Соба со пијано

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Денеска и официјално излезе првиот трејлер од најновиот македонски филм чија премиера е закажана за септември на отварањето на Манаки Филм Фестивал.


https://www.facebook.com/ThePianoRoomFilm

Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на оваа единствена локација од чиј ракурс можат да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Фрагментите од животите на овие “егзистенцијалистички“ карактери се сосема доволни пред нашите очи да истече целиот нивен животен пат. Мотивите се претвораат во фрустрации, амбициите и мечтите водат кон пропаст. Иако нималку слични, претставници на сосема различни социјални и културни групи, овие ликови се обединети во бесмислата на животот. „Соба со пијано“ е најновиот игран филм на Игор Иванов, по сценарио кое во заедничка соработка го напишаа Жанина Мирчевска и режисерот.

Maid NATASHA PETROVIC
Manager JOVICA MIHAJLOVSKI
Dize SVETOZAR CVETKOVIC
Ira VASIL ZAFIRCHEV
Petar IGOR STOJCHEVSKI
Marta SIMONA SPIROVSKA
Viktor TORSTEN VOGES
Eva IVA KRAJNC
Aziz DENIZ ABDULA
Yilmaz FIRDAUS NEBI
Goga JAGODA KUMRIC
Nina NEVENA RISTIC
 
Живеам за денот кога ќе излезе македонски филм без секс сцена.

А иначе изгледа интересно се надевам дека ќе биде добар филм.
 
Јееј, Симона Спировска, мојата соученичка од основно. Ова мора да се види :)
Живеам за денот кога ќе излезе македонски филм без секс сцена.

А иначе изгледа интересно се надевам дека ќе биде добар филм.
Постои воопшто таков филм? Нормално, освен детските...
 
Некој го гледал да пише дали му се допаднал или не ?
 
Мене ми личи на некоја серија, од оние домашнине на мтв што ги пуштаа. Не ми личи на вилм.
 
Има многу возбуди во „собата“ на Изи

ОДЛИЧНА МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА ЗА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“

Традицијата почната со „Мајки“ на Милчо Манчевски и „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ да биде отворен со македонски филм, продолжи и оваа година, овој пат со новиот филм на режисерот Игор Иванов-Изи, „Соба со пијано“. Овој филм е направен со ограничен буџет и во ограничен простор - снимен е за само 26 дена во една од халите на Скопскиот саем, и можеби е мал како кинематографски проект, ама е голем по значење. Извонредна атмосфера, визуелно и естетски беспрекорен, ликовно чист, режисерски занаетски скоцкан, актерски издржан, со одлично сценарио... Ова е накусо впечатокот што го остава „Соба со пијано“, инаку студија на епизодни карактери, сместена во една хотелска соба, во која се откриваат темните ходници на човечката хипокризија, апсурд и декаденција.

Комплимент е дека ова не е македонски филм

Реакциите по премиерата беа поделени, а аплаузот срамежлив, што и не зачудува бидејќи ова не е филм што ќе му се допадне секому, не е ниту филм што вртоглаво ќе се продаде на киноблагајните (дај боже да биде така), туку е искрен филм што ќе има своја верна и рафинирана публика. „Ова не е македонски филм, но ова го кажувам како комплимент“, рече на вчерашната прес-конференција актерот Јовица Михајловски. И навистина не е. Во него нема прашина и опинци, и локалпатриотизам, туку има универзална димензија во прикажувањето на кревкоста, но и на силата на човечката природа и што е најважно, има многу емоција. Еклектички се поврзани различни филмски стилови и оттука, во право е кога режисерот ќе каже дека „Соба со пијано“ е своевидно патување низ историјата на кинематографијата. Затоа што не првпат гледаме трансвестит што однатре се крши, или несреќна двојка што нема пари, ниту потомство, ама има силна желба за тоа, или разочарана љубовница и бескрупулозен маж... Ниту првпат гледате филм снимен во една соба... Ама впечатокот е дека сепак овој не личи ниту на еден претходен што сте го виделе.

- Ова од почетокот беше ризичен проект, кој оди по тенка линија, но токму тоа беше и најголемиот предизвик. Има и стереотипни ликови, сто пати видени на филм, но на поинаков начин, и затоа го гледам како патување низ историјата на кинематографијата - вели Иванов.

Филмот е во продукција на Томи Салковски од „Скопје филм студио“, кој е и директор на фотографијата, во соработка со „Рестарт продакшн“ од Словенија и „Ај ту ај“ од Србија. Сценариото е на Жанина Мирчевска и на Игор Иванов. Сценографијата е на Миленко Јеремиќ, додека музиката за филмот ја напиша светски познатиот композитор и пијанист Чили Гонзалес.

- Лимитираниот простор, снимањето во една соба, ми беше најголемиот предизвик како на кинематограф, тоа дава можност преку разни алатки што снимателот ги има на располагање да се долови емоцијата на секој актер, да се фати светлината и конечно да не се почувствува монотонијата што може да ја создаде еден таков клаустрофобичен простор - вели Салковски.

Улогите ги толкуваат: Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогеш, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Фирдаус Неби и Невена Ристиќ. Специјални гости се Тони Палмер, Ханес Вегенер и Мајк Сарн.

- Воопшто не е едноставно да се игра лик што нема текст, кој воопшто не прозборува во текот на целиот филм, тука мораш емоцијата да ја извадиш само со погледот - рече Наташа Петровиќ, која ја има носечката улога во филмот (ја игра Собарката).

За младиот Дениз Абдула, кому ова му е прв филм, ова е филм врзан за емоционалната игра и, како што кажа, не постои друг начин на актерска игра освен да се впуштиш во таа игра. За Васил Зафирчев, пак, ова е едно од неговите најубави професионални искуства.

- Ја пушташ енергијата и таа треба да стигне таму каде што треба. Имаше лудачки ентузијазам. Во театар сум играл многу женски улоги, но ова е поинакво искуство. Ова е филм за она што е наша суштина, за сопствената соба, за темните ходници во таа соба - вели Зафирчев.

Јовица Михајловски, пак, се пошегува со своите претходни улоги на негативци.
- Мојата кариера е одбележана од улоги на негативци, се изнаседев по затвори за потребите на некои улоги. Па, затоа ова беше како распуст за мене. Многу покомотно се чувствувам во вакви урбани универзални теми, отколку во локални - рече Михајловски.

„Соба со пијано“, по премиерата на „Браќа Манаки“, го почнува својот живот во скопските и во кината низ Македонија. Од вчера е на репертоарот на „Милениум“, а од 19 месецов во кината „Синеплекс“.

Не се ни сомневав дека коментарите од медиумите ќе бидат во овој стил, но ме интересира мислење од некој критички настроен филмоман. Ако има некој што го гледал, нека пише впечатоци. :)
 
Филм со транзиција, голотија и интересна склопка/поврзување. Генерално добар, ама сме виделе и боље со овие 3 работи (American beauty на пример).
 
Не е лош филмот, ама на почетокот е малку досаден, од причина што малите делови од приказните што ги прикажува на почетокот се како една цела приказна т.е фалат 2-3 кадри на крајот од секоја парцијална приказна што ќе кажат дека приказната не е завршена. И затоа во главата после 3-4 приказни си викаш, уште колку ги има.
Редок македонски филм, со happy end
 
Живеам за денот кога ќе излезе македонски филм без секс сцена.

А иначе изгледа интересно се надевам дека ќе биде добар филм.

Ја живеам за денот кога ќе излезе македонски комедија филм..што значи нема да доживеам.Пошто комедија е најтешко да се сними..вака удри на психа и секс сцени..проверено нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom