Писател на тапет - Милан Кундера

  • Креатор на темата Креатор на темата Mnemozina
  • Време на започнување Време на започнување
Ти што мислиш за аргументацијата на Иван? Се согласуваш или не?
Аргументацијата е добра и исцрпна, но јас не се сложувам со неа. :) Да не одиме офтопик. Ќе додадам уште нешто за односниот писател кој е на тапет. :) Веројатно си го сретнал епиграфот на „Браќа Карамазови“ и на неговиот гроб „Вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само, а ако умре, донесува многу плод.” Мислам дека самиот се произнел доволно, за ние да мудруваме во негово име.
 
Аргументацијата е добра и исцрпна, но ти не се согласуваш со неа.

Се согласуваш со некој нејасен афоризам.

It makes perfect sense...
 
Се согласувам бидејќи тоа добро го опишува. Ако намерата е буквално да го ставаме на тапет, тогаш e друг муабет. Бтв, не е афоризам тоа и е јасен :)
 
Го ценам Достоевски, воглавно затоа што е забавно да го читаш, и затоа што неговата суштина е скриена во слоеви и слоеви поттекст, често не ни спомнати директно. Меѓутоа затоа што во насловот на темата јасно се ограничува Достоевски како писател, сметам дека ако ги споредиш со некој како Толстој или со Набоков, неизбежно ќе заклучиш дека се далеку подобри писатели од Достоевски. Мислам дека Толстој далеку повеќе размислува за прагматичното, реално човеково однесување кога ги создавал неговите ликови и нивните приказни. Достоевски повеќе ги изградува како илустрации за специфични концепти (како на пример во Браќа Карамазови каде секој брат претставува посебен идеалистичен поглед на светот), а ова ги истакнува како помалку природни и вистинити.
 
Неизбежен е следниов заклучок: си напарбирчил нешто од нет за Карамазови. Налет тоа, туку и го рецензираш целиот опус на Достоевски на непрочитано.
 
Што значење има глаголот "напарбирчил"? :icon_lol:
Побарав на нет, ама не ми дава ништо...Турцизам е ова?
 
Како мислиш забавно е да го читаш Достоевски?

Злосторство и казна ми беше мошне интересна.
Интересно е да откриваш различни психолошки сознанија за ликовите, плус тука е и хуморот на Достоевски...
 
Во делата на Достоевски голем дел ликови завршуваат трагично, деца умираат од болести, од лоши животни услови како малата Нели, иако ќерка на благородник пита по улица или сцената на девојчето малтретирано крвнички од своите биолошки родители, кое удира со рачињата по изнемоштените гради, обраќајќи му се на ,,Боги,, понатаму се вршат свирепи убиства, мотивирани од политичка позадина или опсесивна љубов или кристално чиста омраза, има самоубиства поради идеолошки цели, таткоубиства, полудувања на ликови...

Има и премногу човечки трагедии и страдање за да би било творештвото окарактеризирано како забавно, не ти се чини?

Мене забавен дел ми беше кога Ставрогин зеде да го влече за нос тој аристократот кој изјави дека никој не смеел него да го влече за нос, ама настрана сцената, Демони е многу мрачна книга.
 
Мора да признаам, незнам од која книга доаѓа малата Нели, единствените книги кои ги имам прочитано од Достоевски се Карамазови, Злосторство и казна и Записи од подземјето. Идиотот ми стои на полица веќе некое време, непрочитан.

И ја сфаќам твојата поента, и чувствата кои се обидуваш да ми ги пренесеш, меѓутоа лично кога го читам Достоевски уживам далеку повеќе во неговото претставување на философијата и психата на неговите карактери и на повремениот хумор и забавните описи кои ги дава на ликовите(описот на стариот Карамазов на пример), отколку на самата претстава за трагедијата. Мислам дека тоа што го доживуваш како негативна емоција, јас го земам здраво за готово и се обидувам да го анализирам од философски аспект, а и самиот Достоевски е одличен писател за оваа цел. Кај Расколников на пример, мошне ефективно пренесувајќи ја менталната состојба, особено делириумот во кој ќе западне откако ќе го изврши убиството. Ова се разбира, не го менува фактот дека Расколников од структурална смисла ми е поприлично неконзистентен карактер кој постојано се шета бесцелно низ улиците на мрачниот Петерсбург. Исто така не ми се допаѓа како скоро сите Руски класици, по некое време читајќи ги, се претвораат во есеј за пост-Христијанска моралност. Како што реков претходно, лично сметам дека Толстој е подобар раскажувач и повеќе ми се допаѓаат неговите ликови отколку оние на Достоевски.
 
Нели е лик од Понижени и навредени.

Не станува збор за акумулирање негативни емоции од наивност или декларативна емпатија, сцените на детското страдање и смрт, барем јас не можам да ги земам здраво за готово, и нема да бидат ,,поблагопријатни,, ако се обидам да им дадам некаква филозофска нишка.

Не се согласувам дека делата на руските класици се претвораат во есеј на пост-христијанската моралност, барем Достоевски успеал вешто да го избегне паѓањето во таа замка, види на претходниве страни на темата, беше тоа предмет на дискусија.
 
Како успеавте тема за Достоевски до лични навреди да ја сведете не ми е јасно.
Мислењата се избришани, овој пат без опомена.
 
На барање од повеќемина форумџии, следен автор на тапет - Франц Кафка.

Повелете. :)
 
Од Кафка ми се читани Процес и Замок, се сеќавам јасно на чувството кое го имав во текот на читањето и многу ми е жива сцената на елиминирањето на Јозеф К. И Јозеф К. и К. се во слична ситуација заробени во безилез, наметнат од некој моќен авторитет, иако првиот е обвинет без вина, а другиот се бори да го најде сопственото место, трагајќи низ чудните лавиринти на нарацијата почнува да не прогонува анксиозноста, која е типична за лош сон. Мислам дека е тоа најголемата мајсторија на Кафка, успева да ја пренесе анксиозноста на ликовите врз читателот, барем кај мене успеа :)... Она што е всушност константно е конфузијата, читајќи го Кафка добивам слики од раните филмови на Линч, а Јозеф К. или К. ги глуми Џереми Ајронс, кој беше фантастичен во филмот посветен на авторот :)...

Не би рекла дека е мој омилен писател, но во секој случај е голем писател и мислам дека е еден од најтешко сварливите и веројатно најтешките за дефинирање.

К. ми е некако подобро дефиниран лик, а во Замок и покрај недовршеноста повеќе ги има Кафка разработено меѓучовечките релации отколку во Процес, имам впечаток и дека К. е некако понепомирлив карактер од Јозеф К. И неважно дали е позадината средновековна или поблиска до современоста, неважно дали е авторитетот некој тоталитарситсички владеачки апарат или Бог или некој демон, тој е далечен и сурово си игра куклена претстава, но мислам дека пораката на Кафка е да постои и опстои отпорот, поради праведноста, колку и да е навидум бесполезен и исходот однапред утврден :).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom