Доживувања по патиштата-среќи и несреќи

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Има на сите појаки форуми на балканов овакви теми за Доживувања на патиштата,бар ја кај што сум читал.Конкретно на fiatisti.hr,и fiat srbija forum.Мене ми е интересно,затоа и меѓу првите напишав,искуства,случки,у секој случај интересна тема,само слабо пишување има.

Јас не сум отворил на друг форум ни овде, не пак таму.
Како да отворам српски форум(посебно ме интересира за „забавна “музика од 60-70г)
ако знаеш некој адреси,пиши. Или нешто како оваа наша Кајгана.
Еве да искористам да спомнам и за оваа несреќа.
Порано одевме многу на одмор во Грција.Се трга рано сабајле во 3-4 саат. Возам јас така за таму и веќе се разденило некаде пред гевгелиските села.Гледам на патот срце,
тазе срце крваво пред мене. Чудно што на патот неможеше судар да видам или удрени возила. А нешто се случило само неколку моменти пред јас да наидам.А имаше нешто нечистотии на патот и стакло.Беше местото пред некој мост.Свртев поглед кон лева страна ја немаше оградата,тоа некој шлепер ја пробил и отишол доле,веројатно и некое друго тешко возило.Но возила веќе други пристигаа од двете страни и застануваа.
 
Не отворам за музика,95% од форумите што ги посетувам се за автомобили.
 
еее чичко Анчо, чичко Анчо, да не си бил тогаш "Шупелка" срцето ќе си го скриел, ќе си го продадел на црниот пазар и наместо да седиш сега на кајгана да го тупиш, ти со две пичици ќе си лежеше во џакузи некаде далеку од оваа смрдлива Македонија.
 
Picture 1129.jpg денес наутро во 5,30 часот пред дирекцијата на славија,
овој си решил да прави тркале-бале со новиот голф (бар така изгледа)
јас бев каршија и возев велосипед,па излезе низ прозор и се чуди што станало.
------------------------------------
Приказна од 70 години од минатиот век.
Возам исто така велосипед на бивша и сегашна Илинденска,тогаш со оние ниски дрва со крошни и гранки што висат.Возам на тротоар,покрај дрвата. Нешто зашкрипи позади.Пред мене се сврти една кола и застана на кров.Застанав и јас веднаш позади колата.Човекот-шовер излезе од колата и поминува покрај мене и вика: „Каде е жената“ и се ѕвери надалеку. Во колата имаше деца и вриштеа. Но тој ни еден момент не се сврти кон колата,беше така лут и ја бараше жената,која веројатно му излегла пред кола на улицата.Изгледа таа влегла во некој влез не ја најде.Си заминав
Од некаде ми беше познат човекот но не можев да се сетам.
Подоцна на една слава во едно село повторно го видов и веднаш го препознав
МОЈОТ ИНСТРУКТОР за вожња што ми даваше часови за полагање на возачка.
 
Picture 1610.jpg .Picture 1611.jpg Picture 1607.jpg С-Е-Н-Д-В-И-Ч
Пред малку во Автокоманда на мостот,да ви кажам како се осеќа а да си внатре в кола...
На семафори,црвено светло-застанува напред шлепер па колата-па овој што не запира.
 
во принцип возам тешки коли... тоа ми е кејф, а и доза на сигурност имам. возам мноооогу... кога ке кажам многу, значи стварно многу. јбг, работата ми е таква, па на годишно ниво проаѓам помеѓу 100 и 150.000 километри... аналогно на тоа повеке од нормално е да има дешаванки и да гледаш ако не друго такви моменти секако непријатни... колку и да пазиш секогаш ке се најде некој кој не пази...

сликава од погоре со пунтото ме потсети кога на времето возев фичо едно... се најдов и јас во таква ситуација, само не од напред и позади туку од страните... едноставно ме стиснаа меѓу 2 возила... на самата кривина што доаѓа позади рамстор во центар (јужен булевар, тогаш рамстор не постоеше), во колона во правц кон задниот влез на државна болница, испозастанати возила, меѓу нив и еден камион на самата кривина. јас возам кон јужен булевар во спротивен правец... еден манга ме претицува од внатрена страна (поголема глупост немам видено) и тоа во мојата лента.. нели, он вози бесно ауто а јас фиќо, па аналогно на тоа он е побрз и таквите како мене, мора да се престигнат, не за друго туку да се покаже големината на ку*от... на самата кривина му излизгува колата, ме удира мене и ме нагмечува во камионот... браникот од камионот длабоко навлегува во хаубата од фиќото, од моја лева страна-возачка, шофершајбната пука во сол, а од десната страна сувозачката врата со се крилото предно и задно влегоа за 10-тина сантиметри внатре... практино целото фиќо се извитка и издеформира... среќа на мене ништо.. среќа велам... нај гадниот момент беше што никако неможам од кола да излезам... после еден куп маневри успеав да го поместам фиќото и да излезам надвор...

ТОГАШ РЕШИВ дека замоја лична безбедност а и на моите што се возат со мене, треба да се вози нешто по цврсто, па макар и постаро... ионака фичото беше во аут, тоа не се оправаше никако, следна кола ми беше форд гранада. е со нејзе јас имам удрено еден сузуки свифт. во истиот комшилуук, влегувам на паркингот на ресторант ПОБЕДА, спроти пошта 2. од постарите членови знаат каде е тоа, а за помладите појаснувањето е дека сегашен рамстор е на местото на таа пошта. немајки паркинг, понав да се враќам во рикверц, а пред мене имаше паркирано фијат купе (на гроздан беше тоа фијатче) и во него зјапам а идам во рикверц праволиниски без да приметам дека позади мене излегол еден со сузуки свифт... како сум го опалил пуна, без кочење.. ступот 15 сантими внатре му влезе... со ќошот од браникот во стуб, со куката во задно тркало... свифтот се прекрши, на кров се свитка, задното тркало му отиде под агол од 45 степени навнатре, и предно и задно стакло му пукнаа заради деформацијата, а на мојата кола СЕ ОДЛЕПИ ГУМАТА од браникот... си ја залепив со неостик...

јап... и ден денес возам тенкови, посигурно се чуствувам во ниив...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom