Европско Првенство 2013 - Словенија | генерална тема |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Судејќи според првиот ден, ова првенство ќе биде ХАОС!!! Да се надеваме дека нашите ќе се снајдат во целиот хаос и ќе ја минат групата.
 
Резултатвиве се каша попара, не се знае кој јаде, кој пие.
 
Сите резултати денеска беа "изненадување" (во наводници бидејќи денеска сите играат кошарка)
Само Словенците победија и тоа на мускули против една Чешка.
 
Ново правило на ФИБА!
Ја фрлаш топката во аут и пак е за твојата екипа !

Катастрофа....
Дури и во салата го нема нашето знаме, најпаметно е да си ги собериме куферите и назад во Македонија да види цел свет дека со МАФИЈАШИТЕ од ФИБА нема правда !
 
Многу од "изненадувањава" на првиот ден се медиумски издраматизирани доста, најмногу поради грешни процени (на стара слава) и потценување/преценување на одредени екипи !

Реално, изненадување беше 2002-ра светското Индијанаполис, кога USA беше 6 место и дури 3 порази на домашен терен, за првпат по 10+ години пораз за Америте. Dream-тимот испадна најголем кошмар !!!!! Изненадување беше 2004 Олимпијадата, во борба по групи за 1/4 финале мечот кога Кина ја победи Србија и Црна гора 1 разлика и ги испратија Бодирога и тајфата на распуст ! Изненадување беше 2005-та во Белград катастрофално издание на SCG и тоа на домашен терен ! Изненадување беше 2006 во Јапонија, полуфинале Грција -САД, кога кацата за туршија Schortsianitis правеше што сакаше во рекетот на Америте и овие личеа како мумии во превземањата на pick & roll ! И тоа какво изненадување беше, можеби една од најдобрите утакмици-изненадувања од светски првенства/Олимпијади последниве 20 години........Кина- Шпанија, во продолжение отиде мечот во Пекинг 2008, Кинезите пред домашна публика за малку ке ја свиткаа Шпанија во регуларен дел , а Шпанија тогаш имаше камен екипа и лапна сребро во тесен дуел со УСА!
=========================================================================

Освен Германија- Франција, другово е се во рамките на "нормалата " првиот ден (тука не го ставам секако мечот со Црна Гора, бидејки зборот нормала не оди во никој случај во контекст на тој меч !)

Во А група, Британија ради "традицијата" со кошарката која ја има може е по дифолт отпишана и тоа е сосема природно, но Израел не е многу појака екипа како што некој го прикажуваат тоа.
Поискусна да (Британија е топ 5 најмлади селекции на турнирот) ама последниве неколку првенства се покажа дека победи на стара слава има се помалку . Тие мубети не палат веќе !
2013 е годината, не 1992-ра Барселона, каде Америте ги учеа другиве како се игра баскет !
Сосема поштено Британците си ги свиткаа Израелците, кои не беа ефикасно во нивни стил !

Или на пример тоа дека Латвија била аутсајдер во нашата група !!!!!! АЈДЕ БЕ !
Не, туку на Босна многу и се дигнати акциите пред првенството. Латвија ги скина со многу добар шут за 3 , она што е типично за оваа екипа и нема тука никакви изненадувања.
А тоа што Босанциве беа изгубени и напад и одбрана е само јагода на шлагот ! Арно не изгубија Босанциве 20+ тој меч ! ПЛУС Латвија постигна најмногу поени на еден натпревар за првиот ден =86, што е реално многу за Европски првенства, каде просек е 65-70 поени по натпревар, обично !
Тој филмот, како се викаше комедијaта "Има ли Босанец у авионот" ?!

ЗА Финска -Турција= Најголем дел од лугето се уште мислат дека оваа Турција е онаа истата од Истанбул 2010, кога навистина Турците изиграа над очекувањата и сосема заслужено стигнаа до кај што стигнаа и го направија најголемиот успех во нивната кошаркарска историја, кој најверојатно ќе биде benchmark за наредните 20-30 години за НИВ ! Да, играчите се тие горе/доле ама Турците 2010 стварно шутираа без грешка и главно беспрекорниот шут (50% FG, феноменални дури 43 % 3FG) па и домашниот терен за нив беше тогаш голема магија. И да не беше во финалниот меч Durant како од друга планета (детето сам ги реши со историски перформанс) Турците можеа да изиграат тесно до самиот крај !
НА тоа светско Турците беа втора екипа со најмногу постигнати тројки и најдобар процент за 3 тимски и тоа е главната причина за нивниот успех! Немам зборови за тој нивен перформанс , стварно беа Турциве тогаш повампирени до последниот заб, чиниш ни Иван-Исцелител , со целата негова екпертиза и познавање не можеше да им помогне со вампирлукот и да ги спаси !
Финците во нивни стил , преку пола од кошевите ги постигнаа од линија за 3 , нешто што е убедливо најјака страна/стил на игра + Турците беа очајни во реализација и исходот е сосема логичен! Кога Туркоглу се влече уште во Националнот состав и кога против Финска се мачат Турците за едвај 50 поени и со реализација од 50% слободни , таа е песната . како и да е, се очекува многу повеке од Турција во секој случај, но во никој случај не ми паѓа на памет Истанбул 2010 ! Тоа малку потешко !
Всушност, Финска и Латвија, екипи многу слични, на свој препознатлив начин им удрија немилосрден сунет на Босанциве и Турциве !

Да, убедливо најголемо изненадување (во негативна смисла) беше Хрватска , која рушеше немилосрдно рекорди на првиот ден ! Од побитните "рекорди" =Дури 25% шутираа со Шпанија, последна четвртина дури 3 поени (само еден кош + 1 слободно фрлање) ! Па оваа екипа на Шпанија не е ни одблизу толку добра и супериорна како што може да се добие впечаток од самиот резултат. Тоа е , Хрвативе ги има фатено некоја тешка клетва од 2011 наваму ! Нема лек тука !

Со Монтенeгро мечот , ме асоцира на Монтенегро МЕЕБЕЛ (нема врска со фирмата од Скопје) Цел свет кој го гледаше мечот му е јасно . НЕ ЕБАА у здрав мозок ! АПЛА !

Италија сосема заслужено ја исплеска втората (ако не и третата) постава на Русија (која е убедливо најмногу оскатена на ова првенство , плус го нема Blatt, се менува цел концепт кај играта нивна, без центри и од дефанзивно ориентирана екипа остануваат ислучиво само со потпирање на шут од далечина, тоа и им преостанува реално со МoNYA, Shved, Fridzon итн) На крајот пак со малку загубија Русите. Штета Италија што ги нема Bargiani и Манекенот ! Со нив и со Belinelli и Datome се ептен bad ass екипа , кадарна за многу далеку ! Недостига Италија на Европските првенства 10 години веќе и реално не може да се замисли Европско Првенство без Италија (онаа добрата Италија од 90-те) Ама сами си се криви за тоа и пред се нивната федерација шугава !

Значи, искрено, само Германија навистина изненади, во вистинска смисла на зборот, во многу сегменти! Германциве го добија мечот исклучиво со беспрекорен шут. Па и на полувреме беа 7/8 за три , и на крајот го завршија мечот со процент и ефикасност кој тешко дека
ке биде надминат од друга екипа на ова првенство ! Абе кога ти оди шутчето нема фаворити/маворити ! А Французиве последниве години многу лежерно и незаинтерсирано се однесуваат на Европските првенства. Не ја научија лекцијата од 2005 со Грција !
Само тешко дека Германците ќе продолжат да шутираат така добро, вонземски, а ке биде многу важно за нив тоа во наредните мечеви!

Првиот ден покажа дека , А група треба да биде најнеизвесна и дека освен Франција, навистина е тешко да се каже кои други екипи би оделе втора фаза ! (Да не ја урочам уште толку Франција)
Германија, со една нога со победава над Франција е можеби и веке втора фаза , ама не е ништо сигурно ! Сепак се Германциве многу млада и неискусна екипа, како и повеќето оваа група!
Фактот што Украина, Германија, Британија се топ 5 најмлади екипи на ова првенство (со просек од 25 години, тука е и Латвија, а Србија е најмлада со 24 години просек) дополнително допринесува за непредвидливиот развој во оваа група ! На првиот ден речиси два меча отидоа продолжение, доволно говори тоа ! Најтесните и најнепредвидливи дуели би требало да бидат оваа група и освен Франција (и таа се окози рано рано) другиве 5 секој секого може да победи , ако му фати шутот!

Ова и реално важи за 20 од 24 екипи на турниров !

Жими к-р-в првенство ама ќе има неизвесни утакмци, со лопата да ринеш ! (колку ке бидат квалитетни од почеток до крај , тоа е друго)
 
Што се тие црвените знакчиња во SWE/GRE ?

hqdefault.jpg


Освен настапите на Македонциве, кошарка не пратам многу многу и не сум запознаен со некои работи :)
 
Што се тие црвените знакчиња во SWE/GRE ?

hqdefault.jpg


Освен настапите на Македонциве, кошарка не пратам многу многу и не сум запознаен со некои работи :)

Двете селекции имаат по 5 фаули , односно се во бонус , секој нареден фаул значи слободни фрлања
 
Кур да јадат Хрвативе, на две листиња у последната секунда ме бутнаа! На едно имав Грузија да тепа, на другото Хрватска - 75.5 кошеви да даде! Резултатот беше 75-76 за Грузија, и ружниот Анте Томиќ погоди на 9 секунди до крајот и ме бутна на двете, мамето негово предавничко каталонско!
 
Кур да јадат Хрвативе, на две листиња у последната секунда ме бутнаа! На едно имав Грузија да тепа, на другото Хрватска - 75.5 кошеви да даде! Резултатот беше 75-76 за Грузија, и ружниот Анте Томиќ погоди на 9 секунди до крајот и ме бутна на двете, мамето негово предавничко каталонско!

Колку си напатен ти од каталонците.:icon_lol:
 
Ајде да ве видам кој погоди дека првите 3 репрезентации со по 2 победи на првенството ќе бидат Латвија, Финска и Украина :vozbud:
 
Ќе има некој друг пренос на сител денеска освен нашата утакмица ?
 
Поразиве не се случајни, тоа што ни се случи пред 2 години беше сплет на околности но и секако заслуга на целиот тим, но сите знаеме да се стигне до врвот(а за нас беше врв 4то место) е полесниот дел од задачата но да се остане на него е најтешкиот дел, за жал ние тоа не го можеме за тоа доволно говорат и резултатите од вчера и денес. Бидејќи сме мала земја нормално е народот да се радува на такви успеси но и да очекува дека ќе се повтори тој успех, но за жал повеќето од тој народ се спортски не потковани и не знаат дека тоа што се случи во Литванија се случило тогај и никогаш веќе, никогаш се додека е ваков системот во нашава држава. Зборувам за системот во спортската област, друг не не интересира, сега зборуваме за спортот односно кошарката. Мала земја како нашата со околу 2 милиони жители не може со ваков систем да има квалитетни екипни репрезентации(кошарка, фудбал, ракомет), може со повремени блесоци како ракометарите кои веќе на следниот голем настан елиминирани во рана фаза, како и кошаркарите кои веќе на ова првенство нема да поминат групи. Со самото донесување на одлука од страна на владата дека треба да се форсираат екипни спортови а притоа на индивидуалните односно БАЗИЧНИТЕ да не се фрла ни мрсул е тежок фејл. Секоја успешна спортска нација има добро развиен базичен спорт. Базични спортови има три, ПЛивање, Атлетика и Гимнастика, а сите знаеме на кое ниво се овие три спорта во земјава. Значи од овие три спорови почнува се', затоа и се викаат базични. Во спортската литература пишува дека најдобро за развојот на детето до некаде 10-12 годишна возраст да се занимава со некој од овие спортови за подоцна да се ориентира кон спорт со кој би се занимавал професионално. Од 2 милиони жители со среден спортски систем е релативно тешко да се има репка која ќе има континуитет и успех на големите натпреварувања а не пак вака во вакви услови. Во нашата кратка историја како самостојна држава имаме олимпијци со остварена норма дури имаме и олимписки медал, но во кои спортови во индивидуалните(борење, пливање, стрелаштво, кајак итн). Затоа мора да почне да се вложува во базичните и индивидуални спортови бидејќи и низ историјата носеле постојан успех(учество на олимпијади). Оваа генерација е последна која може да биде конкурентна на големите натпреварувања. Под конкурентна подразбирам способна да оствари учество на големите натпреварувања, последно европско за Антиќ, Гечевски, Илиевски сите се тие столбови за кои нажалост не верувам дека некој ќе може да ги замени. Ова се само неколку од работите кои се клучни за неуспехот ако може така да се каже бидејќи народот не е баш спортски образуван и сето ова го смета за неуспех, а за мене е само нормална работа.

А да. И на таквите коментатори како И. Трпевски треба да им се забрани било какво коментирање на спортски настан како и доближување до спортски објект.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom