wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 19.773
- Поени од реакции
- 34.410
Целиот тој "гајле ми е", "твое мислење", "субјективност" булшит момент води спротивно на критиката. Всушност тоа е анти-критика, абсолвирајќи ја одговорноста од тоа да дадеш критичен суд за нешто и да го зацврстиш истиот со разумна анализа. Критичарот е тука да го раздели убавото жито од
дивото, не да каже "ок, сигурен сум дека некои луѓе обожаваат да јадат просо, па дури и повеќе го преферираат од лебот".
Ѕирни ја Шопенхауеровата одбрана на критиката.
Објективна критика е оксиморон за мене. Одтаму секоја разумна анализа е контрадикторно со се' што е.. well, разумно.
Ти како критичар можеби имаш предрасуди кон плави дечки оти се очигледно геј, и тоа да го изоставиш при креирање слика за одредено дело. Као, јас не јадам просо, ама признавам содржи витамини и во ред е што некои обожаваат. Значи колку и да се оградуваш како објективен, со самото прифаќање да критикуваш, ти субјективно креираш критика. Оти и разумната анализа е субјективна. Тебе ти е разумна, мене ми е bananas.
Секако дека треба, и не само што треба, туку и мора. Кога замижуваме пред моралната перверзија што ја носи уметноста со цел да го зачуваме нејзиниот квалитет, ја отвараме вратата кон секоја дегенерација што не згрозува. Оваа загриженост доаѓа највеќе до израз кога станува збор за дела од модерните или постмодерните движења, како на пример делата на Чак Паланик.
Општеството не треба да прифати било каква уметност, особено не уметност која ги спушта прифатените стандарди на едно општество. Моралот не е релативна работа. Распаѓањето на фамилијата како основна клетка на општеството води до нестабилна средина за израснување на деца, што води до незрела и неедуцирана генерација која ќе ја наследи нашата. И ова е една од работите која е погубна за модерното прогресивно општество, наместо да напредуваат или да "прогресираат", модерните општества се всушност дегенеративни и стануваат регресивни општества. Освен тоа, уметноста денес не се врти повеќе околу симболи. Половина од уметноста денес е само беззначаен наслов на мода и претенциозна естетика а додека другата половина од ѓубрето што проаѓа како уметност е само остроумно срање кое бара да биде поинакво само колку да биде поинакво, занемарувајќи го изразувањето на убавина, емоција и човекова состојба. (Piss Christ)
Уф, колку лош pin-point. Никој не замижува пред моралната прерверзија која ја носи уметноста. Оти уметноста, за да го постигне тоа што има за цел, знаеме дека не се цензурира. Општо правило е ова - уметност не се цензурира. Може димензионирањата за што може да се смета како уметност да варираат - да, но, уметноста не се цензурира. Макар што тебе, мене или Ванчо од Свирипичино морално не предизвикува.
А тотално бесцелно ми е што како главен аргумент против "новокомпованата" уметност од Фајкла е не-прогресот, кога од филмски аспект како и од културен и да, прогресивен аспект, филмот беше своедвидна манифестација на револуција. Во сите поназад спомнати аспекти. Успешно искокетира со сите захтевни елементи потребни за квалитетен филм, со една идеологија и со еден социолошки статус. Проблемот е во лошата деконтаминација. Дозволивме да се појават и останат патетични обиди за филмови со квази уметнички и билокакви вредности како резултат на пост-фајкла. Дојдоа тие и пушеа курови. И така се создаде стагнација во прогресот на уметноста а со тоа и општеството и сите проблеми што сам ги наброи. Без некој да регулира респонсивност останаа филмови кои се само ѓубре кое проаѓа како уметност е само остроумно срање кое бара да биде поинакво само колку да биде поинакво, занемерувајжи го изразувањето ан убавина, емоција и човечка состојба.

Meне баш ми се допаѓа насоката на темава. Подобро да се смени наслов, неголи да се умртви дискусијата, која е каде каде поконструктивна и продуктивна од замислената идеја.Io Sono Interista wot Werther ........ Шо беше темава? Кој филм го хејтате или....
Ај малку конструктивно на темава![]()
@Io Sono Interista @Werther
Да бидеме малку поцивилизирани, во ред е што е лабава дискусија и често грицкање од курот знае да резултира овде позитивно и да развие дискусија, оти сепак не е фудбал или религија. Ама да не претеруваме, Manga даде добра забелешка. Реализам. Нешто што мене, а и на многу е битен елемент. Кум скриптата е цензурирана, модифицирана и глорифицирана. Гудфелас не е, дури се има потпомогнато во креирањето на истата да биде автентична со тоа што сака да се прикаже. Освен што е критика, ова е дури поен плус за Гудфелас.
Инаку, да продолжиме и со другите 10ки, меѓу критикиве. Од овде ќе бидат најверојатно земени филмовите за Кајгана избира најдобар филм.
Дуеливе, како избор на најдобра ЈУ песна. Впрочем, оригинално од темата за тапчовци, или имдб листата требаше да биде, ама да го чуеме и гласот на народот.
