное,Самсон ,Мојсе до Исус се внатрешни метафорични ликови (не имиња на луѓе) на духовна промена кој ги доживува човек.
Затоа Исус го споредува неговото второ доаѓање со приказната за Ное бидејќи означува идентична духовна состојба искажана со различна содржина и различни имиња на ликови.

Арката е во вас исто како што е царството божјо во вас, изгради го, не барај со очи знак на небото за некој спасител, ниту ѓавол да видиш.
За ова да го направиш, услов е да имаш чисто срце,младиќу.
 
Ако вакво мислење имаш за член кој зборува за тоа што ти и секој друг човек го доживеал , во иднина пред да ме цитираш првин ќе го прочиташ мојот потпис.
Независно каков ти е потписот, со дискусијата само си губиме време.
Ова, кога ќе се потрошат аргументите, па се расфрламе со навреди?!?
Добро е, барем да знам со кого да не дискутирам.
Јас досега не видов апсолутно никаков аргумент од страна на религиозен човек, врати се на мислењата и ќе ти стане јасно зошто 15 мислења се вртиме за која смрт станува збор.
 
Независно каков ти е потписот, со дискусијата само си губиме време.

Јас досега не видов апсолутно никаков аргумент од страна на религиозен човек, врати се на мислењата и ќе ти стане јасно зошто 15 мислења се вртиме за која смрт станува збор.
@Lester Freamon , за да дискутираш за религија треба да имаш духовно искуство , пат кој ти си го изодел.
Ако немаш духовно искуство, секоја прочитана духовна книга ќе биде со безброј прашалници.
Тоа му доаѓа како да читаш како е да си старец, но тој период уште за тебе не дошол.Па колку и да прочиташ книги кој опишуваат состојба на старец, тие ќе ги разбереш тогаш кога ќе влезеш во тоа доба од животот.

Така е и со смртта.За тебе постои една смрт, нормално не искусена.
Додека јас набројав неколку , за кој ти сеуште не си се сетил.
А мојот потпис е тоа.
Memento mori.

Остај Хепта што зборува, нивната филозофија и "духовен" пат го градат со плукање по христијанството.
Затоа не му одговара дебата за смртта.
Во приказната за Адам се спомнува таа поинаква смрт.
Оној ден кога ќе вкусиш од забранетото овошје ќе умреш!
Вкусил, но која смрт ја доживел кога знаеме дека после тоа продолжува приказната со бркање од рајската градина?
Значи не е таа смрт која е фиксна во твоето расудување, постои и друга.

Ги набројав неколку.
Одкако ќе се сетиш на нив (тоа е тој пат кој треба да го изодиш)дојди тука и барај аргументи од религиозните луѓе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom