Барам човек, човек.

  • Креатор на темата Креатор на темата Geezer
  • Време на започнување Време на започнување
Од вакви случаеви ми иде да се повлечам на некоја планина или рид далеку од цивилизација, да одгледувам храна и никогаш да не се вмешам во луѓе.
најубаво решение богами.
 
Добро е од твоја страна што го сподели ова на форумот . Но пази ( лично ти се обраќам ) ти со ова покажуваш премногу слабост. Со проблеми и неправди како оваа што ти ја опиша сите сме се сретнувале или ќе се сретнеме порано или подоцна , некој почесто некој поретко. На некој начин е нормално да се помине и тоа , имам проследено некои слични случаеви на твојот така да не зборувам на празно и не мислам дека сум многу паметен.
Колку е крива државата толку се и самите тие личности,поединци виновни , кои денес ги има се повеќе дури страв ми е да помислам и дека се побројни од "нормалните" , но што е тука е , касно е и неможеме јас,ти или некој друг од форумот да ги оправиме таквите структури на луѓе , сметам дека само во поголем проблем би се ставиле.
Пак ќе повторам , ја разбирам твојата фрустрација , макар свесен си и сам како што кажа погоре , слично може да му се случи на некој поблизок ,па епилогот би имал и подруг тек .
Мислам дека доволно долго го искажав своето мислење за да бидам сватен , сепак би напишал повеќе , но да не избегаме од темата.
KTBFFH ;)
 
Од вакви случаеви ми иде да се повлечам на некоја планина или рид далеку од цивилизација, да одгледувам храна и никогаш да не се вмешам во луѓе.

Ќе задоволуваш сексуални страсти со диња?

Не бива без луѓе...
 
Сакам да бидам Човек....со оглед дека сега човештвото
не е на ниво на кое треба да биде и кога човекот се уште
не постанал човек, затоа мојте стремежи ќе бидат
управени кон таквите цели. Тоа се мојте идеали.
--------------------------------------------------------------------------------------
Херојот од сликата го кажа ова
 
Такво време дојде, живееме како терминатори. Општеството (не само во Македонија, цел свет е таков помалку или повеќе), парите, моќта, алчноста ја уништуваат душата на човекот, затоа дотеравме до таму кај што сме. Се надевам конечно ќе паднеме на дното, за после тоа да почнеме да се искачуваме нагоре.
Инаку, Geezer, не мора да го бараш човекот, веќе си го нашол, само погледни во себе.
 
Добро е од твоја страна што го сподели ова на форумот . Но пази ( лично ти се обраќам ) ти со ова покажуваш премногу слабост. Со проблеми и неправди како оваа што ти ја опиша сите сме се сретнувале или ќе се сретнеме порано или подоцна , некој почесто некој поретко. На некој начин е нормално да се помине и тоа , имам проследено некои слични случаеви на твојот така да не зборувам на празно и не мислам дека сум многу паметен.
Колку е крива државата толку се и самите тие личности,поединци виновни , кои денес ги има се повеќе дури страв ми е да помислам и дека се побројни од "нормалните" , но што е тука е , касно е и неможеме јас,ти или некој друг од форумот да ги оправиме таквите структури на луѓе , сметам дека само во поголем проблем би се ставиле.
Пак ќе повторам , ја разбирам твојата фрустрација , макар свесен си и сам како што кажа погоре , слично може да му се случи на некој поблизок ,па епилогот би имал и подруг тек .
Мислам дека доволно долго го искажав своето мислење за да бидам сватен , сепак би напишал повеќе , но да не избегаме од темата.
KTBFFH ;)

Јас се сретнувам постојано, буквално. Сега решив да споделам овде. Сум пишувал и на други места, со зборувал по дебати, со блиски луѓе околу мене. Слабост покажувам, ама слабост покажува оној кој е малцинство, кој е понемоќен од другиот, таквиот, квантитет победува наспрема квалитет. Голем број на вакви ментални склопови, наспроти многу мал број, како мене, нас.

Не можеме јас и ти, затоа што така викаме и не дејствуваме, на поголеми стази. Јас ќе направам вакво нешто, ти, или некој друг, но тоа е само еден мал дел. Акцијата нивна, мора да има реакција наша. Разумна и нормална. Не да ги воспитуваме и да им наметнеме систем поинаков од нивниот, туку да си тераме по наш терк, самите ќе видат и ќе увидат, дека можеби и грешат.
 
Пред неколку години кај мене пред зграда, мене и моја другарка не нападна наркоман со нож. Ножот и го држеше на другарка ми на грло, а ја врескав ко луда, али џабе никој не излезе ниту на тераса, а камо ли да викне полиција (И да, исто во центар на Скопје). Таа траума ме држеше бајаги време. Така што ова, за жал, не ми е чудно.
Во полиција пријавивме, али...џабе. „Логично“ нели?
 
Пријателе што се чудиш ке ти кажам од личен пример.Мајка ми враќајќи се од гости пред едно 3 години зимно време.Ја има нападнато некој непознат имајќи намера да ја земе ташната ама мајка ми цврсто држење никако не давала.Бидејќи има малку вишок на килограми и негде висока е 1.60 има паднато од тоа влечење викајќи помош помош само еден излегува на прозор погледнува и се враќа назад.Ама среќа некој си Ром од околниве куќи излегува и непознатиот бега.Мајка ми се враќа целата со снег пред врата чиниш гледаш Снешко.И таа ми кажува како не му беше срам да не излезе и да не помогне кој знае што ке ми се случеше да не излезеше тој од околните куќи.И сега си има претрпено страв сирота па кого ке се стемни зимно или летно време на мене ке ми врти да ја земам или не излегува.
Така да одамна луѓето изгубија човечност и секогаш се трудам да најдам помеѓу луѓето ЧОВЕК
 
арно рекле старите.
Чотеко од рајот е излезен.
Јас кога бев мал обожавав да си играм со оган. Еднаш на грешка ја запалив сувата трева зад куќа и ја зафати сливата на комшијата ама малку. Комшијата ме виде, ме фати и ме однесе за партал дома. Татко ми ви втера таков шамар што и ден денеска имам фобија од кибритчиња. Секад кога ќе фатам запалка ми зуи во уште: да не те видам уште еднаш да си играш со оган. :( :( :oops:
 
Јас се сретнувам постојано, буквално. Сега решив да споделам овде. Сум пишувал и на други места, со зборувал по дебати, со блиски луѓе околу мене. Слабост покажувам, ама слабост покажува оној кој е малцинство, кој е понемоќен од другиот, таквиот, квантитет победува наспрема квалитет. Голем број на вакви ментални склопови, наспроти многу мал број, како мене, нас.

Не можеме јас и ти, затоа што така викаме и не дејствуваме, на поголеми стази. Јас ќе направам вакво нешто, ти, или некој друг, но тоа е само еден мал дел. Акцијата нивна, мора да има реакција наша. Разумна и нормална. Не да ги воспитуваме и да им наметнеме систем поинаков од нивниот, туку да си тераме по наш терк, самите ќе видат и ќе увидат, дека можеби и грешат.
Го почитувам твоето мислење , но сепак колку и да е благодарно да пробам некогаш во животот да "оправам" некого , би се прашал прво себеси , дали некој мене ме така оправал ? Дали сум имал проблем со рандом грешни дејствија ?
Барем сега засега , во нормални услови колку сум успеал да се усовршам , сум се усовршил но кога е во прашање човечкото , никогаш не сум останал без одговор.
Тогаш , ако можам јас и уште многу други , зашто некој да неможе?
Логичниот одговор би бил дека тој некој што неможе има проблем , фала богу денес постојат толку многу установи и предпријатија кои се занимаваат со секакви проблеми. За жал , некои ќе сватат дека тие самите , или нивните деца или некој близок има проблем кога ќе биде предоцна , кога ќе убие некого , кога ќе силува некого , кога ќе се самоубие или слично , за жал , едукацијата ( мислам дека ти ја спомна во предходните мислења ) како едукација , не се сваќа доволно сериозно , некако тој процес се прескокнува...

/edit Наместо Логичниот одговор горе проблем сум пишал у брзање.
 
"...децата на оваа возраст се испуштени од раце, недоволно едуцирани на училиште, недоволно воспитани од домашните, родителите." зборуваш како сите деца на таа возраст се такви, не можеш да ги ставиш сите во ист кош само поради некои 'скитници', невоспитани од пропаднати фамилии. Значи многу ме нервираат такви заклучоци, како денешните деца не чинеле, такви биле, онакви биле, бла бла бла. Отсекогаш имало такви бараби но има и голем број деца што постигнуваат одлични резултати било на поле на учење било на поле на спорт и сл. Ама секако тоа не се ни спомнува, важни се само глупостите на таквите изроди па по тоа да се етикетира младината како целина, страшно..
 
Кој етикетира, зборувам за поголемиот дел. Зборував во негативен контекст, затоа што таква беше и приказната. Не реков СИТЕ, да речев, ќе беше во ред реплицирањето твое.

Секаде и за се, има исклучоци. Од цел текст, ако се фати за тоа, тогаш не знам што да ти речам, навистина.
 
"...децата на оваа возраст се испуштени од раце, недоволно едуцирани на училиште, недоволно воспитани од домашните, родителите." зборуваш како сите деца на таа возраст се такви, не можеш да ги ставиш сите во ист кош само поради некои 'скитници', невоспитани од пропаднати фамилии. Значи многу ме нервираат такви заклучоци, како денешните деца не чинеле, такви биле, онакви биле, бла бла бла. Отсекогаш имало такви бараби но има и голем број деца што постигнуваат одлични резултати било на поле на учење било на поле на спорт и сл. Ама секако тоа не се ни спомнува, важни се само глупостите на таквите изроди па по тоа да се етикетира младината како целина, страшно..
Geezer ти одговори , но сепак да додадам нешто.
Генерално , свесни сме сите дека генерациите кои доваѓаат се , се полоши во секој смисло , пази ГЕНЕРАЛНО и во просек гледано.
Некој ќе рече за тоа се виновни компијутерите,интернетот , пак да се вратам на моето предходно мислење , ЕДУКАЦИЈАТА е таа што недостасува , компијутерите и интернетот можат многу да бидат корисни во едукацијата , но доколку не се применуваат правилно , довања до неред , не би сакал се што можам да замислам под неред да напишам , страв ми е можеби некој што не треба ќе ми го прочита коментарот и утре ќе направи хаос , нели на форумот скоро секој има пристап ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom