Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вавринка е во секој поглед подобар од Димитров. Апсолутно во сите аспекти на тениската игра.
Човек не ме разбра. Вавринка сезонава ја игра одлично, а пред тоа каде беше? Си билдаа појакиве тенисери скор со него, им служеше како полесен тренинг за понатамошната фаза од турнирите. Не дека и Димитров не е распад систем, ама млад е и тек треба да созрева. Вавринка “созреа“ на 28 години, овој има 22 ако не се лажам, ме мрзи сеа да проверувам. Затоа го спомнав Вавринка во претходниот пост. А и не знам дали е подобар Стан во сите аспекти на тениската игра... Вавринка е агресивец, овој е нешто налик Федерер според играта, игра доста слајс од бекхенд. Форхендот на Стан е појак, нема тука збор. На сервис Димитров е подобар, поразновиден сервис има, овој иде само на снага. За мене покомплетен е Димитров.
Вавринка има подобар форхенд и сто пати подобар бекенд.
Ако некој тенисер ги има двата основни удари подобри од некој друг, никако не може овој другиот да биде покомплетен од првиот. Нека застанат Димитров и Вавринка да разменуваат бекенд дијагонали, од 100 поени 10 ќе добие Димитров. А онаа промена од размена на бекенд дијагонали во бекенд паралела, Вавринка ја прави најдобро на светот.
Дека созреа касно е точно, но тоа нема врска со тениското знаење, тоа е во главата. А и главата на Димитров не може да се нарече импресивно место.
Форхендот му е несомнено подобар, а за бекхендот не се слагам. Многу греши Вавринка од тој удар. Али затоа и ти пишав, Стан е агресивец, додека овој е ол раунд играч, знае да ја сецка играта, знае и да нападне, добро сервира и слично. Ајде да не ја тераме темава со вакви муабети, да оставиме времето да покаже. Ипак јас давам мое мислење, т.е. претпоставка, што и не значи дека ќе се исполни.
Утре Надал-Гаске, if you know what I mean.![]()
Aко Гаске има ментална блокада, тогаш Бердих има уште поголема.![]()
Надал кога ќе изгуби од Јанович јас на глава ќе одам до Белград и назад. Нема психа, и што вика Ставро нема фаца за да го добие Рафа. Добар прв сет одигра Рафа, во вториот падна малку на почетокот али работите си дојдоа на свое место.
Андеркавер, стај си го постот у букмаркс, ќе праиме муабет за Димитров за некое време. Кој е подобар од него, од топ 15, Гаске, Вавринка распадот, Нишикори гревот?? Малце му треба за да отиде кон топ 10, еве првиот чекор веќе го направи, многу е помал притисокот кога имаш АТП титула зад себе, сега човекот може порастеретено да игра. Му зема сет на Надал, го тепаше Ноле, му зема сет на Делпо денес, така да не е далеку момаков. Треба време само, ништо не се случува преку ноќ.
Бердрих има победи и против Надал
Грчевите веќе са минато, мислам дека веќе неколку месеци не ги е добивал.. . . Димитров грчеви на 3 сета го фаќаат а да не правиме муабет ако играше епски меч од 4-5 саати како Стен што играше во Австралија со Новак, и сега пак на УС Опен.
Како бе тешко, мислиш дека Гаске и Ферер би го победиле?
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 23:47 ---
И Гаске има победа против Рафа![]()
![]()