Луси
extreme
- Член од
- 17 септември 2008
- Мислења
- 6.908
- Поени од реакции
- 20.628
Јас сум мајка на 3 (шестошеесетишестпати кажано..), имав работа, сега веќе три месеци не одам, не дека ме отпуштија, туку не ме плаќаа редовно, и јас седнав со отворени карти на маса, добро луѓе што мислите вие, дека јас навистина бегам од мојте домашни обврски и мојте деца за да си ја ладам на работа, без пари? Останаа троа зачудени не очекуваа таков пристап, затоа што од секогаш бев принципиелна, дур замислете кога останав бремена со третото прашав, дали е во ред тоа што сум бремена и дали работата ќе ме чека, се беше супер, до моментот кога се вратив назад после 9 месеци трудничко, ме ставија на друго место што врска немам и прв пат го работам, таму каде што бев 200 посто успешна едноставно го избришаа, со изговор дека сакаат да ме унапредат.. (мижи асан да ти баам), колку помина после тоа две години, си работев поттрчко во права смисла на збор, на сите им ги покривав глупостите и пропустите и на крај на денот незнаев што всушност работам.
Дека е ризик е, дека во нашава држава да си слободен и со сите можни рокови во ред пак ќе те зезаат и тоа е точно, но јас лично завземена со проблемот мајка, неможам да си дозволам секој ден да работам од 8 до 17 часот, и да не носам денар дома туку плус трошоци да правам и згора на тоа да се тресеш секој ден дека ќе те сменат за некој кој е полабаф со време, не е воопшто лесно, јас ниту во блиска иднина не гледам некое решение во врска со истото и покрај тие казни што ги споменуваат, секогаш може да ти најдат одлично оправдување за да те избркаат.