Во делата на Достоевски голем дел ликови завршуваат трагично, деца умираат од болести, од лоши животни услови како малата Нели, иако ќерка на благородник пита по улица или сцената на девојчето малтретирано крвнички од своите биолошки родители, кое удира со рачињата по изнемоштените гради, обраќајќи му се на ,,Боги,, понатаму се вршат свирепи убиства, мотивирани од политичка позадина или опсесивна љубов или кристално чиста омраза, има самоубиства поради идеолошки цели, таткоубиства, полудувања на ликови...
Има и премногу човечки трагедии и страдање за да би било творештвото окарактеризирано како забавно, не ти се чини?
Мене забавен дел ми беше кога Ставрогин зеде да го влече за нос тој аристократот кој изјави дека никој не смеел него да го влече за нос, ама настрана сцената, Демони е многу мрачна книга.