Пророкот
Ќе ме биде...
Ако веќе почнуваш ... Црквата е телото Христово , тоа се сите луѓе кои го прифаќаат Христовиот дар за спасение и го следат Христовото учење.
Црквата денеска е многу повеќе од тоа што е напишано во Библијата..
John 2:13-16
Since the Passover of the Jews was near, Jesus went up to Jerusalem.
He found in the temple area those who sold oxen, sheep, and doves,as well as the money-changers seated there.
He made a whip out of cords and drove them all out of the temple area, with the sheep and oxen, and spilled the coins of the money-changers and overturned their tables,
and to those who sold doves he said, Take these out of here, and stop making my Father’s house a marketplace.
Кога кажав "повеќе" мислев на - службата на црквата се наплаќа..
Тоа е против сите негови учења.
Ај вака...
Да Црквата е тело Христово, односно живи ликови кои стапуваат во заедништво со својот Бог и Спасител, односно и со Црквата Небеска истовремено.
Црквата е токму она како што е создадена, а тоа што денес е „поинаква„, односно не е буквално истата како почетната, тоа е производ од нејзиното битисување низ историјата, во која Црквата ја има (до)прецизирано и својата членска структура и своето учење.
Наведениот стих си го промашил 100%. Во стихот, Христос ги осидива и растерува присутните во храмот Ерусалимски, затоа што Евреите го претвориле во пазар, буквално, користејќи го храмот не како место за молитва, туку како место за купо-продажба на животни, кои подоцна би биле користени за крвни жртви.
Тоа дека Црквата денес наплаќа (а во контект од посочениот стих) е само твој став (пак погрешен...), затоа што во раната Црква, сиот материјален имот кој верните го поседувале, го дарувале на Црквата (заедницата) после нивното пристапување кон Црквата, како покајници односно членови во истата таа Црква. Управувањето со подарениот имот од страна на верните, доверено им е на поедицни кои биле личности од доверба и кои со заедничиот црковен имот управувале чесно.
Тоа што денес во Црквата постои тарифник, тоа не е никакво зло, оти свештенстово живее од својата служба и не смее да има друг приход од друга активност.
А во меѓувреме, потсети се кое Израилско племе ги даваше Еврејските свештеници и од што живееја тие свештеници...