Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
точно така, вината никако не смее да се бара во патиштата. Како на пример за да заобиколиш дупкиште што мораш или да влезеш во друга лента што е изложување на ризик или да се збогуваш со гумите.

тоа никако не е минус за патиштата

Tреба само да се намали брзината и да се има трпение..повеќето за жал го немаат.
Инаку дупки поголеми од нашиве со свои очи ги видов на manhattan и се далеку од ретки така да не се оправдување!
 
возачка дозвола да се добива на 22 години и многу построги казни за прекршителите почнувајќи од одземање на возило се до затворска казна.

90% од лицата погоре што направиле сообраќајки се многу далеку до твојава старосна граница, веројатно сакаше да кажеш демек овие под 22 не се способни да возат добро автомобил и они се криви за сообраќајките - што не е точно. Инаку ако сакаат да ја управат ситуацијата мора само поригорозни казни за возење под дејство на алкохол или неприлагодена брзина.
 
Колку несреќи за кратко време, Страшно.
Незнам како не му текнува да се средат сите тие патишта.
 
Tреба само да се намали брзината и да се има трпение..повеќето за жал го немаат.
Инаку дупки поголеми од нашиве со свои очи ги видов на manhattan и се далеку од ретки така да не се оправдување!
зборам за автопати. Не мораш Менхетен, види Словенија и Хрватска какви автопати имаат.
 
зборам за автопати. Не мораш Менхетен, види Словенија и Хрватска какви автопати имаат.

Да автопати имаат (посебно Хрватска автопатот им е мазен ко лизгалиште) али со точак околу Марибор дупки колку сакаш а на другар му се дупна и гума во една од тие "непостоечи" дупки. Повеќето сообраќајќи се прават во градски сообраќај. Гледај еве у Скопје со која брзина возат, дупките не им се проблем, со таа брзина ќе ги прелетаат :D
 
точно така, вината никако не смее да се бара во патиштата. Како на пример за да заобиколиш дупкиште што мораш или да влезеш во друга лента што е изложување на ризик или да се збогуваш со гумите.

тоа никако не е минус за патиштата
Одговорност за патиштата се бара кога ќе се сруши мостот, кога ќе пропадне патот во провалија, кога ќе ти испадне куче или човек на автопат....
Но ако има дупка на патот и треба да ја заобиколиш, ќе застанеш и ќе ја пропуштиш колата што доаѓа од спротивната насока (бидејќи тие си возат во нивната лента,да не ти се верува), и ќе поминеш. Истово ти го имаат кажано и кога си полагал...ама некако не ти влегло во глава.
--- надополнето: 27 јули 2013 во 02:13 ---
Да автопати имаат (посебно Хрватска автопатот им е мазен ко лизгалиште) али со точак околу Марибор дупки колку сакаш а на другар му се дупна и гума во една од тие "непостоечи" дупки. Повеќето сообраќајќи се прават во градски сообраќај. Гледај еве у Скопје со која брзина возат, дупките не им се проблем, со таа брзина ќе ги прелетаат :D
Абе незбори така, па патиштата се тие кој возат а не колите. Значи патиштата прават сообраќајки а колите се удираат.
 
Одговорност за патиштата се бара кога ќе се сруши мостот, кога ќе пропадне патот во провалија, кога ќе ти испадне куче или човек на автопат....
Но ако има дупка на патот и треба да ја заобиколиш, ќе застанеш и ќе ја пропуштиш колата што доаѓа од спротивната насока (бидејќи тие си возат во нивната лента,да не ти се верува), и ќе поминеш. Истово ти го имаат кажано и кога си полагал...ама некако не ти влегло во глава.
--- надополнето: 27 јули 2013 во 02:13 ---

Абе незбори така, па патиштата се тие кој возат а не колите. Значи патиштата прават сообраќајки а колите се удираат.
Добро бе, си одел ли ти у последно време до Охрид или низ источна Македонија? Знаеш ли дека ако вака правиш на секоја дупка до Берово дека ќе возиш 15 саата? На нашиве им требаше да се случат неколку сообраќајки па да им текне дека на стража има мост што се распаѓа, да го санираат. А зошто впрочем првично па и да има дупка на патот? Зошто само во Македонија не функционира онаа "подобро да се спречи отколку да се лечи"? Само кај нас треба да се случи нешто за да почне да се делува. И значи според тебе Швајцарија, Германија и остали земји глупи се што инфраструктурата им е за десетка и нема ниту камче на патот?

Не можат бе овие земји да ги преиначат финансиите за пичвајз и да им кажуваат на граѓаните еј абе слушајте од сеа не санираме ништо, кога ќе налетате на дупка, застанете и разминете се? Можат. Ама не е тоа поентата.

Значи не викам јас дека нема несовесни, има мал милион тука, пијани, дегени, сељандури со беемвето, ама смешно е бе да зборите дека патиштата и патната сигнализација немале никаква улога во сообраќајките. Еве последно од пред две недели, влагам во Македонија од Србија, темници живи, кучиња претрчуваат, патот дупки... и тоа ви личи ли на безбедна средина за патување?
Бонус, си имаме ние на нашиве автопати диви приклучоци еден куп, од секаде може да ти излета некој неосветлен и ете ја бељата.
 
Лошата инфраструктура делува на комодитетот на возењето. И да, Македонија нема сјајни патишта.
Сообраќајните незгоди се директна последица предизвикана од возачите. Едноставно кажано.
Од сите тие набројани несреќи поголемиот дел се од лошо и непрописно престигнување.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: n/a
Најчесто сообраќајките се поради:
1. Пијанство
2. Умор поради неспиење
3. Курчење
Другите 1% се ептен несреќни случаи.
Офтопик, патиштата во Македонија се страв и трепет, сигурно и тоа има некое влијание.Посебно патот кога одиш накај аеродром е ужас, ако не си бил претходно на тој пат, сигурно ќе завршиш во Велес.
 
Не би рекол дека баш е 1%
Еве како мојот случај, си возам на раскрсница во лентата за вртење десно, и еден може 60тина години имаше, не му се чекало за право, па сврте за десно и вратите лом ми ги направи :mad:

Но сепак, мнозинство од сообраќајните несреќи се во случаеви како што ги наброја ти :)
 
возачка дозвола да се добива на 22 години и многу построги казни за прекршителите почнувајќи од одземање на возило се до затворска казна.
На овој наш народ и да му ограничиш на 35 да има право да полага за возачка, пак со истиот ум ќе биди.
Еве во Германија за споредба, на 17 имаат право да возат кола, ама затоа аутобановите им се меѓу најбезбедните во цел свет... исто и општо зборувано сообраќајот.
До менталитетот е, не е до ограничувањата и казните. Овде во Германија како што сите знаат нема ограничување на брзината на автопатите, а и таму каде што има, ако те фатат да го прекршиш ограничувањето казните се многу поблаги отколку во Македонија, а знаеме стандардот каков е за споредба. По таа аналогија ако тргниме, треба ние да сме далеку подобри шофери и повнимателни од Германците... а не сме.
Ги гледам некои другари мои како возат и џабе е нив какви сакаш ограничувања да им поставиш, кога мозокот нив им е ограничен. Едноставно не размислуваат воопшто како смртници, мислат дека се бесмртни и дека несреќи им се случуваат на сите останати, само не на нив.
 
зборам за автопати. Не мораш Менхетен, види Словенија и Хрватска какви автопати имаат.

Хрватска автопатите се нови и буквални низ цела држава си се поврзале. Само можам со сигурност да кажам дека посмртоносен автопат од оној на Хрватска кога се пушташ од Загреб до Нова Градишка нема. И да не ти се спие, ќе заспиеш. Асфалтот и сонцето се поклопуваат во далечина, полош пат немам видено, ни кривина лево, ни десно, само право.

Затоа и најголем број на собраќајки имаат.

А кај нас у собраќај не се знае кој јаде и кој пие. Секој свири, претрцува, врти каде сака, лета на автопат по кривини мислиш го чекаат на доделување на Оскар, шофери на камиони возат по 120 Велес-Штип, со точаци ти се уклучуваат, пешаци изникнуваат од земја, кратер на патот ти вади амортизери, делница Велес-Скопје ти е исто како рели да возиш, несредена околина од дрва немаш прегледност, абе страшно. Толку собраќајна некултура и лоши патишта нема никаде низ Балкан (исклучок Албанија која нема ни патишта и Косово каде незнаеш кој пат да го фатиш, се разбира и делниците на бугарине кои се катастрофа, али сега пуштија автопат до Варна може и се опраиле се бива).
 
Многу би сакал да видам статистика на предизвикувачите на сообраќајки и се кладам дека како и во потешките кривични дела 90% ќе бидат мажи.

Кај нас на повеќето е да не им дадеш кола, имаат не повеќе од два грама мозок и е способен само за најосновни активности, јадење, спиење, гледање тв, легачење и нормално колата (која за него е на ниво на голема играчка) да ја расипе и притоа да расипе уште нечиј живот.

Луѓето (посилниот пол) не ги бива, ниту својот живот поим немаат како да го чуваат не па за туѓ ќе се грижат, толку им е мозокот.

Барем на пола треба да им се забрани пристап до возило.
 
А сте приметиле ли како возат Охриѓани (аи некој други) во Скопје по булеварите.
Сите навака а тие натака - сите натака а тиа навака.
А некоја статистика колку од прекршителите се од овде а колку од онаму.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom