Литванија - Maкедонија | 05.09, четврток 21 часот |

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
3 и пол четвртини не немаше, нигде, со добри 5 минута утакмица не се добива. Искрено не кинат тие шутеви за 3 од неизградена позиција, па толку немаме еден центар, кој знае да изигра со грб, да изнуди фаул, да го стави некој играч во проблем со лични, сето шутеви од 9 метри. Пеџа 1 утакмица игра ваква во 4 години, али денеска Бо беше под просечен, 11 поени и 5-6 загубени топки се премногу за играч од негов калибар, ама добро, сите имаат право на грешка. Не скинаа под кошевите, Пеџа без веза влезе во проблем со лични, а инаку беше супер денеска. Слаба контрибуција на близнаците, солидни, ама не доволно, Перо се разигра на крајот, ама и тоа не е доволно.

Утре ја играме клучната утакмица со Србите, ако ги добиеме, и влезиме во наредна фаза, најмалку 2 поени ќе префрлиме, а ако изгубиме, дури и да влезиме во втор круг, ќе ни треба светско чудо за 1/4 финале. Сепак се уште е отворено има голем број на варијанти.
 
И од Босна и од Летонија да изгубиме ама овие Србите да ги тепаме... лелеееее како ме нервират
 
Пропаднати бевме психички и најверојатно поради она вчера што ни се случи уште не бевме соземени.Сепак не проработе инаетот туку се деси негативното.Искрено ќе ви кажам дека Литванциве се дудуци и не се нешто посебно.Ги надскокавме.И рачунајте да не беа двете технички што им ги досудија и уште три ситуации 2+1 изедначено бајаги ќе се играше до последна секунда.5 напади по ред аматерски изигравме кога можевме да дојдеме дури до +5 водство.Нормално тројките ужас.Чисти позиции не можеа да добацат.Но се деси што се деси и лично јас мислам дека утре конечно ќе проработе инаетот бидејќи гледам Пипан е накурчен и нема шанси пак да играме како денес.

Инаку кој сака нека направи тема.Видете го аватарот на Стефан-коби и ќе ви биде јасно се.Мора утре да стави некој орел и ќе биде подобро сигурно :D
 
Кај е сега Иван исцелителот да ни каже дали ќе ја тепаме Србија.
 
човече значи словенија ја тепала шпанија!

Кај нас ова да се деси, 45 проценти ќе оскапи струјата (не тврдење, туку толку ќе оскапи), додека ја пееме izadji momce na terasu, pa pozdravi nasu srp... але але).

Понекогаш и за доброто на народот губат нашите ЛАVOVI!
 
Vojvodina is Hungary. 3, 2, 1, go :icon_lol:

AJMO NOLE !!!

p.s. ви реков дека со аватарот на Stefan-kobe ќе дожиевееме дебакл ние!

Ставај го Крстиќ на аватар! Или Новак, две муви со еден удар. :icon_lol:
 
И од Босна и од Летонија да изгубиме ама овие Србите да ги тепаме... лелеееее како ме нервират


Не се нервирајте многу по youtube и facebook има Грци кои се претставуваат како Срби. Најчесто навредите им се кратки пошо толку е моќен и google translate. Створаат омраза меѓу Македонците и Србите. Има и Срби, но поголем број од тие се Грци.
 
Доста беше од првенствово. Браво момци за се'. Со овој пост се отпишувам од подфорумов кошарка, слободно и нека ме банираат. :)
 
Првата игравме добро во напад, слабо во одбрана, судиите ни украдоа победа. Вторава лошо во напад, одбрана нешто подобро, изгубивме ама пак беше тесно. Малку подобра игра фали и верувам дека ќе тргнеме, има комбинации со две победи да пројдеме, не е готово!
 
Не знам шо ги перцепирате уопште србиве и србоманчињата (поготово овие од форумов) - ќе го пушат утре за сите пари.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom