Урбано уредување - споредба

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го паметам и сум живеел и во маалско Скопје.
Пред некој ден се запрепастив.
Како мал стално сум ја гледал големата зграда на ридот Гази Баба,под која имаше многу шума но и над неа.Не сум таму шетал(играл)бидеиќи живеев под Калето,а често бев и на Водно,каде сум роден.Не сум ни знаел тогаш што зграда е таа и не сум ни прашал и сум се чудел како е направена таму во сред шума.Дури сум мислел да не е затвор,бидеиќи централниот затвор се сруши за земјотресот.
А сега да видиш да не веруваш,од исто место не можеш да ја видиш таа зграда. Куќи се направиле до нејзините врати,поточно целиот тој рид Гази Баба е уништен,шумата во долниот појас ја снемало,се изградиле куќи,посебно од страната на Чаир и Карадак или Саат Кула (имаше таква општина).
Ако има некој снимки некаде може да се постават.
 
Кај нас не е проблем урбаното планирање. Имало и ќе има обиди за урбано планирање, што од наши луѓе, што од странци, но нормално е да една урбана средина стреми кон поорганизиран живот и истовремено да учи од претходните грешки. Како што веќе некој од членовите кажа, поголемиот дел од градовите кај нас лежат врз основата на една турска шема, додека други понови (меѓу кои и постземјотресно Скопје) имаат тенденција за урбанизација.

Примерно Аеродром е релативно нова населба:

skopje---Google-Karte-1.jpg

Забележливи се моментите на урбано планирање нели!

Проблемот е урбаната мафија која нажалост има и те како гоооооолем дел од локалната власт. Градат објекти на паркинзи, паркови, игралишта. Се отвараат угостителски објекти без паркинг простор. Не се обрнува внимание на „билошкиот минимум“ при одредување на оддалеченост на еден станбен објект од друг итн.

Проблемот е кај архитектите и урбанистите кои заборавиле која им е крајната цел во животот и едноставно замижуваат пред суровата вистина на локацијата на која се гради објектот. За пари се се прави!
 
Скопје е пренаселено, тоа е проблемот. Градот бил планиран за максимум 300 000 жители, а не дупло од тоа.
Селата умираат, градовите се полнат. А сите знаеме дека кога живееа селата имаше и голем прираст на население во државава. Ама мислам дека проблемот со пренаселеност ќе се реши во блиска иднина. Со тие што сум правел муабет 99% разочарани од политиката што ја води оваа држава и сите политички партии планираат трајно иселување од земјава. Големо иселување и мал наталитет, ќе се реши и овој проблем. Патем нешто:
Пред воведувањето на Црвената скопска општина, тогашниот весник на работничката класа "Социјалистичка зора" кој се залагал за доаѓање на КП на власт, во весникот број 62 од 20.08.1920 година пишувал: "Скопје треба да ја задоволува покраината, да ја претставува и да биде нејзин центар. Меѓутоа, Скопје дава впечаток на една пренаселена, извалкана и ориентална паланка".

Малце за инфо, Венеција има градски архитект од 15 век, а може и порано. Кај нас има тоа? Сите си правеа кој како сака. Кај мене улицата во време на Југославија и кога имало ред сите куќи во цела населба околу 1950/1960 што се граделе биле исти. Има се канализиација и водовод. Соседната улица од мене има една главна и од нејзе се издвојуваат уште 22 улици. Тие се правени на диво, власта ги уривала и видела дека не може да излезе на крај со нив па ги оставиле. Резултат на тоа е, цевките за вода што се кај мене на улица се толку мали што не можат да задоволат ни 60% од потребите. Посебно изразено е на лето кога температурите се малце повисоки и не може ни да се избањаш. Поради тоа што си правеле на диво, денеска нема ни струење на воздух на улицата без разлика што сме најчистата улица во цело Скопје.
Еве го тоа Диво Маало, сега легализирано а ние испаднати будали.
P40P8qQ.jpg
Иначе Карпош ми изгледа сосем во ред:​
pZDSjR4.jpg
Влае и Хром​
Bz7jscH.jpg
E7asfgs.jpg
Драчево​
zGqIO6b.jpg
P.S. Тоа со пренаселеноста го пишав затоа што и навистина пренаселеноста е поврзана со планирањто. Да не се збуните.
 
Hip.Hop_MKD....
(јас не знам) но можеш ли да поставиш овдека ваква авионска слика од:
новата населба во Ново Лисиче,зградите позади бензиска на Мак-петрол,и може да ги опфати и куќите дивата населба и тесните сокаци-лавиринти.
А зградите се една до друга,комшиите да пружат алишта може и карши својата тераса.
Секаде бетон и асфалт,земја ни за лек,а на Чилвигот му текнало ама касно сега новите други згради и кули се нешто поретки.
 
Браво-видов.
Гледај на горната слика 14 згради по 49 стана секоја,околу 2000 жители.
На место.т.с. земјиште колку еден парк карши означен со„Е“ во поранешната населба,
Овде нема живот и тоа треба да се сруши.(има и тема за овие згради)
---------------
Депонијата беше карши-преку Вардар,пред депонијата има сега еден два големи отпади
но дај и од таму снимка,рекоа ќе го прават тоа шумски појас-парк или е уште депонија.
Е од таа депонија не се дишеше поранешните години овдека сега е добро.
 
Депонијата беше карши-преку Вардар,пред депонијата има сега еден два големи отпади
но дај и од таму снимка,рекоа ќе го прават тоа шумски појас-парк или е уште депонија.
Е од таа депонија не се дишеше поранешните години овдека сега е добро.

Од Индустриската зона Гази Баба ( Триангла, Ќерамидница )?
ЕДИТ:
K33pTWA.jpg
 
Скопје е стар град, не може да се добие целосна уреденост под прави агли во централниот дел а и така е со сите стари градови. За повторно средување на старите делови од градовиве - тоа веќе е невозможно.
Проблемот е што и новите делови не ги прават со некаков план. Порано како повеќе да пазеле на тоа. Пример Геге, дел од општина Ѓорче Петров, солидно уредено.

YqkbIuX.jpg


А исто и ми се свиѓа Радишани како е средено, иако на прв поглед не изгледа како средено.
mMJAdQ9.jpg
 
Screenshot_2.png
Дефинитивно еден од најнеорганизираните делови во Скопје.
 
Koчани и не е толку лош.
Еве една понова населба која се гледа дека е планирана, има широки улици и дворови:
Прегледај го приврзокот 69529

За разлика од Ромското маало:
Прегледај го приврзокот 69530

Центарот е малку зафркнат:
Прегледај го приврзокот 69533

Еве и друга добра населба:
Прегледај го приврзокот 69531

Целиот град :love: :
Прегледај го приврзокот 69532

Andrew лајкни го постот :D:D


jqcFgyr.jpg

белско маало фор д уин :D
 
Може доста да се направи на ова поле ако се има доволно динамит и булдужери. Јас ќе кажам за Битола, град кој се развивал во отоманско, тесни кривулести улици и куќи залепени до нив, нема ни тротоари. И сега каде ќе се прават авении булевари и широки улици ако не се срамнат од лева и десна страна на улицата по еден ред на куќи. Паркинг место нема, и сите неопходни институции и објекти се концентрирани во радиус од 500 метри. Суд, Полиција, Општина ЕВН, ПАзар Безистен продавници, Градска амбуланта. Секој кој е болен, гради куќа, му требаат пиперки, сака да купи телевизор, му треба нотар, спрема колбаси за ручек, плаќа струја, оди на пошта испорачува роба.... ќе дојде во тие 500 метра најчесто со кола. Уште во Сфрј имаше еден податок од некои мерења на сообраќај во БТ каде пример од регистрирани 20.000 возила, 60.000 поминале низ центарот. Решение е или драстично рушење и туркање на објекти покрај улици да се направат пошироки и да има место за паркирање, или дислокација на објекти одалечување на институции во различни делови на град и контрола на сообраќај и паркирања со зони, наплата на паркирања, иградба на подземни и надзени катни паркиралишта и стимулирање на користење точаци мали моторчиња.
 
Велес ти е урнебес, после долгогодишно возење тука комотно можеш да се пријавиш на рели а возењето во други посредени градови ти е мачкина кашлица. Настрана тоа што улиците се ептен извртени туку се и претерано тесни, на пример вака одозгоре кога гледаш некаде скоро и воопшто како да не се гледа улицата а и паркинзи за лек нема во градот па паркираат по улици.
ќе се воведува нов тест за полагање за кола, сите граѓани на Р.Македонија што сакаат да земат возачка ќе мораат да извозат од Камено брдо до црквата Св. Пантелејмон во рок од 2 недели

Велес не личи на град, на кој каде му текнало таму изградил, после паркинзи немало, епа нема да има кога сегде се гради, а преку Вардар кај паркот има урбанистички планови што се цицка ама ние таму ниви си имаме
 
Според мене доколку секој град би бил со распоред на поставеност на објектите од типот Хот-Хот, но од тврда градба..... градот би бил перфектно место за живот :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom