Икони...

  • Креатор на темата Креатор на темата птр
  • Време на започнување Време на започнување
Се поклонуваш на Бога и светиите а не на богот на сонцето тоа значи заповетта.

Кога светиот апостол Петар бил пресретнат од еден човек по име Корнелиј, Корнелиј му се поклонил. И што мислиш, што се случило потоа? Петар не му рекол: браво православен вернику, убаво се клањаш, ај напрај уште два поклона, запали ми една свеќа и ќе ти дадам еден благослов заради тоа :) Не! Туку апостол Петар веднаш го укорил:

„А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела на апостолите 10:26, Библијата)

Епа ако светиот апостол Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата и еден од тројцата најблиските апостоли на Исус, не дозволил да му се поклонуваат, зошто мислиш дека сега би дозволил да му се клањаат на некоја икона која наводно го претставува него?
И што мислиш како би изреагирал апостол Петар доколку влезе во православен храм и види верник како се клања на таква икона? Зарем нема да го укори како што го укорил и Корнелиј?
И ако апостол Петар така изреагирал, што мислиш како би изреагирале другите апостоли или свети луѓе (христијани)?
 
А зарем не е палењето кандило еден вид служење на иконата? Што мислиш како им служеле паганите на своите икони? Им давале да јадат? Ги преоблекувале? Им миеле заби?

Абе велат, али битно е и кој вели нели? Дали тоа го велел Господ или некој човек? Дали тоа го велел некој апостол, пророк?

Чорба,
разговорот со самиот себе се нарекува „монолог„.Тоа е бааги симптоматична работа...

Признавам, мајстор си за монолози, каде сам си поставуваш прашања и самиот си одговараш, а гледам дека не одговараш на ниту едно прашање кое сум Ти го упатил.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:27 ---
Епа ако светиот апостол Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата и еден од тројцата најблиските апостоли на Исус, не дозволил да му се поклонуваат, зошто мислиш дека сега би дозволил да му се клањаат на некоја икона која наводно го претставува него?

Еве уште едно типично протестантско искривување на смислата од Писмото:

Во посочениот стих, Св. Ап. Петар не дозволил да му се поклонат, не затоа што себе си се видел како можен идол (Бог да чува...) туку затоа што токму Петар себе си се гледал како огревовен, кој не е достоен да биде удостоен со поклонување. Петар, имено, од своето тројно откажување од Христа Бога, бил постојано крвав во очите, оти непрекидно ја оплакувал својата огревовеност, а особено свој однос кон Христа.
 
Кога светиот апостол Петар бил пресретнат од еден човек по име Корнелиј, Корнелиј му се поклонил. И што мислиш, што се случило потоа? Петар не му рекол: браво православен вернику, убаво се клањаш, ај напрај уште два поклона, запали ми една свеќа и ќе ти дадам еден благослов заради тоа :) Не! Туку апостол Петар веднаш го укорил:

„А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела на апостолите 10:26, Библијата)

Епа ако светиот апостол Петар, кој бил сметан за еден од столбовите на Црквата и еден од тројцата најблиските апостоли на Исус, не дозволил да му се поклонуваат, зошто мислиш дека сега би дозволил да му се клањаат на некоја икона која наводно го претставува него?
И што мислиш како би изреагирал апостол Петар доколку влезе во православен храм и види верник како се клања на таква икона? Зарем нема да го укори како што го укорил и Корнелиј?
И ако апостол Петар така изреагирал, што мислиш како би изреагирале другите апостоли или свети луѓе (христијани)?
Ова што ти овде го описуваш, а истото го има и во Апокалипсисот се вика смиреноумие. А смиреноумие со три збора ти е отсуство на гордост. Значи светиот апостол Петар знаејќи ги своите гревови, а не своите врлини изреагирал на овој начин. Јас кога некому му се поклонувам ги гледам неговите врлини, а тој кога го одбива тоа ги гледа своите гревови.
Зарем во дејанијата апостолски не пишува како кога оделе апостолите на молитва луѓето легнувале за да сенката нивна помини над нив?
 
Првата Божја заповед, забранува „имање„ други богови, освен живиот Бог. Кои се тие „други„ богови? Тоа се отпаднатите ангели-демоните, кои стојат зад секој идолатриски предмет. Према томе, ако не Го обожувам вистинскиот Бог, тогаш самиот себе се поставувам за идолопоклоник, обожувајќи го не Бога, туку оној кој сакаше да го завземе местото Божјо.

Точно така. Првата Божја заповед забранува имање други богови. Е сега, кажи ми ти мене зошто Бог би се повторувал во втората Божја заповед и повторно би санкционирал имање други богови?
Не. Втората заповед не забранува имање други богови, затоа што тоа е регулирано со првата Божја заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.

Додека Мојсеј бил на планината 40 дена за да им ги донесе 10-те Божји заповеди, евреите направиле златно теле, но не за да му го посветат на некој некон од египетските богови. Тие му го посветиле на еврејскиот ВИСТИНСКИОТ И ЖИВИОТ Бог - ЈХВХ (Јахве).

„Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.” Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа (на еврејски: Јахве)!”“ (Излез 32:4, Библијата)

Евреите во телето го гледале еврејскиот вистинит Бог Јахве. Евреите преку златното теле го обожавале еврејскиот вистинит Бог Јахве. Златното теле за нив го претставувало еврејскиот вистинит Бог Јахве.
Но сепак Бог ова не го одобрил и смртно ги казнил непокајаните престапници. А подоцна им ја повторил втората Божја заповед експлицитно кажувајќи им да не прават никакви идоли или слики кои би го претставувале Невидливиот вистинит Бог.
 
Не се најдени цртани симболи, знаци, фрески од 1век. Најдени се само симболи, слики, знаци во неколку катакомби од 3ти век.. и тоа велам во неколку, а христијанството тогаш веќе било распространети низ целата Римска империја. Значи тие повеќе било како исклучок, отколку правило.
Евреите исто така (почитувајќи ја втората Божја заповед) не користеле икони во синагогите, освен во една (Дура Еуропос) која пак ќе кажам е исклучок, а не правило.

Моја грешка за фрески..
но чинам дека си грешка оти сепак имало симболи и знаци.. као на приемр рибата. сидрото, овцата.. па Квадратот „TENET“ и сл...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:35 ---
Дебилноста во прашањето со састои во то што, просто кажано, го докажуваш она кое е очигледно...

Еве една слична „вистина„, како онаа констатација од прашањето: велам, јас не постоев во првите 3 векови од н.е. Дали се согласуваш со оваа вистина?

Брат.. малку бладаш.. сеа забегуваме од темата.. ама ај..
не знам кај виде да сум рекол такво нешто ама ај.. мислам тоа што некои работи ги конташ како тебе ти е мило, не ги префрлај на друг..
 
Е сега, кажи ми ти мене зошто Бог би се повторувал во втората Божја заповед и повторно би санкционирал имање други богови?
.

Еве го прашањето...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:35 ---

...а еве го и одговорот...:icon_lol:
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:37 ---
Моја грешка за фрески..
но чинам дека си грешка оти сепак имало симболи и знаци.. као на приемр рибата. сидрото, овцата.. па Квадратот „TENET“ и сл...

Да, и јас велам дека имало знаци/симболи, неспорно и несомнено...И сега, дали сум во грешка? :confused:
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:37 ---
Брат.. малку бладаш.. сеа забегуваме од темата.. ама ај..
не знам кај виде да сум рекол такво нешто ама ај.. мислам тоа што некои работи ги конташ како тебе ти е мило, не ги префрлај на друг..

Имаш мое прашање па повели, одговори...
 
Самиот израз „идол„ има неколку значења: значи „..замена за..„ т.е. значи „..на местото од...„.

Едноставно кажано, ако „она„ кое го обожувам не е самиот Бог, онаков каков Он ни‘ се објави нам смртниците, тогаш се ставам во состојба да го обожувам „она„ кое го завзело местото Божјо.

Верните Го обожуваат само Бога, оти само Он Е Бог, а на Светиите, им се оддава чест, заради нивниот овоземен подвиг, со кој заработиле свое место блиску до Христа Бога, како што им се оддава чест на оние кои ги положиле своите души за слободата од своите наследници.
.


Шо е Бог? Шо е тоа шо го зазело местото Божјо, и зошто?
Кој е бог? Видлив ли е, невидлив? Исус ли е, нели е? Сеа правиш да сумњам во мојава вера...опет..
 
Точно така. Првата Божја заповед забранува имање други богови. Е сега, кажи ми ти мене зошто Бог би се повторувал во втората Божја заповед и повторно би санкционирал имање други богови?
Не. Втората заповед не забранува имање други богови, затоа што тоа е регулирано со првата Божја заповед. Втората Божја заповед се однесува на недозволен приод кон вистинскиот Господ Бог.

Додека Мојсеј бил на планината 40 дена за да им ги донесе 10-те Божји заповеди, евреите направиле златно теле, но не за да му го посветат на некој некон од египетските богови. Тие му го посветиле на еврејскиот ВИСТИНСКИОТ И ЖИВИОТ Бог - ЈХВХ (Јахве).

„Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.” Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа (на еврејски: Јахве)!”“ (Излез 32:4, Библијата)

Евреите во телето го гледале еврејскиот вистинит Бог Јахве. Евреите преку златното теле го обожавале еврејскиот вистинит Бог Јахве. Златното теле за нив го претставувало еврејскиот вистинит Бог Јахве.
Но сепак Бог ова не го одобрил и смртно ги казнил непокајаните престапници. А подоцна им ја повторил втората Божја заповед експлицитно кажувајќи им да не прават никакви идоли или слики кои би го претставувале Невидливиот вистинит Бог.
Во златното теле Израелците го гледале „богот“ на манџите и казаните египетски, а не Оној Кој Што е. Така да без извртувања.
Второ во тоа време Бог немал примено плот и никој не знаел како изгледа, но Христос има вистинско нетрулежно Тело кое сите од Неговото време можеле да го видат и да го допрат.
 
Еве го прашањето...
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:35 ---


...а еве го и одговорот...:icon_lol:
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:37 ---


Да, и јас велам дека имало знаци/симболи, неспорно и несомнено...И сега, дали сум во грешка? :confused:
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:37 ---


Имаш мое прашање па повели, одговори...

прво. Па кој рече претходно дека си гершка бе приателе рисјански? Каде воопшто сум спомнал такво нешто? шо бладаш......

Провери си шо си напишал погоре..

второ.. и што со тоа прашање на Чорбаџијата? ок у реду.. и ?
Нешто очигледно погрешно си ме сфатил претходно, па си ме цитирал... стварно не ми е јасно шо по ѓаволите и морските длабочини сакаш да ми докажеш
 
Шо е Бог? Шо е тоа шо го зазело местото Божјо, и зошто?
Кој е бог? Видлив ли е, невидлив? Исус ли е, нели е? Сеа правиш да сумњам во мојава вера...опет..

1. Бог Е Оној Кој Е и Кој одсекогаш постои.
2. Местото Божјо сакаше да го завземе херувимот Деница, т.е. Сатанаил, оти се погордеа.
3. Бог Е Троичниот Бог: Отец и Син и Свет Дух.
4. Бог стана видлив преку отелотворениот Син Божји, преку човекот Исус.
5. Исус Е Синот Божји Единороден, вториот лик од Стета Троица.
6. Не е забрането да се сомневаш, оти сомнежот ќе Те натера да ја подзапознаеш вистината уште подетаљно а со тоа истражување, се зацврстува и личната вера во Бога.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 15:50 ---
Нешто очигледно погрешно си ме сфатил претходно, па си ме цитирал... стварно не ми е јасно шо по ѓаволите и морските длабочини сакаш да ми докажеш

Сакам да Ти посочам дека запаѓаш во протестанска шема и рационализам, а тоа е ѓаолски круг, од кој нема излегување...Барем не излегување со задржан здрав ум.
 
Во посочениот стих, Св. Ап. Петар не дозволил да му се поклонат, не затоа што себе си се видел како можен идол (Бог да чува...) туку затоа што токму Петар себе си се гледал како огревовен, кој не е достоен да биде удостоен со поклонување. Петар, имено, од своето тројно откажување од Христа Бога, бил постојано крвав во очите, оти непрекидно ја оплакувал својата огревовеност, а особено свој однос кон Христа.

Која тешка глупост не ми се верува, се надминуваш себе си. Но што да правиш, едноставно си приморан да трескаш глупости, знаејќи дека Светото Писмо уче нешто тотално спротивно од твоите пишуванки.

Прво, Господ Исус Христос му простил на апостол Петар и Петар немал причина повеќе да плаче, туку живеел со Божествена радост. Апостол Петар бил човек исполнет со Светиот Дух, а еден од плодовите на Светиот Дух е радоста (Галатјаните 5:22, Библијата) И апостол Петар и апостол Павле постојано во своите писма ги поттикнувале верниците да се радуваат. Замисли колку би биле тие лицимерни, кога самите би биле такви тажни, постојани крвави во очите од плачање.. а и зошто би плачеле? Зар оној на кого му е простено треба да плаче или да се радува за прошката што ја добил?

Второ, додека апсотол Павле велел дека не е достоен да се нарече апостол, апостол Петар немал проблем во воведот на своите посланија да каже дека е апостол Христов. Апостол Петар бил сметан за еден од столбовите на Црквата.
„ и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Кифа и Јован, кои беа сметани за столбови, ми ги даде мене и на Варнава, десниците во знак на заедништвото“ (Галатјаните 2:9, Библијата)

Која бесмисленост човече, демек Петар одбил поклонување само затоа што три пати се откажал од Исус. Па ако е така, сите апостоли се откажале од Исус таа вечер, а не само Петар. Читај внимателно:

„Петар Му рече: „Ако треба и да умрам со Тебе, нема да се одречам од Тебе.” Така рекоа и сите ученици.“ (ев. Матеј 26:35, Библијата)

Значи сите му ветиле верност на Исус и потоа сите се откажале и разбегале таа вечер:

„Тогаш, сите Го оставија и се разбегаа.“ (ев. Марко 14:50, Библијата)

А апостол Петар бил еден од ретките (ако не и единствениот) што го следел Исус оддалеку (веројатно потоа дошле апостол Јован, мајка му и други жени на Голгота):
А Петар Го следеше оддалеку сè до - во дворот на првосвештеникот.“ (ев. Марко 14:54, Библијата)

Значи сите апостоли се откажале на Исус и ако станува збор за „достојност“, никој не е достоен да биде свет и апостол. Но Божјата љубов им прости и ги освети и ги постави да бидат апостоли на Христовата Црква.
Но сепак, и покрај тоа, тие не дозволувале да им се клањаат. Тие биле скромни Христови ученици. Никој не им бацувал раце, не се шетале со великодостојнички мантии, не носеле огромни златни крстови на вратовите итн.
 
Која тешка глупост не ми се верува,

Да, и јас ова го велам за секое Твое искривување на вистината...Постојано стално, перманентно и константно искривување, а згора на све, живеење во прелест и мнеине дека си во право.
 
1. Бог Е Оној Кој Е и Кој одсекогаш постои.
2. Местото Божјо сакаше да го завземе херувимот Деница, т.е. Сатанаил, оти се погордеа.
3. Бог Е Троичниот Бог: Отец и Син и Свет Дух.
4. Бог стана видлив преку отелотворениот Син Божји, преку човекот Исус.
5. Исус Е Синот Божји Единороден, вториот лик од Стета Троица.
6. Не е забрането да се сомневаш, оти сомнежот ќе Те натера да ја подзапознаеш вистината уште подетаљно а со тоа истражување, се зацврстува и личната вера во Бога.

Чекај чекај малце..

1. Значи тоа е Исус, бого-човек, т.е. синот божји.. (како онда тој постои од секад?) Нели татко му е Јахве?
Впрочем, будистине велат дека тоа е Буда. за Муслиманине тоа е Аллах, а Мухамед е пророк. За Евреине, тоа е Јахве, а за хиндуистине - они имаат катаљарда.. Значи, оправдана ли е идолатријата тука? Со оглед да одсекад постои Бог? и пак не одговараш - Шо е Бог и кој е Бог?

2. А Исус не сакал да го земе местото божјо, зашо он као син божји го зазел местото на татка си на земјата, само за да не избави од гревови ли?

3. Епа чекај сеа.. троичниот бог велиш - Отец, Син и Свет дух.. тоа се три различни работи. .Сигурен си дека си православен христијанин? Нели троичниот бог е Исус?

4. Ако Јахве станал отелотворен преку Синот Божји - Исус, онда значи Исус е Јахве, а? На кого да му се даде предимство на отецот или на синот? Каква е природата на Христијанскиот Бог?

5. Е сеа зезаш и ти.. мешетариш тука со поими и рисјански ме буниш.. Исус е Бог или не е Бог? Оти претходно рече дека е не е бог - нели као дел од светата троица - отец. син - дух.. Значи ни Отецот не е бог? Шо е бог тука?

6. Па еве се сомневам.. дали е се ова дел од „вистината“?


Него батали ти ова.. темава е Икони, врати се на тоа..

Да те прашам - остај настрана и иконографијата денес - тао е ради пари и други глупости.. кажи ми ти мене, шо го натерало чоекот тогаш. пред безмалку 2000 години да црта симболи, знаци, фрески.. а подоцна и да се занимава и со иконографија... На тогашната црква (сеедно дали рано-христијанска, или после 4 век - после Никејски собор) не и сметало тоа што луѓево чкрабале. башка поише од очигледно е и дека го поттукнувала тоа..
What's the catch?
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:02 ---
Сакам да Ти посочам дека запаѓаш во протестанска шема и рационализам, а тоа е ѓаолски круг, од кој нема излегување...Барем не излегување со задржан здрав ум.


Па нели ми е дозволено да се сомневам.. шо ме кочиш сеа? од кај сеа вакви флоскули и етикети?

Па со здрав разум резонирам пријателе сорисјански, нешто не ми чини ли во умот? Шо е сеа работава?
 
Која бесмисленост човече, демек Петар одбил поклонување само затоа што три пати се откажал од Исус. Па ако е така, сите апостоли се откажале од Исус таа вечер, а не само Петар. Читај внимателно:

Еве уште една протестанска „утка„: редукција на напишаното и повикување само на дел од напишаното...

Чорба бе,
да прочиташе поубоо, ќе видеше и што напишав: напишав дека Св. Ап. Петар не сакал да биде удостоен со поклонување не оти се откажал од Христа, туку затоа што се сметал за недостоен за укажување поклон и оддавање чест....Ама ај....
 
Во златното теле Израелците го гледале „богот“ на манџите и казаните египетски, а не Оној Кој Што е. Така да без извртувања.

„Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.” Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа (на еврејски: Јахве)!”“ (Излез 32:4, Библијата)

На местото каде што во овој стих стои „Господ“, во хебрејските списи стои „ЈХВХ“ (Јахве). Тоа е името на еврејскиот ВИСТИНИТ И ЖИВ Бог или Отецот како што Христос ни го објави.
Еве ти доказ: http://www.scripture4all.org/OnlineInterlinear/OTpdf/exo32.pdf
Интерлинеарен превод на англиски: „and·he-is-saying celebration to·Yahweh tomorrow“

Второ во тоа време Бог немал примено плот и никој не знаел како изгледа, но Христос има вистинско нетрулежно Тело кое сите од Неговото време можеле да го видат и да го допрат.

Но поентата е во тоа што тие од Неговото време што го виделе и допреле не направиле икона од Него, а исто така и не го опишале Неговиот изглед. Првите христијани биле мудри и добро им била позната идолопоклоничката природа на човекот и затоа не сакале да дадат мотив/причина да идните генерации, на основа на нивните пишувања, изработуваат икони од Исус или апостолите. Затоа тие, не само што не изработувале икони, туку не го ни опишале изгледот на Исус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom