Барам човек, човек.

  • Креатор на темата Креатор на темата Geezer
  • Време на започнување Време на започнување
Значи не си човек, човек штом не им помагаш на луѓето на кои им е потребна помош. (n)
А ти имаш 5 години, па ти треба чување по дома кога си сам?
 
барам човек,

...за да го убијам

(преку глава ми е од луѓе)
посигурно и побрзо дека ќе пронајдеш жив диносаурус или пак
со глава и капа а богами и мустаци жив Хитлер, отколку ЧОВЕК
 
посигурно и побрзо дека ќе пронајдеш жив диносаурус или пак
со глава и капа а богами и мустаци жив Хитлер, отколку ЧОВЕК
Интересни наоди ќе бидат тоа!
Вреди да се проба да се бара (y)
 
Со извинение, ама драматичноста во темава ми е малку лицемерна.
Ако се соберат сите разочарани овде што не нашле Човек (се подразбира дека себе се сметаат за исклучоци) - ете ти цела буљумента човеци. Значи - решен проблем. Не сте сами!

Сите сме биле извисени, разочарани или повредени на било кој начин од ближните и приближните. Понекогаш намерно, понекогаш несакајќи. Боли ли? Е, боли, и затоа ќе си поренѕаме, ќе зар`жиме или ќе касаме.

Ама и едното и другото е човечки. Хомо хомини лупус ест.
Ете, признавам, и јас сум повредила. Сум била сурова. (Вие не?) За некои постапки се каам, за некои не.
Исто така, имало ситуации кога сум правела за некој сосема непознат и небитен повеќе отколку за себе.
И на крај, мислам дека процентот на Човеци во Толпата не е битно променет од пред 700 години.
 
Не знам кај живеете вие кај мене сите се добри, културни луѓе(disclaimer:сите не значи 100%) секогаш културни(барем во ситуации кога се очекува такво однесување) секогаш спремни да помогнат. дружељубиви, недволични.
Може да се каже секој е човек(повторно disclaimer)

Ваљда зависи каде живее човек вие некако ептен негативни сте ми :cautious:
 
Јас барам човек, нечовек. Да напрајме една организација, пошо преку глава ми е дојдено од добри луѓе околу мене, неможам да се вклопам.
 
Да не е малце претерано? Можеби во Скопје е токму така како објаснувате , но шознам , можеби дека сум од мало место немам видено толкави екстремности. Не дека и тука нема нечовечни постапки , но сепак има некој вид на "топлина" да го наречам , помеѓу луѓето.
 
Биди среќен ако го најдеш и бори се да го задржиш покрај себе.
Последно што паметам,од многуте случаи на нелуѓе,беше кога еден хендикепиран,кој одеше со помош на штаки,падна на земја кутриот и не можеше да стане.Покрај него минуваа луѓе,му упатуваа празни рамнодушни погледи и ладно го одминуваа,имаше и такви му се потсмеваа,но никој не се понуди да му помогне затоа што беше Ром и затоа што беше валкан.
Затоа некогаш во мене се буди Хитлер кој посакува смрт на многу нелуѓе.
 
1. Претпоставка: Ти му помогна.

2. Противречност: Хитлер сакал да го исчисти светот од Ромите и хендикепираните (покрај Евреите, хомосексуалците, Полјаците, католиците ...)
 
1. Претпоставка: Ти му помогна.

2. Противречност: Хитлер сакал да го исчисти светот од Ромите и хендикепираните (покрај Евреите, хомосексуалците, Полјаците, католиците ...)
1.Да,секогаш сум чувствувал порив да им помагам на послабите,незаштитените и на сите на кои им е потребна помош;
2.Напротив,само се обидов да ја искажам огорченоста кон такви појави во општеството кои се чувствуваат супериорни во однос на останатите,во случајов се потсмеваат на човечката мака.Не појдов во воен поход на Европа,иако таквите појави не заслужуваат да живеат.
 
Арно шо се отворила темава па да можат да си се пребројат Човеците на раат.
Дури ми залича на темата,ајде да изброиме до 1000 само без нумеролошки знаци.
Надвор салде Човек до Човек,само зависи кој со какви очи гледа.
Но дека во некого нон стоп владее само Човекот во него,алал да ви е на толкава самоувереност(да не речам самобендисаност),оти може па навистина сте салде човеци.
Не трудете се да го барате човекот наоколу,барајте го само во себе.
 
Да не е малце претерано? Можеби во Скопје е токму така како објаснувате , но шознам , можеби дека сум од мало место немам видено толкави екстремности. Не дека и тука нема нечовечни постапки , но сепак има некој вид на "топлина" да го наречам , помеѓу луѓето.

Седум пати нагласив дека не е муабетот за Скопје, туку во помало место од Скопје. Јеботе, ко во помалите места, сите совршени да се.
 
Јасно е одамна дека нема „човеци“, но има луѓе на планетава кои психички не се посилни од другите и не можат да ги издржат притисоците на секојдневниот живот и поради тоа и нема потреба да се обвинуваат дека се не знам си што.Тоа не значи сега дека тие луѓе се тотално неспособни, некои луѓе се способни за една работа и поседуваат некаква особена карактеристика за таа работа, некои не, сите се различни по карактер и затоа не треба да се гледа на тие луѓе како да се не знам што, нормално, не во случај на глумење и слично.И нема ама баш никој право да ги обвинува истите тие за плачење зошто може истото обвинување еден ден да ви се врати и да ви се удри во глава; можете и вие еден ден да станете исти како нив....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom