Во право си Мартин, ти озбилен они си тераат сеирот. Туку кажи ми со јајцата дали е исти таков принципот? Мислам дали нумизматичката вредност им зависи од тоа дали се варени ровко, тврдо, вапцувани и со која боја, дали годината на снесување ја подигнува вредноста, и секако дали оние со две жолчки како ретко издание се повеќе барани и поскапи за набавка. Имам дома Велигденско од оние што се чуваат на подолг рок плус вапцано е црвено и има додатен аксесоар лепенка (каква што не може да се најде сега во продавница). Де ако не ти е тешко види што викаат културните нумизматичари од САД-от за ова?