@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115


Искористете ја шансата за производство на стевија бар додека МК сеуште не е во ЕУ , бидејќи со законите на ЕУ ја забрануваат:Još malo glupih zakona pod utjecajem EU. Ako ste ikad željeli vidjeti grupu stvarnih zombija, pogledajte vladu koja bez razmišljanja kopira zakone. Kad bi se posmatrao ovaj izolirani slučaj, dobio bi se utisak da sa EU vlada farmaceutska industrija, šira analiza kaže: korporacije, a dublja: uska grupa koja posjeduje korporacije, medije i glavne političke stranke. Još jednom slatko obećanje je prevarilo ljude:"Biće vam bolje u EU." A realnost već sad postaje zabrinjavajuća, kao vampir koji otvara vrata dvorca gostima koji žele da prenoće. И видеото
Инаку;
Стевија е растение од Парагвај кое е најздравиот природен засладувач бидејќи не содржи калории, го намалува чувството на глад и не предизвикува кариес. Со оглед дека се ближат новогодишните и божиќните празници, можете слободно десертите и колачите да ги засладите со стевија.
Освен што поволно делува на здравите луѓе, особено е добра за сите кои се заболени од дијабетес тип 2. Имено, испитувањата покажале дека бескалоричната стевија со низок гликемиски индекс ги засладува јадењата без да се искористува од страна на организмот, како што е случај со останатите шеќери. Со тоа, се осигурува константно ниво на гликоза во крвта и се избегнуваат нејзини ненадејни осцилации.
Стевијата е одличен избор и за сите оние кои мака мачат со вишокот телесна тежина. Како дополна на тоа, стевијата има состојки кои имаат способност привремено да го блокираат чувството на глад. Понатаму, се покажало дека освен што содржи слатки стевиозиди, богата е и со витамини А и Ц, железо, калциум, натриум, калиум, магнезиум и цинк.
Се употребува во индустријата за храна и пијалоци, бидејќи може да ги замени вештачките засладувачи. Стевијата се користи во медицината во превенција на дијабетис, бидејќи глигемискиот индекс е нула. Содржи калиум, калциум, бакар, железо, манган, протеини, бетакаротен, танини и етерични масла.
Делување:
Хипогликемиско: доколку гликозата во крвта е покачена, со консумирање на стевијата, ќе се намали
Кардиоваскуларно: Консумирање на листови стевија ја подобрува работата на срцето, крвен притисок, бубрези и црн дроб
Антимикробно: во биорба против грип, настинки, инфекции, кариес
Дигестивно: сушени листови се варат и се подотвува чај, кој служи за намалување на калории,, враќа апетит, варање на храна
Дерматолошко: делува на некои болести на кожата, акни, изгореници
Во текот на минатите две децении се врзуваа и определени сомневања за канцерогено делување на една од нејзините состојки. Со оглед на тоа дека по извршените безброј испитувања не е потврдено такво делување, денес е прифатена и во САД и во неколку други земји како природен засладувач. Во ЕУ сѐ уште има резерви кон неа и се класифицира како диететски производ и може да се најде само во билните аптеки.
Но, и во Европа почна да се менува ставот кон ова прашање. Франција е првата земја која дозволи употреба на 97% чиста стевија во прехранбената индустрија. Со оглед на тоа дека и другите европски земји ќе ја следат, може да се очекува стевијата набргу да завладее и со нашите пазари.