Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Некогаш сакам да сум се родел на некое друго место, ноншалантен, со мозокот на пасење. Навистина.
...
Трула држава, нефункционална. Гледаш да бидеш оптимистичен, ама мислам дека нема спас. Кога државата е таква, барем луѓето да се поинакви. Ама кога и таа и луѓето се толку оштетени и им се вградени погрешни вредности, ти иде едноставно да ја запреш планетата и да си слезеш од неа.
Прашувам, каде отидоа луѓето, луѓе. Каде отиде човекот, човек, каде отидоа оние вредности правилни за кои во паралелен универзум веројатно некој и пари дава за нив, но не може да ги добие.
Се надевам дека каде и да отишол, ќе се врати. Дотогаш, останете живи и здрави.
Зошто барате човек, човек? За да плукате на таквите?
Некогаш сакам да сум се родел на некое друго место, ноншалантен, со мозокот на пасење. Навистина.
Прашувам, каде отидоа луѓето, луѓе. Каде отиде човекот, човек, каде отидоа оние вредности правилни за кои во паралелен универзум веројатно некој и пари дава за нив, но не може да ги добие.
Се надевам дека каде и да отишол, ќе се врати. Дотогаш, останете живи и здрави.
Вечер сам сум дома, ќе дојдеш да ме почуваш?А бе и кога сакаш да помогнеш луѓето со скептичен поглед те гледаат.
Мене ми се деси пред неколку години, да и ја понудам мојата помош на една девојка, да и помогнам во носење на торбица. Ја знаев само на изглед оти ми беше комшика во другата зграда, најверојатно студентка. Ја видов дека се мачи и дека и беше тешка, едвај ја носеше, и пријдов и ја прашав, може ли да ти помогнам со торбицата. И она коа ме опули едно чудно, како од марс да сум падната. Ме изгледа од глава до пети и ми рече не, не ми треба. Добро и реков и заминав. Кога влегов дома излегов на тераса, оти сакав да видам кога она ќе стигне до пред влез. И требаа 15 минути после мене да стигне. Едвај одеше со таа тешка торбица во раце. Да ја прифатеше мојата помош ќе и беше полесно носењето. Ама вака се искилави. Не ја обвинувам за тоа што не прифати помош, ја разбирам дури, затоа што луѓето секогаш имаат задни намери.
Сепак и по таа случка, ако видам дека на некој му треба помош, а јас гледам дека можам да му помогнам, подавам рака. Најчесто кога ќе видам мало дете само на улица, обавезно го застанувам и го прашувам со кој е и каде е тој што го чува во моментот. За среќа до сега не ми се десило да налетам на изгубено детенце, па да мора да одам во полициска станица со него.
НЕ!Вечер сам сум дома, ќе дојдеш да ме почуваш?![]()
Значи не си човек, човек штом не им помагаш на луѓето на кои им е потребна помош.