Пријателе веројатно си од постарата генерација и како чичко Анчо живееш во некое друго време. три години работев во селска амбуланта...зборуваме во селкса амбуланта каде што нема контакт со цивилизацијата па дури ни превоз. одв во понеделник се враќав во петок. детето го гледав повеќе на фејсбук, жена ми го сликаше и ми праќање слики. така го израснавме. и се изнагледав што ли не, луѓе ми умираа во раце, констатирав смрт и не можев да спијам и да јадам после гледката, она што го знаете вие од ваше време, ораси му носат на учителот и на докторот умрено е. немаа 100 денари да платат за домашна посета. одев во околните села, кога имаше снег дури и со коњ. 100-те денари беа проблем. во исто време ме гонеше и инспекција...зошто така сум ги пуштал...и наредниот пат ќе имало казна. бев спремен на казна, од нив наместо да ме казни господ, одев кај деца болни од епилепсија, од аутизам...уште неможа, да се средам со главата. последните 4 месеца по математиката што ја направив ми излегуваа 14 000 чисти, многу се радував кога ќе наидев на превоз најчесто од прекупци на стока...па си одев заедно со кравите и воловите во град, за да не плаќам воз или такси.
Кај мене во фамилијата се доктори и знам колку е ценета и вреднувана професијата и во какви мизерни услови се работи, со уште помизерен народ. Ко ќе видам и споредам како истите доктори работат и живеат тука во Германија, ми иди да рикам да плачам.
Ама некој идиот ко valvoline ќе те убедува дека во Македонија со 500 евра плата и во Германија со 2500 да живееш е потполно исто, а самиот тој никогаш не живеел во странство. Ние идиоти сме на темава сите шо упорно обратното го пишуваме од ЛИЧНО искуство, само тој е најпаметен оти трипати отишол во Германија да довлечка крнтии од некој плац во сопственост на Турчин.
И во Македонија да земаш 2500 евра во месецот чисти, а има луѓе шо ги земаат и самиот познавам такви, никогаш нема да го имаш тоа ниво и квалитет на живот како во една Германија. Милион пати сум го дискутирал ова и по други теми. Ама што има јас да објаснувам, кога некои како valvolinе се’ си знаат.
Кога ќе прочитам ваков одговор од некој што незнае ни на карта дека е Германија ми се темни. Ајде пиши ми што е поскапо таму , освен гуми да балансираш ? Еве јас ќе ти кажам ако сакаш да јадеш по ресторани е скапо, доста скапо, кафиќите исто така, заболекар е оган, ама во маркетите цените се исти , а за некој и поефтини од овде.
500 евра пријател плаќа стан со сите сметки покриени. Знаеш дека му враќаат пари од парното затоа што троши помалку бидејки е на работа и е сам во трособен стан кој си го уреди тој како сака. Од такви како тебе ми се кења што се праваат smart ass демек таму цените се оган и опаљ а не си поминал граница.
Плата му е 2 300 евра.
Уште еден пример six pack пива 2.5 евра, од кога ги враќаш шишињата враќаат едно евро, значи земаш 6 пива мали за евро и половина.
Храната во маркети чини исто како и во Скопје, а ме зачуди колку многу продукти се поевтини отколку кај нас, конкретно продукти како чоколада или за лична хигиена итн. Овошјето и зеленчукот се за најмногу 2 пати поскапи.
Да не е досадно, еднаш месечно на кондиција го фаќаме.
Јас се’ си мислам дека боледува од напредна фаза на „македонски синдром“. Сакам да кажам, зависта го гризи одвнатре. Сака сите останати како него да преживуваат со влечкање на крнтии од Германија и изигравање прематари. И кога ќе сфати дека има многу што живеат подобро и поубаво од него, не можи едноставно да се помири со тоа. Го сфаќам како му е.... и мене на почеток многумина ме прашуваа како живеам, дали ми е убаво и слично, иако знам дека не ги интересирало никогаш... и кога сфатија и се разочараа дека не живеам полошо од нив, престанаа воопшто да ме контактираат. Тоа ти е тој типичен македонски синдром, да се ситиш на несреќата на „комшијата“.
Малку ќе забегаме ама ова е точно, кај нас инженериве можат да работат на лента и да лемат... Пример хемискиве инженери се на 5то место најбарани во Светот, кај нас не можеш работа да најдеш што поради немање индустрија, што поради несистематизирани насоки (па некој со биологија, биохемија се вработува на катализатори).
Верувам дека е така и со другите технички факултети.
И како ќе се развива економијата на една држава, ако нема индустрија? Со даноци, патарини, незнам што мислат...
Па и не е до толку да нема кај нас работа за инженери. Од генерацијата што дипломиравме во рок од неколку месеци ме зачудува како скоро сите успеаја да се вработат. Ама верувај дека не сакаш да знаеш за колку работат. Жалосно е
