Долгорочни можности за партнерство со ЕУ....толку. Колку корист ќе имаат Украинците од тоа во наредните 10-20-30-50 години тоа е друга работа.
ЕУ може да ги укине визите за Украинците во секој момент, не им треба специјални партнерства и договори базирани на саботирање на веќе постоечкото партнерство со Русија, за кое ЕУ беше секако свесна.
На крајот на краиштата тоа не менува ништо и двете страни пробуваат да ја приберат Украина под свое крило.
Ни опциите кои ги понуди Русија не се нешто.
Пак грешиш, Украина никогаш не била нешто ко Југославија со Тито или некоја неутрална несврзана земја, туку од најраните зачетоци на нивната државност е органски поврзана со Русија. Не се работи за крило, туку за единственост со Русија.
Таа единственост беше нарушена од Западот на ист начин како што тоа беше направено со Југославија, со Либија, Египет, Сирија и сите познати воени страдања само во последниве 20 години, каде беше инсталирана братоубиствена режија која откако ќе се укључи тешко може да се сопре.
ЕУ никогаш немаше да и понуди членство на Украина, туку илузија поради која тие требаше да ги нарушат вековните врски со Русите, да ги ослабат и направат поранливи за следната геострашка цел.
Украина никогаш не била главниот повод поради кој САД или ЕУ влегоа во овој конфликт, туку Русија.
Ниту Авганистан, ниту Грузија, ниту Чеченија.
Што е неточно дека Русија и понуди откупување на обврзници на Украина ? Тоа е форма на задолжување што и го понуди Русија на Украина. Тоа е стандардна форма на задолжување и е многу слична со кредит. Никој,па ни гуд гај Раша не дава 15 милијарди тек така.
Значи обврзници со 5% камата со рок на достасување од 2 години и можност Русија да побара исплаќање и порано.
Ова баш и не е нешто за фалење.....краткорочен фикс кој има само за цел да ја направи Украина уште позависна од Русија од што е.
1. На Украина и беа итно потребни 17 милијарди за да го покрие
надворешниот долг - воглавно кон САД
2. Русија практично во целост го откупи овој долг по далеку подобри услови за Украина отколку тие кои се нудеа на ММФ
3. Русија планираше овој долг да го продаде на Кина која требаше да плати со американски државни обврзници
4. Да скратам, со ова САД ќе требаше да го покрие долгот на Украина кон себе, на свој рачун.
Викаш не е за фалење?
Единствено тоа со поефтиниот гас е некоја придобивка,но тоа исто така има и ефект да ја направи Украина уште позависна од рускиот гас и не постојат гаранции дека Русија нема да може да ја крене цената кога ќе и се присака пак.
Земи во обѕир дека Украина веќе има 3 милијарди долгови за гас кон руските фирми.
Погледај ги условите кои ММФ им ги нудеше на Украинците, меѓу кои - 40% зголемување на цените на гасот за обичните корисници
Американците го туркаа предлогот на ММФ бидејќи двојно ќе си го наплатеа долгот, со обѕир кој ја контролира ММФ.
Знаеш ли да правиш разлика меѓу ова или сеуште сакаш да кажеш дека нема разлика?
Да не ги ни споменувам мултимилионските договори со металната индустрија, воената и вселенската индустрија со Русија, кои би загубиле стратешки најголем партнер. Сите тие привилегирани договори и технолошко-развојни тајни би станале лесно достапни за конкуренцијата од западот, доколку Украина сака да се интегрира во системот на ЕУ.
Да сумирам, што би добиле Украинците од Западот?
1. Неповолни долгорочни услови од ММФ за враќање на долгот, со евидентна потреба за ново задолжување што значи влошување на условите
2. Поголеми цени за мин. 40% за најпотребниот енергенс
3. Губење на илјадници работни места поради затварање на руските бизниси и наметнување на ЕУ царини кон Русија на долг рок
4. Можност за безвизен туристички престој на 3 месеци во ЕУ (не сите)
5. Можно членство во наредни 20 години
6. Западни синџири на супермаркети
7. Превземање на домашни фирми од странски
Кој непријател ? НАТО ? Мајдановците ? Без патетики жити све.
Може сум те преценил, ако ова верно го мислиш тогаш можеме веднаш да го завршиме реплицирањево.
Што вели секретарот на НАТО:
НАТО: Русија е повеќе непријател отколку партнер
http://novamakedonija.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=34122
Базите со договор Русија најамалку ќе ги имаше уште 30тина години.....нит се мајдановците вечни ( што уз малце попаметна политика на Русија можеа тие да го испушат на избори сега во мај),а нити проближувањето на Украина кон ЕУ значи членство во НАТО.
Договорите за базите немаше сигурно да останат на сила со новата власт, што впрочем самите јасно го ставија до знаење.
Зад приближување кон ЕУ се крие и сеуште се турка НАТО агендата за припојување на Украина во своите редови. Прочитај што дискутиравме поназад, за поканата за членство во 2008 и за иницирањето од новите власти тоа да се случи што побргу.
Русија самата го турна остатокот од Украина од себе и сега со овие ште се бунтуваат пробува да направи некоја своја Република Српска во Украина и преку нејзе да влијае и да го блокира останатиот дел од Украина.
Каква и да излезе Украина после ова Русија ќе добие уште еден противник на граница и само Лукашенко ќе и остане како тампон зона.
Од една во друга глупост одиме. Човече, во Украина живеат 10 милиони Руси. Кој е тој остаток од Украина, олигарсите и бандеровците?
Досега сите повици за референдум за слободно изјаснување на волјата на народот беа саботирани.
Земањето на Крим е само уште 1 во низата чекори кои доведоа до ова што имаме денес таму. Русија како и западот имаат голема одговорност за тоа што сега се случува тамо и не може да биде амнестирана. Не судам кој повеќе вмешувал прсти и кој е поголем кривец,но Русија е далеку од позитивец во оваа приказна и таа има удел во распалување на целата ситуација.
Мајдановците,т.е тие од десен сектор, самите украинци за некое време ќе ги решеа...вака уште повеќе ги напалија и им дадоа крила.
Сега секој украински националист и радикал може да кажа ете ги русите,ни земаа дел од државата,сакаат и уште да ни земат, да не направат слуги .... бла бла бла и да дејствува.
Крим е кулминација на тоа што претходно го опишавме, никогаш немаше да се случи тоа доколку хунтата водеше навистина про-европска политика.
Иако не гледам зашто си се мачел да пишуваш 23 точки и каква врска тие имаат со тоа што си цитирал над нив,но ќе реплицирам.
Во право си, доволна ќе беше и едната точка да ја споменам:
3.
Јанукович ги потпиша сите услови на опозицијата која после ова го изигра и дополнително ги ополномошти своите наци сквадрони да прават ’ршум низ Украина ловејќи “московити“ и забранувајќи го рускиот јазик и ред други работи.
Па,ако било тоа што сакал украинскиот народ зашто Русија пробува да ја повлече Украина во својот блок ?
Ако доволно ги следеше изјавите на руските претставници, беше дека Украина мора да биде неутрална и неврзана за ниту еден од блоковите.
Таа рамнотежа беше нарушена пред се од отворените заложби на Буш да ја прими Украина во НАТО, се до постојаните мешања на МекКејн и останатите воинствени сенатори кои во изминативе години доаѓа на средби исклучиво со наци-партијата Свобода и Десниот Сектор.
А ако е сериозна држава, Украина треба да рачуна со последиците на своите одлуки.
Локалци се најверојатно,но дека така облечени,маскирани и опремени се собрани спонтано и случајно без некој да ги организира како што се тврди овде тоа мало морген.
И ова го заклучи според бојата на очите.
Ќе беше чесно да кажеш дека не знаеш само добро ти се уклапаат и причава.
Маршот на ултрасите беше најавен и познато беше од каде доаѓаат, кој го плаќа транспортот и дневниците.
Шаторите на анти-владините активисти беа поставени многу порано. Се’ до доаѓањето на ултрасите немаше никаков инцидент, ниту пукање ниту палење.
Епилогот од екскурзијата на ултрасите:
1. Изгорени шатори на анти-владините активисти
2. Запалена зградата во која се засолниле истите
3. 40+ мртви активисти, тие што преживеаја беа млатени со стапови додека ползеа со изгореници и затруени
Да, да, нешто слаба му е организацијава на Путин.