Пророкот
Ќе ме биде...
Јас убаво реков: ако експериментот не води кон внатрешно надминување и надворешно туку раѓа стерилност во однос на себе и другите - е догма и ништо повеќе. Догмата не дава вистина, таа е инструмент на касапење, начин секој да може да падне во калапот - а тоа, не смее да се дозволи...
Ај да не се повторувам, ама морам...
Внатрешното/духовното надминување се состои во отфрлање на сето зло од себе и стремење кон чиниење на секое добро, согласно волјата Божја. Надворешно надминување не постои, оти човекот е и створен и ограничен и не може со своите сили да ги надмине ограничувањата кои му се зададени.
Догмата е вистина сама по себе и е корисна во животот од верните во Црквата, како неменлива категорија во која може да се има потполна доверба.
Во Црквата не постои „експериментирање„, оти патот кон Бога е еден и ни го даде сам Бог.
Автоматски споено мислење:
Не постои движење кон бога во православието. Тоа е лага и не сакам да ме лажеш. Не те силувам да не веруваш во догми, не те силувам да не веруваш, да не си догматски расположен - но со вакви глупости пишување за православието за да му дадеш шмек - батали. Не постои цел која ќе го оправда ваквото лажење, дури и да лажеш заради Христос.
Постои движење и тоа како. Јас не те лажам, доволно е што самиот себе се лажеш. Во Црквата нема место за лагата, оти е лесно проверлива.
Автоматски споено мислење:
Не може да има движење во догматски учења кои не сакаат промени и доктрините им се заковани на крст без да може да се движат.
Така да, вакви изјави меѓу твоите, мене ме иритира кога некој ме лаже и се обидува од нешто догматско да направи сончев мит дека е добро и полезно за секој. Православието не е за секој, затоа и не може секој верник да крева прст кон друг и да го нарекува со погрдни зборови или пак осуда на база на... верување во догма.
Во Црквата, промената се состои само во проеманат во умот од верникот-да се ослободи од злото во себе и да тргне по патот Господов. Надворешните промени се небитни, оти Светот лежи во зло и има свој кнез.
Православието е за секого, оти Бог ни остави само едно учење, кое се наоѓа во Неговата Црква. Надвор од Црквата, може да постои било какво друго учење, ама нема да биде Божјото.
Автоматски споено мислење:
Што се менува со секоја генерација?Човејкот. Ако човекот се менува - се менува и божественото. Без човекот нема богови!
Затоа и сите сказни за потопи и казни никогаш не прекинуваат заради исчезнување на човештвото.
Ние, луѓето, сме нужност на божественото. Не оди едното без другото, на Земјата![]()
Во секоја генерација се менува нејзиниот светоглед, согласно проемнтие во човековите сознанија за светот и животот. Таман работа ако сета своја вера и надеж ги арчам на менливи нешта...
Човекот се менува само ако доживее промена во умот (преумување/покајание/метаноја). Без таа промена, човекот си останува „грешна земја„ која во земја и ќе се врати.
Автоматски споено мислење:
Змијата е променливост, како што е и нејзиното движење низ пустината низ која нема патеки и малкумина ја поминуваат...
Затоа змијата „зборува“ со Ева, а не коњот или желката...
Змијата е симбол за лукавиот, оти преку неа Сатанаил ги излажа нашите прародители. А што е змијата во овоземните мудрости, ако не е прикривање на лукавиот во разно-разни привидно религиозни учења, каде Сатанаил му се објавува на човекот преку веќе познатите „облици„.
Последно уредено: