Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    758
Група хакери познати под името КиберБеркут провалиле во кореспонденцијата на министерот за внатрешни Аваков и откриле дека зад смртта на Александр Музичко, убиениот лидер на Десниот Сектор, стои Дмитри Јарош чија цел била да ги обвини припадниците на единицата Беркут за убиството.

Дмитриј Брук
все понјал
суббота, 29 марта 2014 г. 20:04
Дмитриј Брук
Арсен Борисович! Важное. А.П. готов вывести правыј сектор из днипро. јар согласилсја, но только с оружием. Там будет много прессы, а там у них снајперки. Шума не избежать. Их бы уговорить оружие потом вынести. В сми разојдетсја, не надо бы, ја просто предупредить
Арсен Аваков
суки опјать подставлјајут ја подумају
Арсен Аваков
воскресенье, 31 марта 2014 г. 18:11
Привет. ты сделал? вышли мне жду
Дмитриј Брук
Все готово шеф высылају
вторник, 1 апрелја 2014 г. 17:45
Дмитриј Брук
Арсен Борисович, беспокоју по беркутам. Узнал, что јар не соглашаетсја, хочет 5–7 человек и објазательно их ротного закрыть. он не успокоитсја видимо и будет нас за билого еште долго доить. пресса планируетсја, а материалы только на двух подготовили, ја знају. Пусть прокурорские и на других беркутов что-нибудь подготовјат или все перенести на день. ја беспокоју, потому что прессу заранее надо предупредить.
Арсен Аваков
знају с наливајкој что-нибудь придумају сообшту дату менјать уж нельзја, но со сми подожди пока брктов отдаддим јар заткнетсја ты прессу настрој правильно
понедельник, 7 апрелја 2014 г. 14:19

http://rusvesna.su/news/1398160011
 
Да речеме дека си во право, начините на кои тоа се прави се разликуваат дијаметрално, затоа побарав да ми ги наброиш работите кои западот и ги понуди и даде на Украина.
Долгорочни можности за партнерство со ЕУ....толку.Колку корист ќе имаат Украинците од тоа во наредните 10-20-30-50 години тоа е друга работа.
На крајот на краиштата тоа не менува ништо и двете страни пробуваат да ја приберат Украина под свое крило.
Ни опциите кои ги понуди Русија не се нешто.

Неточно и згора на тоа изедначуваш дијаметрално спротивни опции кои им беа понудени. Со релативизирање и изедначувањето им правиш услуга само на едните.

Што е неточно дека Русија и понуди откупување на обврзници на Украина ? Тоа е форма на задолжување што и го понуди Русија на Украина. Тоа е стандардна форма на задолжување и е многу слична со кредит.
Никој,па ни гуд гај Раша не дава 15 милијарди тек така.

Siluanov added that the bonds will be placed on the Irish Stock Exchange under English law with 5% interest per bond.The bonds will mature in two years.On 23 December 2013 Siluanov stated that Russia would not be trading the bonds. Russia can demand early repayment of the loan at any time.

Значи обврзници со 5% камата со рок на достасување од 2 години и можност Русија да побара исплаќање и порано.
Ова баш и не е нешто за фалење.....краткорочен фикс кој има само за цел да ја направи Украина уште позависна од Русија од што е.
Единствено тоа со поефтиниот гас е некоја придобивка,но тоа исто така има и ефект да ја направи Украина уште позависна од рускиот гас и не постојат гаранции дека Русија нема да може да ја крене цената кога ќе и се присака пак.

Спореди ја оваа ситуација со Русија и што ќе останеше од неа доколку се самоубиеше, што ќе се случеше со главното црноморско пристаниште кое ќе послужеше како нова база на непријателот кој во наредната фаза би ја искористил против нив.
Како би му помогнале на својот народ кој живее на тие простори доколку се откажеа од него, требаше да стојат на страна и да гледаат како националистичките индокринирани копилиња ги измачуваат, омаловажуваат и им прават пекол од животот?
Како би се оправдала за тоа било која власт во Москва?
Веднаш би била срушена, а немаме појма кој болен ум дури тогаш би дошол на власт.

Затоа Русија ја направи вистинската одлука.
Кој непријател ? НАТО ? Мајдановците ? Без патетики жити све.

Базите со договор Русија најамалку ќе ги имаше уште 30тина години.....нит се мајдановците вечни ( што уз малце попаметна политика на Русија можеа тие да го испушат на избори сега во мај),а нити проближувањето на Украина кон ЕУ значи членство во НАТО.
Русија самата го турна остатокот од Украина од себе и сега со овие ште се бунтуваат пробува да направи некоја своја Република Српска во Украина и преку нејзе да влијае и да го блокира останатиот дел од Украина.
Каква и да излезе Украина после ова Русија ќе добие уште еден противник на граница и само Лукашенко ќе и остане како тампон зона.

Земањето на Крим е само уште 1 во низата чекори кои доведоа до ова што имаме денес таму. Русија како и западот имаат голема одговорност за тоа што сега се случува тамо и не може да биде амнестирана. Не судам кој повеќе вмешувал прсти и кој е поголем кривец,но Русија е далеку од позитивец во оваа приказна и таа има удел во распалување на целата ситуација.

Мајдановците,т.е тие од десен сектор, самите украинци за некое време ќе ги решеа...вака уште повеќе ги напалија и им дадоа крила.
Сега секој украински националист и радикал може да кажа ете ги русите,ни земаа дел од државата,сакаат и уште да ни земат, да не направат слуги .... бла бла бла и да дејствува.

Еве ти малце факти:
1. Јанукович не употреби вооружени сили, единиците Беркут немаа ниту дозвола за оружје.
2. Јанукович не користеше паравојски против својот народ.
3. Јанукович ги потпиша сите услови на опозицијата која после ова го изигра и дополнително ги ополномошти своите наци сквадрони да прават ’ршум низ Украина ловејќи “московити“ и забранувајќи го рускиот јазик и ред други работи.
4. Јанукович не ја одби тек така ЕУ туку побара од нив подобри услови од тие што ги нудеа Русите - тоа не се случи
5. Автобусите со паравојските кон Крим не ги упати Москва како прва
6. Немаше изјави за стрелање на Украинци и дерење на нивната кожа во Руската Дума, за разлика од новата нелегална власт која смртно им претеше на пратениците кои говорат руски и на рускиот народ кој брои цели 10 милиони во Украина
7. Крим е зазеден без насилство, мнозинството се изјасни на референдум
8. Низ Украина владее самоволието на паравојските од разни фракции
9. Се поттикнува омразата кон Русите
10. Засилено се напаѓаат и понижуваат Русите
11. Привремената власт ја праќа армијата со најтешко можно вооружување да пацифицира просивени “терористи“ на 50-60 години и стомаци до колена
12. Украински војници дезертираат и неколку илјади преоѓаат на спротивна страна
13. Хунтата повторно е приморана да ги користи паравојските кои криминално ги овластува да убиваат Руси.
14. Хунтата дури ги повикува и Беркутите кои им беа нели најозогласени непријатели да се борат на нивна страна
15. На површина излегоа снимени разговори за тоа кој стоел зад снајперите на Мајдан - никој не сноси одговорност
16. Наместо да воспостави дијалог со Москва, хунтата милитаристички се заканува иако е далеку послаба за да изнуди реакција - што покажува колку добро му мислат на својот народ
17. Американски дипломати седат на чело на хунтата и им кажуваат што да прават
18. Ги охрабруваат да ескалираат со воени дејствија - повторно укажува дека гајле им е за народот
19. Ја задолжуваат Украина со дополнителни 17 милијарди евра во текот на најголемата криза!
20. Не го почитуваат договорот од Виена и повторно како со Јанукович така сакаат да ги измамат и Русите и спротивно од договореното продолжуваат со “чистење“ на теренот
21. НАТО офицери во извидница под ознаките на ОБСЕ
22. Нема никакви повици од западот кон Киев да ја запре акцијата и покрај големите жртви
23. Постојано воведува некакви санкции кон Русија и приморава прилично блиски земји на Русија да земат позиција против нив
.....
можам да продолжам....
Иако не гледам зашто си се мачел да пишуваш 23 точки и каква врска тие имаат со тоа што си цитирал над нив,но ќе реплицирам.

1/2 Јанукович не употреби сила затоа што не ни можеше реално.Толку му беше силата на него.....него и воениот врв го издаде. На крајот од краиштата не бараа мајадановците отцепувања,федерализации и сл. бараа смена на власта.
3. Тука си во право...и затоа викам. Пичка им материна на сите што буцкаа и што доведоа до ова. И на Јацењук и на Кери и Обама и Нуланд и Јанукович кретенот пред нив и Путин итн. Инаку каде е забранет рускиот јазик во Украина ?
4. Де факто ја одби.... знаеше дека тоа е тоа што ќе добие. На крајот од краиштата он мораше тука да распише избори или референдум да види што народот сака. Он доби избори ветувајќи и приближување кон западот меѓу другото.....премногу важно ветување,од историска важност за една нација за да каже пу пу не важи и уз големо противење на голем дел од народот да оди и да потпишува договори со Русија. Тука е одговорноста на Јанукович.
5 ?
6. Да.....и тоа се глупаци и затоа имаат и тие голема одговорност за сите срања во Украина.Иако пробаа да смират малце после и да намалат со глупостити веќе си шибнаа автогол и на Русите им доадоа повод.
7 Што е тука посебно важно ? И албанска војска да влезе во Дебар преку ноќ и да се укопа и да закаже рефрендум исто ќе пројде и што сега ?
8. Освен во регионите и градовите каде што има бунтови секаде е business as usual низ Украина. Дојдена е техничка власт ќе има сега избори и чао пријатно.
9 Со дел од постапките и самите си навлекуваат дел од нејзе.
10. ?
11. Па нека се тие стомаклии од 50-60 години,ако се со пушка и бара припојување кон Русија тие си ставиле мета на своето чело. Не знам што очекувате,да седат и да ги гледаат,поготово после тоа со Крим ?
УЧК да го земе Гостивар би ти било чудно некој да ја прати АМР ? И Албанците таму се македонски граѓани и меѓу нив има 50-60 годинишни седи стомаклии.
Војската не ја пратија да ги тепа цивилите, војската ја пратија за маскираните и наоружаните кои ги контролираат градовите.
12. Која е поентата на фактот освен чисто набројување и пумпање на точките ? И Талат Џафери дезертираше од АРМ и прејде на другата страна.
13. Сите тие се овластени да убиваат вооружени групи на териројата нна Украина кои го загорозуваат нејзиниот територијален интегритет,целовистост и унитарност.
14 Уште една лекција за нив дека прво треба да скокнеш,па да кажеш хоп.
15. Не е точно дека е кажано кој стои зад снајперистите. Во разговорот естонецот кажува што слушнал од некоја медицинска сестра дека раните биле исти или слични кај двете страни.После тоа наеднаш излегуваат на тв перфектно темпирано беркути кои даваат слични изјави.....
Тоа на никој суд на светот не би бил никаков доказ освен за тоа дека руските тајни служби работат со полна пареа и точно ги темпираат објавувањето на снимките за да фрлат сомнеж кон некого во зависност од тоа што им треба во моментот да дискредитираат (што е сосема очекувано и нормално...).
Навистина снимката фрла сомнеж и би била основа за понатамошна истрага,но тоа не е никаков доказ за тоа кој стои зад снајперите.
16. Кој дијалог да го воспостави ? Ем им го дрпнаа Крим,ем ни самите не се нешто расположени за дијалог.И Путин сам кажуваше дека не преговара со нелегална власт и дека само Јанукович е легален претседател на Украина.
искрено понатаму ме мрзи да ти одговарам......

Украинскиот народ тоа го сакаше онака вистински, но по се изгледа на нивните корумпирани елити како што кажавме многу пати,тоа не им одговара бидејќи вложиле превише средства во тоа да извлечат најголема корист самите тие, а не народот.
Па,ако било тоа што сакал украинскиот народ зашто Русија пробува да ја повлече Украина во својот блок ?

Кои се тие според тебе?
Локалци се најверојатно,но дека така облечени,маскирани и опремени се собрани спонтано и случајно без некој да ги организира како што се тврди овде тоа мало морген.
 
Се убаво аргументите труперче, ама муабетот дека Русија купила обврзници за да ќари е смешен. Купување на Украински обврзници во моментот, држава која моментално сигурно има кредитен рејтинг C a може и подолу, е сигурна инвестиција во неповрат. :D Со други зборови Русија би им подарила 15b на Украинците. :D
 
Не мора да значи....ќе си наплати Русија тоа порано или покасно :D
 
Не мора да значи....ќе си наплати Русија тоа порано или покасно :D
Ќе беше проблемот ако не го конвертираше долгот во обврзници и побараше да го наплати долгот кога достасал. До сега Украина доби неверојатна 1 милијарда финансиска помош(долг), додека тоа што Русија и одложи долг од 15 милијарди е лоша работа и лоша услуга? Мислиш ЕУ и ММФ на лепе очи ќе и ги дадат?
Гледај го документарецов: https://www.youtube.com/watch?v=hA736oK9FPg

Првиот удар за украинците од Русија е покачување на цената на гасот кој го добиваа по привилигирана цена, тоа е тежок удар за целата економија, тек сега ќе видат Украинците што значи "демократизација".
 
Samo citiranje i tresenje zeleni.Realnata situacija nikoj ne ja opisa.Imam prijatel Ukrainec i mi rece deka Krim sekogas bil so mnozinstvo rusi i deka toa sekako deka go vladeele Rusite.Problemot e sto tuka samo se prepukuvate eden so drug,Pro ruski ili Pro evropski/e isto sranje.
Sa,p narodot strada a nekoj zarabotuva pari.Razdeli pa vladej.
Dali nekoj ja znae momentalnata situacija sto i kako se slucuva tamu????
Mislam deka samo site sme informirani od mediumite sto se samo lagi
 
Не мора да значи....ќе си наплати Русија тоа порано или покасно :D
Не беше тоа муабетот, они ако сакаат и пола Украина ќе ја земат а не пак да наплатат. Помошта која ја добиваа/т Украинците е многу поголема од тоа што ќе го добијат(ако) од ММФ/ЕУ. Гас по привилигирана цена? Не смееја со тоа да се зафркаваат. Замисли случајно у блиска иднина Русите да им стават царина на нивните производи, замисли украинските производители на оружје/делови да нема на кој да продаваат, у краен случај замисли без да гас да останат некој период и да умрат. И за шо сето тоа? За некоја замислена иднина у која украинските курви легално ќе емигрираат и ќе се ебат низ цела европа. Не дека Русите им мислат добро, ама дефинитивно западот и посебно тие што се сега на власт у Киев и мислат само лошо на државата, пошто од ова сега нема враќање назад. Чоек без море ќе останат, алооо. Поглуп народ немало досега.
 
Украина немала море. Северниот брег на црното море бил под контрола на Русија, барем во овие 150тина години. Доволно говори фактот дека во црноморските области живеат руси или украинци кои зборуваат руски.

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Ќе беше проблемот ако не го конвертираше долгот во обврзници и побараше да го наплати долгот кога достасал. До сега Украина доби неверојатна 1 милијарда финансиска помош(долг), додека тоа што Русија и одложи долг од 15 милијарди е лоша работа и лоша услуга? Мислиш ЕУ и ММФ на лепе очи ќе и ги дадат?
Гледај го документарецов: https://www.youtube.com/watch?v=hA736oK9FPg

Првиот удар за украинците од Русија е покачување на цената на гасот кој го добиваа по привилигирана цена, тоа е тежок удар за целата економија, тек сега ќе видат Украинците што значи "демократизација".
Работата е нека одлучат самите украинците дали ќе се тргнат од Русија со последиците што доаѓаат уз тоа и ќе се свртат кон западот.На крајот од краиштата ЕУ - Русија не е дилема за во наредните 2-3-5,па ни 10 години,......тоа е одлука која ќе влијае со децении и децении.
Со тој договор Украина одма би паднала дефакто во блокот на Русија и тоа само со еден краткорочен фикс.И тој договор Јанукович го потпиша на своја рака без да види што народот мисли за тоа.
Влади паѓаат и за помалку .

Ниту ЕУ,ниту ММФ не им даваат пари на лепе очи - нешто што никогаш не го реков,но ни Русија не им ги дава туку така милијардите што е мислењето на многу луѓе.....
И двете страни се грабаат за Украина и земјата е јебена странка затоа што само за нејзе не си поделиле во чија сфера ќе биде.[DOUBLEPOST=1399157647][/DOUBLEPOST]
Не беше тоа муабетот, они ако сакаат и пола Украина ќе ја земат а не пак да наплатат. Помошта која ја добиваа/т Украинците е многу поголема од тоа што ќе го добијат(ако) од ММФ/ЕУ. Гас по привилигирана цена? Не смееја со тоа да се зафркаваат. Замисли случајно у блиска иднина Русите да им стават царина на нивните производи, замисли украинските производители на оружје/делови да нема на кој да продаваат, у краен случај замисли без да гас да останат некој период и да умрат. И за шо сето тоа? За некоја замислена иднина у која украинските курви легално ќе емигрираат и ќе се ебат низ цела европа. Не дека Русите им мислат добро, ама дефинитивно западот и посебно тие што се сега на власт у Киев и мислат само лошо на државата, пошто од ова сега нема враќање назад. Чоек без море ќе останат, алооо. Поглуп народ немало досега.
Од економска гледна точка прогласувањето на независност на Македонија е апокалиптична одлука,но ете народот така одлучил....
Кои сме ние да се мешаме на нив дали ќе летаат по некој ЕУ сон или кај Русија во скут ? Кои сме пак ние да викаме дека тие се глуп народ....посебно ние кои на Албанците им дадовме еден куп општини и 2 града на поклон затоа што не излеговме на рефререндум или ние кои кога прогласивме независност доживеавме крах на економијата ? И на нас некој од страна ни викал види што глуп народ.....
 
Последно уредено:
Не беше тоа муабетот, они ако сакаат и пола Украина ќе ја земат а не пак да наплатат. Помошта која ја добиваа/т Украинците е многу поголема од тоа што ќе го добијат(ако) од ММФ/ЕУ. Гас по привилигирана цена? Не смееја со тоа да се зафркаваат. Замисли случајно у блиска иднина Русите да им стават царина на нивните производи, замисли украинските производители на оружје/делови да нема на кој да продаваат, у краен случај замисли без да гас да останат некој период и да умрат. И за шо сето тоа? За некоја замислена иднина у која украинските курви легално ќе емигрираат и ќе се ебат низ цела европа. Не дека Русите им мислат добро, ама дефинитивно западот и посебно тие што се сега на власт у Киев и мислат само лошо на државата, пошто од ова сега нема враќање назад. Чоек без море ќе останат, алооо. Поглуп народ немало досега.
Не е до народот пријателе, народот никој не го прашува ништо.
Мислиш дека военава хунта го прашува народот што да прави?

Работата е нека одлучат самите украинците дали ќе се тргнат од Русија со последиците што доаѓаат уз тоа и ќе се свртат кон западот....
Истото погоре напишано важи и за тебе.
Мислиш дека народот во Украина се прашува за било што?
Ајде не бидете наивни со тези за демократија. Демократија е измислен поим за лажење на народот, такво нешто во пракса не постои.

Тоа за што можеме реално да разговараме, е хипотетички да направиме споредба како би било подобро за народот во Украина. А тоа дефинитивно повеќе е варијатата пред воениот удар, отколку некаква „западна„ иднина.
Еве на дело гледаме колку е исплатливо да си непријател на сила како Русија, и во исто време сосед.

Да се биде фронт каде се судираат велесилите, никогаш не е добра работа за никој. Ние би требало да го знаеме тоа многу убаво, ама изгледа многу ве има што ги заборавате искуствата на дедовците и прадедовците.
 
Долгорочни можности за партнерство со ЕУ....толку. Колку корист ќе имаат Украинците од тоа во наредните 10-20-30-50 години тоа е друга работа.

ЕУ може да ги укине визите за Украинците во секој момент, не им треба специјални партнерства и договори базирани на саботирање на веќе постоечкото партнерство со Русија, за кое ЕУ беше секако свесна.

На крајот на краиштата тоа не менува ништо и двете страни пробуваат да ја приберат Украина под свое крило.
Ни опциите кои ги понуди Русија не се нешто.

Пак грешиш, Украина никогаш не била нешто ко Југославија со Тито или некоја неутрална несврзана земја, туку од најраните зачетоци на нивната државност е органски поврзана со Русија. Не се работи за крило, туку за единственост со Русија.
Таа единственост беше нарушена од Западот на ист начин како што тоа беше направено со Југославија, со Либија, Египет, Сирија и сите познати воени страдања само во последниве 20 години, каде беше инсталирана братоубиствена режија која откако ќе се укључи тешко може да се сопре.

ЕУ никогаш немаше да и понуди членство на Украина, туку илузија поради која тие требаше да ги нарушат вековните врски со Русите, да ги ослабат и направат поранливи за следната геострашка цел.
Украина никогаш не била главниот повод поради кој САД или ЕУ влегоа во овој конфликт, туку Русија.
Ниту Авганистан, ниту Грузија, ниту Чеченија.

Што е неточно дека Русија и понуди откупување на обврзници на Украина ? Тоа е форма на задолжување што и го понуди Русија на Украина. Тоа е стандардна форма на задолжување и е многу слична со кредит. Никој,па ни гуд гај Раша не дава 15 милијарди тек така.
Значи обврзници со 5% камата со рок на достасување од 2 години и можност Русија да побара исплаќање и порано.
Ова баш и не е нешто за фалење.....краткорочен фикс кој има само за цел да ја направи Украина уште позависна од Русија од што е.

1. На Украина и беа итно потребни 17 милијарди за да го покрие надворешниот долг - воглавно кон САД
2. Русија практично во целост го откупи овој долг по далеку подобри услови за Украина отколку тие кои се нудеа на ММФ
3. Русија планираше овој долг да го продаде на Кина која требаше да плати со американски државни обврзници
4. Да скратам, со ова САД ќе требаше да го покрие долгот на Украина кон себе, на свој рачун.

Викаш не е за фалење? :)

Единствено тоа со поефтиниот гас е некоја придобивка,но тоа исто така има и ефект да ја направи Украина уште позависна од рускиот гас и не постојат гаранции дека Русија нема да може да ја крене цената кога ќе и се присака пак.

Земи во обѕир дека Украина веќе има 3 милијарди долгови за гас кон руските фирми.

Погледај ги условите кои ММФ им ги нудеше на Украинците, меѓу кои - 40% зголемување на цените на гасот за обичните корисници
Американците го туркаа предлогот на ММФ бидејќи двојно ќе си го наплатеа долгот, со обѕир кој ја контролира ММФ.

Знаеш ли да правиш разлика меѓу ова или сеуште сакаш да кажеш дека нема разлика?

Да не ги ни споменувам мултимилионските договори со металната индустрија, воената и вселенската индустрија со Русија, кои би загубиле стратешки најголем партнер. Сите тие привилегирани договори и технолошко-развојни тајни би станале лесно достапни за конкуренцијата од западот, доколку Украина сака да се интегрира во системот на ЕУ.

Да сумирам, што би добиле Украинците од Западот?
1. Неповолни долгорочни услови од ММФ за враќање на долгот, со евидентна потреба за ново задолжување што значи влошување на условите
2. Поголеми цени за мин. 40% за најпотребниот енергенс
3. Губење на илјадници работни места поради затварање на руските бизниси и наметнување на ЕУ царини кон Русија на долг рок
4. Можност за безвизен туристички престој на 3 месеци во ЕУ (не сите)
5. Можно членство во наредни 20 години
6. Западни синџири на супермаркети
7. Превземање на домашни фирми од странски

Кој непријател ? НАТО ? Мајдановците ? Без патетики жити све.

Може сум те преценил, ако ова верно го мислиш тогаш можеме веднаш да го завршиме реплицирањево.

Што вели секретарот на НАТО:
НАТО: Русија е повеќе непријател отколку партнер

http://novamakedonija.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=34122

Базите со договор Русија најамалку ќе ги имаше уште 30тина години.....нит се мајдановците вечни ( што уз малце попаметна политика на Русија можеа тие да го испушат на избори сега во мај),а нити проближувањето на Украина кон ЕУ значи членство во НАТО.

Договорите за базите немаше сигурно да останат на сила со новата власт, што впрочем самите јасно го ставија до знаење.
Зад приближување кон ЕУ се крие и сеуште се турка НАТО агендата за припојување на Украина во своите редови. Прочитај што дискутиравме поназад, за поканата за членство во 2008 и за иницирањето од новите власти тоа да се случи што побргу.

Русија самата го турна остатокот од Украина од себе и сега со овие ште се бунтуваат пробува да направи некоја своја Република Српска во Украина и преку нејзе да влијае и да го блокира останатиот дел од Украина.
Каква и да излезе Украина после ова Русија ќе добие уште еден противник на граница и само Лукашенко ќе и остане како тампон зона.

Од една во друга глупост одиме. Човече, во Украина живеат 10 милиони Руси. Кој е тој остаток од Украина, олигарсите и бандеровците?
Досега сите повици за референдум за слободно изјаснување на волјата на народот беа саботирани.

Земањето на Крим е само уште 1 во низата чекори кои доведоа до ова што имаме денес таму. Русија како и западот имаат голема одговорност за тоа што сега се случува тамо и не може да биде амнестирана. Не судам кој повеќе вмешувал прсти и кој е поголем кривец,но Русија е далеку од позитивец во оваа приказна и таа има удел во распалување на целата ситуација.
Мајдановците,т.е тие од десен сектор, самите украинци за некое време ќе ги решеа...вака уште повеќе ги напалија и им дадоа крила.
Сега секој украински националист и радикал може да кажа ете ги русите,ни земаа дел од државата,сакаат и уште да ни земат, да не направат слуги .... бла бла бла и да дејствува.

Крим е кулминација на тоа што претходно го опишавме, никогаш немаше да се случи тоа доколку хунтата водеше навистина про-европска политика.

Иако не гледам зашто си се мачел да пишуваш 23 точки и каква врска тие имаат со тоа што си цитирал над нив,но ќе реплицирам.

Во право си, доволна ќе беше и едната точка да ја споменам:
3. Јанукович ги потпиша сите услови на опозицијата која после ова го изигра и дополнително ги ополномошти своите наци сквадрони да прават ’ршум низ Украина ловејќи “московити“ и забранувајќи го рускиот јазик и ред други работи.

Па,ако било тоа што сакал украинскиот народ зашто Русија пробува да ја повлече Украина во својот блок ?

Ако доволно ги следеше изјавите на руските претставници, беше дека Украина мора да биде неутрална и неврзана за ниту еден од блоковите.
Таа рамнотежа беше нарушена пред се од отворените заложби на Буш да ја прими Украина во НАТО, се до постојаните мешања на МекКејн и останатите воинствени сенатори кои во изминативе години доаѓа на средби исклучиво со наци-партијата Свобода и Десниот Сектор.

А ако е сериозна држава, Украина треба да рачуна со последиците на своите одлуки.

Локалци се најверојатно,но дека така облечени,маскирани и опремени се собрани спонтано и случајно без некој да ги организира како што се тврди овде тоа мало морген.

И ова го заклучи според бојата на очите.
Ќе беше чесно да кажеш дека не знаеш само добро ти се уклапаат и причава.

Маршот на ултрасите беше најавен и познато беше од каде доаѓаат, кој го плаќа транспортот и дневниците.
Шаторите на анти-владините активисти беа поставени многу порано. Се’ до доаѓањето на ултрасите немаше никаков инцидент, ниту пукање ниту палење.

Епилогот од екскурзијата на ултрасите:
1. Изгорени шатори на анти-владините активисти
2. Запалена зградата во која се засолниле истите
3. 40+ мртви активисти, тие што преживеаја беа млатени со стапови додека ползеа со изгореници и затруени

Да, да, нешто слаба му е организацијава на Путин.
 
Последно уредено:
Јас само ја пренесов веста. Според напишаното, превземена е веста од РТ.
Јас како што гледам на РТ,нема ниту една таква вест. Мислам дека е дезинформација.
 
Еве пак снимка од „специјалните единци„ на Русија, на тајна задача во Крематорск:
http://www.youtube.com/watch?v=75dlup0WXGY
('Get out, fascists!' Angry Kramatorsk citizens drive Kiev forces away)

Од 1000 што ќе излезат 900 не се битни. Тие ќе бидат тука,но тие 100 што се најагресивни и ја водат толпата тие некој ги спонзорира.
Исто како што и меѓу тие 1000 на другата страна има 900 души што се тука без да ги организира некој посебно.

Не се ни тие случајни минувачи и сите до еден мирољубиви граѓани кои мирно сакаат да искажат протест.

Tреба човек да биде наивен (или нечесен) за да не се согласи дека во толпите има организирани поединци. Се разбира дека има, и се разбира дека во Украина се води специјална војна меѓу Америте и Русите.
Но навистина е неправедно да се каже и дека тие другите 900 од 1000 луѓе се небитни. Тие луѓе излегуваат за да протестираат затоа што се чуствуваат обесправени.
Треба најпрвин тие 900 да бидат излезени надвор да протестираат, за „100те„ што ги спомнуваш, воопшто да имаат толпа луѓе да ги водат.

Намерно оставив да поминат неколку денови за да слегне прашината и да се расчистат фактите од гласините.

Што испадна дека се фактите?
- Група проруски демонстранти се втерани во зграда, бегајќи од насилна наоружана линч-толпа неонацисти која пукаше со огнено оружје кон нив. Потоа главниот влез/излез е забарикадиран, зградата е запалена со молотови коктели, и на луѓето внатре не им дозволено да излезат (освен ако пукање со пиштоли, и линчување со шипки и стапови, не ги сметаш за прва помош).
- Ова е сето видео документирано и достапно на интернет. Треба ли да се линкува и да се поставуваат пак овие трауматични снимки?

Тука е дистинкцијата меѓу граѓани и неонацистички платеници на Свобода и на Десниот Сектор воопшто. Не можеш воопшто да ги споредуваш со чичковци и теткици со чанти за на пазар (факт што не се менува со неколку фотографии од наоружани проруски демонстранти во маскирна облека).

Зошто кај баграта на Десниот Сектор никогаш нема чичковци и теткици?
Во западна Украина сите се неонацисти со просечна возраст 20-25год?

Едно е народ, а друго е фашистичка платичка багра. Народот во западна Украина си седи мадро и не прави бељи. Бељите ги прават членовите на Десниот Сектор, кои реално се петтата колона во Украина. Тоа се истите луѓе што пукаа во полицијата на Мајдан, истите луѓе што ги носат секаде каде треба да прават бељи.
Тука е разликата со демонстрантите од истокот. Ја виде снимката со пилотот од паднатиот хеликоптер? Тие не го линчуваа човекот што пукал на нив, туку му пружија помош.
За разлика од нив, неонацистите во Одеса пукаа и ги линчуваа луѓето што излегуваа од зградата и рипаа од прозорци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom