Не е темава баш за добро утро, но Џејмс Гандолфини, познат како Тони Сопрано во легендарната серија „The Sopranos”, почина во Италија на 51-годишна возраст, објави сајтот IMDb.

Oфицијалните причини за смртта на актерот се уште се непознати, но според првичните информации, тој доживеал срцев удар.
Актерот престојувал во Италија за да го посети 59-то издание на Филмскиот фестивал Таормина во Сицилија, каде што требал да учествува во еден од настаните, заедно со италијанскиот режисер Габриеле Мучино.
Гандолфини има освоено 3 Еми награди за главната улога во текот на шесте сезони на славната серија „The Sopranos”, според многумина една од најдобрите крими серии.
Освен во оваа серија, Гандолфини оствари своја улога во голем број на други филмови, вклучувајќи ги и “Get Shorty”, “The Mexican” и “Zero Dark Thirty”.
Почивај во мир, АКТЕРИШТЕ!
