- Член од
- 3 септември 2012
- Мислења
- 127
- Поени од реакции
- 117
Аргументацијата е добра и исцрпна, но јас не се сложувам со неа.Ти што мислиш за аргументацијата на Иван? Се согласуваш или не?


Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Аргументацијата е добра и исцрпна, но јас не се сложувам со неа.Ти што мислиш за аргументацијата на Иван? Се согласуваш или не?
Аргументацијата е добра и исцрпна, но јас не се сложувам со неа.Да не одиме офтопик. Ќе додадам уште нешто за односниот писател кој е на тапет.
Веројатно си го сретнал епиграфот на „Браќа Карамазови“ и на неговиот гроб „Вистина ви велам, ако пченичното зрно не падне во земјата и не умре, останува само, а ако умре, донесува многу плод.” Мислам дека самиот се произнел доволно, за ние да мудруваме во негово име.
Се согласувам бидејќи тоа добро го опишува. Ако намерата е буквално да го ставаме на тапет, тогаш e друг муабет. Бтв, не е афоризам тоа и е јасенАргументацијата е добра и исцрпна, но ти не се согласуваш со неа.
Се согласуваш со некој нејасен афоризам.
It makes perfect sense...
Бтв, не е афоризам тоа и е јасен![]()
Го ценам Достоевски, воглавно затоа што е забавно да го читаш, и затоа што неговата суштина е скриена во слоеви и слоеви поттекст, често не ни спомнати директно. Меѓутоа затоа што во насловот на темата јасно се ограничува Достоевски како писател, сметам дека ако ги споредиш со некој како Толстој или со Набоков, неизбежно ќе заклучиш дека се далеку подобри писатели од Достоевски. Мислам дека Толстој далеку повеќе размислува за прагматичното, реално човеково однесување кога ги создавал неговите ликови и нивните приказни. Достоевски повеќе ги изградува како илустрации за специфични концепти (како на пример во Браќа Карамазови каде секој брат претставува посебен идеалистичен поглед на светот), а ова ги истакнува како помалку природни и вистинити.
Неизбежен е следниов заклучок: си напарбирчил нешто од нет за Карамазови. Налет тоа, туку и го рецензираш целиот опус на Достоевски на непрочитано.
Го ценам Достоевски, воглавно затоа што е забавно да го читаш
Како мислиш забавно е да го читаш Достоевски?
Злосторство и казна ми беше мошне интересна.
Интересно е да откриваш различни психолошки сознанија за ликовите, плус тука е и хуморот на Достоевски...
Во делата на Достоевски голем дел ликови завршуваат трагично, деца умираат од болести, од лоши животни услови како малата Нели, иако ќерка на благородник пита по улица или сцената на девојчето малтретирано крвнички од своите биолошки родители, кое удира со рачињата по изнемоштените гради, обраќајќи му се на ,,Боги,, понатаму се вршат свирепи убиства, мотивирани од политичка позадина или опсесивна љубов или кристално чиста омраза, има самоубиства поради идеолошки цели, таткоубиства, полудувања на ликови...
Има и премногу човечки трагедии и страдање за да би било творештвото окарактеризирано како забавно, не ти се чини?
Мене забавен дел ми беше кога Ставрогин зеде да го влече за нос тој аристократот кој изјави дека никој не смеел него да го влече за нос, ама настрана сцената, Демони е многу мрачна книга.
Мора да признаам, незнам од која книга доаѓа малата Нели, единствените книги кои ги имам прочитано од Достоевски се Карамазови, Злосторство и казна и Записи од подземјето. Идиотот ми стои на полица веќе некое време, непрочитан.
И ја сфаќам твојата поента, и чувствата кои се обидуваш да ми ги пренесеш, меѓутоа лично кога го читам Достоевски уживам далеку повеќе во неговото претставување на философијата и психата на неговите карактери и на повремениот хумор и забавните описи кои ги дава на ликовите(описот на стариот Карамазов на пример), отколку на самата претстава за трагедијата. Мислам дека тоа што го доживуваш како негативна емоција, јас го земам здраво за готово и се обидувам да го анализирам од философски аспект, а и самиот Достоевски е одличен писател за оваа цел. Кај Расколников на пример, мошне ефективно пренесувајќи ја менталната состојба, особено делириумот во кој ќе западне откако ќе го изврши убиството. Ова се разбира, не го менува фактот дека Расколников од структурална смисла ми е поприлично неконзистентен карактер кој постојано се шета бесцелно низ улиците на мрачниот Петерсбург. Исто така не ми се допаѓа како скоро сите Руски класици, по некое време читајќи ги, се претвораат во есеј за пост-Христијанска моралност. Како што реков претходно, лично сметам дека Толстој е подобар раскажувач и повеќе ми се допаѓаат неговите ликови отколку оние на Достоевски.