До некаде се сложувам и со ова - но сепак сметам дека најголемата штета во тоа како гледаме на себе, ја прават токму родителите.
Има и нешто друго; знаеш како иде онаа-женско дете, туѓа брига?
Нашето сфаќање за жената и нејзината улога главно се сведува на тоа дека свака џевојка мора да се омажи (пошо у спротивно е нереализирано створење и уседелица); у најкраток рок (отприлика после една година) мора да го избаци првото дете (кое мора да биде машко за да ја продужи лозата на мажот-која никако не смее да се доведе на раб на постоење) и да ја прифати среќната околност (за себе) дека ќе раѓа док може-пошто да станеш мајка е единствено нешто заради кое постоиш (тешко неја ако само помисли на можноста наречена абортус-зашто абортусот те прави убица на ембриони и придонесувач за демографската катастрофа во мк т.е НЕжена или монструм).
Малце се расприкажав и отидов на друга страна но, сакам да кажам дека општоприфатеното сфаќање за жената, нас жените, не прогонува уште во родителскиот дом (пази, све ова некаде посуптилно, некаде брутално ти се сервира цел живот).
На пример, твојата мама, ќе ти ја набаци идејата дека мајката на мажот треба да ја викаш МАМО, а коа ти онака наивно ќе прашаш ЗОШТО, она исто онака наиво ќе ти каже-ЗОШТО ТАКА ТРЕБА. Тоа е пример за блага индоктринација во пообразуваните македонски семејства. Во попростите средини (а овие на жалост се у јако мнозинство)-женското дете ко ќе се омажи навистина станува брига на новото семејство - пази таа е ќерка за родителите на мажот, а они автоматски и стануваат нејзини мајка и татко. Со тоа се урива секаква надеж за враќање назад-тоа е она главното што жените ги држи во место. Немаат кај да одат на друго место, кај да се вратат. На ова додади го и ниското себевреднување-поттикнувано со идеите (претходно спомнати) за тоа што се очекува од тебе, каква треба да бидеш за да бидеш фина и добиваш ПЕКОЛ. Да не почнувам со тоа како СИТЕ ОСТАНАТИ НАОКОЛУ гледаат на бунтовничките.
Се надевам дека ме разбираш што сакам да кажам-грешката во програмата, во поголема или помала мера, за жал, ја прават родителите. Можеби во голем дел ненамерно, но тоа е шемата што ја знаат, што ја живеат, што ја прифатиле за единствено исправна.
И најискрено ми е жал за жени кои се во ситуација на безизлезност. И нека не ве лажат американците дека све на светот зависи само од личноста-личноста сама може да ублажи или влоши некоја ситуација-но драстичните животни промени се ретко остварливи ако си сам и без поддршка и најчесто се поврзани со среќни околности.