ХИЛТОН СКОПЈЕ ГОТОВ ДО 2016 ГОДИНА
Стоун бриџ хотел од Скопје и Хилтон потпишаа договор за Франшиза, со што се официјализира влезот на еден од најпознатите светски хотелски синџири во Македонија. Double Tree by Hilton Skopje ќе се гради во Скопската населба Аеродром, веднаш наспроти универзитетот ФОН, а најавено е изградбата да заврши до 2016 година.
Вкупната инвестиција изнесува 30 милиони евра, а новиот хотелски објект ќе содржи 170 соби, четири конференциски сали, спа-центар, бизнис-центар и центар за здравје и голем број други содржини.
Според премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на свеченоста за официјализирање на франшизата, од изградбата на хотелот ќе имаат бенефит и туризмот и градежниците, а во него се очекува да се вработат и повеќе од сто лица.
„Влегувањето на Хилтон во Македонија ќе даде нов квалитет на овој бизнис во Македонија. Во туризмот имаме голем напредок во последните години и планираме да инвестираме и понатаму“, рече Груевски.
И инвеститорот Ајдован Адемовски најави едно повисоко ниво на квалитет во угостителството во Македонија.
„Со овој чин Скопје ќе добие хотелски персонал едуциран по стандардите на Хилтон, а конкретно нашиот хотел ќе стане гордост за Македонија“, вели Адемовски.
Потпретседателот за развој на Хилтон, Урлих Видмер, истакна дека брендот на Хилтон е соодветен за Македонија и нуди извонредни капацитети за граѓаните и за развој.
„Имаме голема верба во иднината на Македонија и го очекуваме развојот во следната година. Сигурни сме дека Хилтон ќе биде успешен“, рече Видмер.
Хилтон има повеќе од 3.900 хотели во светот, а во наредните години се очекува изградба на уште 1.000 нови хотели по принципот на Франшиза.
http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/95086/hilton_skopje_gotov_do_2016_godina.aspx

Еве како ќе изгледа«