На сон му се сонил Свети Ѓорѓија Победоносец, побарал да биде откриен

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Првите генерации луѓе навистина биле долговечни, со оглед на нивната генерациска и временска блискост до Адама.
Да, и тоа е Божја работа, оти со тек од време, како родот човечки се „расипува„, така се крати и неговиот живот...
Ами ако се е Божја работа, што се фалиш дека науката не ги побила твоите верувања?

Патем, која наука има да се замара со такви бисери? :)

Кенгурите Мики, кенгурите....
 
Мачорка,

излегувам од темава ама еве пак велам, по којзнае кој пат: ниту една наука не побила нити еден дел од учењето од мојата вероисповест, а да не праам муабет дека мојата вера има многу нешта кои науката може да ги земе како готов материјал, т.е. готово, докажано и потврдено знаење, без допрва да открива топла вода во бојлер...

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;

18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.

Јас радо би присуствовал на една ваква демонстрација на верба, да клаиш раце на некој болен па да оздрави при тоа да зборуваш на португалски и за крај ќе испиеш една чаша отров. Кажи место и час идам обавезно!
 
Ок бе, у реду.
Луѓе што живеат по 900 години?
Или и тоа е Божја работа?

Верник сум, но не се лупам у груди...
Работата со 900 години ми е повеќе од логична. Првите луѓе начекале се оригинали во Земјениот бутик. Немало болести, ваздухот чист суза.. Храната била претежно јако квалитетно месо и природни состојќи .. па да му ебам мајката и 2000 години ќе живеам така ...
 
На старецот Абдула Рамадани од село Велебрдо (Дебарско) му се јавил на сон калифот Осман и му рекол дека под црквата св. Димитрија лежи срушена џамија од турско и бара да биде откриена и прославена со најубавото, најголемото и најгласното минаре.
И сеа шо праиме?
 
Ги имаме сите муабет свртено со Мики така да не почнувам, ќе ја однесеме темава во погрешен правец...
 
17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;

18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.

Јас радо би присуствовал на една ваква демонстрација на верба, да клаиш раце на некој болен па да оздрави при тоа да зборуваш на португалски и за крај ќе испиеш една чаша отров. Кажи место и час идам обавезно!

Евреите Го гледаа Месијата со нивните родени очи ама не веруваа во тоа што го гледаат па наспроти сето нивно слепило, од Месијата бараа да им стори „знак на небото„, за да поверуваат дека токму Он Е Оној Кого Го чекаа...
 
На старецот Абдула Рамадани од село Велебрдо (Дебарско) му се јавил на сон калифот Осман и му рекол дека под црквата св. Димитрија лежи срушена џамија од турско и бара да биде откриена и прославена со најубавото, најголемото и најгласното минаре.
И сеа шо праиме?
И му рекол ќе одиш во AMC ќе побараш звучници Сони, оти така ти се сони...
 
Евреите Го гледаа Месијата со нивните родени очи ама не веруваа во тоа што го гледаат па наспроти сето нивно слепило, од Месијата бараа да им стори „знак на небото„, за да поверуваат дека токму Он Е Оној Кого го чекаа...

Шо се секираш ти, тебе нема ништо да ти се случи, една чаша отров нема да ти наштети..... или ќе ти наштети?
 
Ами ако се е Божја работа, што се фалиш дека науката не ги побила твоите верувања?

Патем, која наука има да се замара со такви бисери? :)

Кенгурите Мики, кенгурите....

Ој порасни...
--- надополнето: 13 август 2013 во 15:36 ---
Шо се секираш ти, тебе нема ништо да ти се случи, една чаша отров нема да ти наштети..... или ќе ти наштети?

Ова е едно од најдебилните прашања на кои сум налетал на форумов..
 
Ој порасни...
--- надополнето: 13 август 2013 во 15:36 ---

Ова е едно од најдебилните прашања на кои сум налетал на форумов..

Оти така велиш, имаш гаранција од бог дека ако си поверувал навистина во него ќе можеш да лекуваш болни само со поставување на раце над нив, ќе зборуваш странски јазици и ако испиеш нешто отровно нема ништо лошо да ти се случи. И сега јас те прашувам дали е тоа вистина, дали можеш да лекуваш болни со положување на раце, дали зборуваш странски јазици и дали ќе ти биде нешто лоше ако испиеш отров. Прашањето се базира на пишување во светото писмо а ти велиш дека е дебилно.
 
Тоа кога ќе најдеш научна студија во која се објаснува како од ребро можеш да направиш жена, врати се да ни постираш.

Иронично што науката го може ова, и тоа не е потребно цело ребро и кал.
Туку само днк од реброто..
Друго иронично е што науката не го прави ова, алудирајќи на високите морални вредности и доблести што ги пропагира религијата а во пракса ниту постоеле ниту постојат.

Верник сум, но не се лупам у груди...
Работата со 900 години ми е повеќе од логична. Првите луѓе начекале се оригинали во Земјениот бутик. Немало болести, ваздухот чист суза.. Храната била претежно јако квалитетно месо и природни состојќи .. па да му ебам мајката и 2000 години ќе живеам така ...
900... а уствари живееле до 50..
Или можеби штом биле доволно закочени да палат луѓе на клада за некој си бог да создаде облаци за дожд.. можеби и толку добро сметале годиниве.. дете ај изброј да видам до колку знаеш... 1, 3, 17, 39, 5, 49.. оп, стигнал до 900.

И баба ми е бајачка иначе. Уште уживам во ритуалите, нуди смиреност, сигурност, чистота..
Но не значи дека има реалност во истото, осим пласебо ефект некојси.

Јас да сонувам црква и некој да ми цмиздари колку го газеле.. одма сити мол отварам одозгора, он мене..
 
Оти така велиш, имаш гаранција од бог дека ако си поверувал навистина во него ќе можеш да лекуваш болни само со поставување на раце над нив, ќе зборуваш странски јазици и ако испиеш нешто отровно нема ништо лошо да ти се случи. И сега јас те прашувам дали е тоа вистина, дали можеш да лекуваш болни со положување на раце, дали зборуваш странски јазици и дали ќе ти биде нешто лоше ако испиеш отров. .

Во Црквата, оние кои имаат јака вера, навистина можат да ги сторат чудата кои сам Христос ги навел во стихот: за тоа постојат црковни записи. Ахил Преспански и Наум Охридски се едни од тие чудотворци, кои воскреснувале мртви.

Другите верници, кои се со вера послаба од онаа од достојните, нема што да бараат повеќе од она кое им е дадено...
--- надополнето: 13 август 2013 во 15:55 ---
Прашањето се базира на пишување во светото писмо а ти велиш дека е дебилно.

Да, прашањево се‘уште е дебилно, а одговорот го имаш троа погоре...
 
Во Црквата, оние кои имаат јака вера, навистина можат да ги сторат чудата кои сам Христос ги навел во стихот: за тоа постојат црковни записи. Ахил Преспански и Наум Охридски се едни од тие чудотворци, кои воскреснувале мртви.

Другите верници, кои се со вера послаба од онаа од достојните, нема што да бараат повеќе од она кое им е дадено...

Мики, нели доаѓа до судир кај синџирот на моќ.. ако ми пресудил мене рај или пекол, кој кур фактор си ти, само оти веруваш повеќе, да извршиш екстрадација?

Второ, дали ти напиша дека не си доволно достоен верник? Дали твојата верба е слаба, или си ги оживуваш тајно кученцата кои ти починале, а ние ништо незнаеме околу тоа?

Трето, ако никој не вратил никој од мртвите 2.000 години, дали тоа значи дека не постои ниту еден верник на земјава?
 
Највероватно...
 
Во Црквата, оние кои имаат јака вера, навистина можат да ги сторат чудата кои сам Христос ги навел во стихот: за тоа постојат црковни записи. Ахил Преспански и Наум Охридски се едни од тие чудотворци, кои воскреснувале мртви.

Другите верници, кои се со вера послаба од онаа од достојните, нема што да бараат повеќе од она кое им е дадено...
--- надополнето: 13 август 2013 во 15:55 ---

Да, прашањево се‘уште е дебилно, а одговорот го имаш троа погоре...

А каде то Мики си прочитал “јака вера“ “послаба вера“ јас такво нешто не гледам во цитираните стихови.

Вака вели:

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.

кај гледаш ти “јако , средно, слабо“ поверување. Или веруваш или не. Не постои нешто као полуверба... вервам али не баш... то е неверување. Значи одиме пак Мики од почеток, дали би се нафатил за добробит на својата вера, за нејзината слава и ширење да, оздравиш некого со положување на раце при што же зборуваш свахили и посл ена крај ќе испиеш една чаша отров.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Види, ова во суперлатив има смисла. Затоа најверникот може да оживува мртовци.
Модерен пример ти е: regular man, OK man, Superman. Погоди кој има супермоќи?

Me занима кога сме кај случајот, човекот не бил најголем верник, зошто о зошто тој проклет грешник кој имал секс пред свадба и не одмарал секоја недела, а да не збориме за комшиката му уф уф, ја добил честа, визионерството да ја согледа затрупаната црква и заробениот светец? Зошто некој суперверник не бил вака награден?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom