Ај сеа малце за мечот. Гледав до 2-0 после излегов, а она што го видов до 2-0 е лудачки добрата игра на Дарсис. Во првиот сет особено, како ненормален играше дечкото, и апсолутно заслужено го доби истиот, а исто така заслужено го доби и мечот, нема збор тука. Вака од тоа што го видов можам да кажам дека Надал тотално ја има загубено самодовербата на оваа подлога, он е таков играч кој се храни со самодовербата, ако она го поткрене малце тогаш нема застанување. Затоа јас уште пред да биде извлечен ждребот нагласував дека многу се битни првите две кола, ако тука помине без некои посебни тешкотии ќе оди доста далеку на турнирот. Му треба време, време за да се привикне на подлогата, на отскокот на топчињата, на местењето на ударите. Но, нема никакво оправдување за поразов, крив е он и никој друг, настрана добрата игра на Дарсис. И да не тренирал Рафа 5 години, треба да дојде и без проблем да го исплеска Дарсис и на трева и на земја и на тврда, нема дилеми тука. Какви колена какви бакрачи, врска си немаат колената со поразот.
И за крај не можам а да не ги споменам неколкумината падобранци кои се дрзнаа да коментираат се и сешто за Надал, само ќе кажам нека им служи на честа. За ваша информација, Надал знае да игра и на другите подлоги, слободно отворете си Википедија и ќе видите што зборувам. Моментално според постигнатите резултати на трева само Федерер е подобар од Надал од активните играчи. И за доброто на темава не коментирајте повеќе, да не ширите непотребна смрдеа. Јас ко фан на Надал(а верувам и другите) примам ремет и не се лутам на тоа, али секакви навреди се излишни.
Ае