Интересна статија напишана од страна на - мајка.
Кој го интересира цела - нека ја прочита, јас ќе се задржам само на тоа што е важното:
7 работи кои децата ги прават во ресторани и се НЕПРИФАТЛИВИ
1. Вриштење
Кога вриштењето ќе започне, родителите треба веднаш да тргнат кон првиот излез за да го смират детето. Чекањето детето да престане да вришти или обидите за преговори со него не се опција кога сте во просторија полна со луѓе кои се обидуваат да јадат.
2. Менување пелена на маса
Се случува... а не смее. БЕЗ исклучоци.
3. Да играат на ,,телефони,, гласно
Сите ние на нашите деца им ги даваме нашите Ајфони, Ајпеди, Ајштобило за да им го одвлекуваат вниманието за време на оброкот. Но гласот мора да биде исклучен или сосема тивок, во зависност од атмосферата во ресторанот.
4. Трчање низ ресторанот
Ако е фаст фуд, е една работа, но ако е ресторан во кој се предвидува седење, тогаш децата треба да го прават баш тоа - да седат. Се останато, покрај тоа што е некултурно, е и опасно.
5. Да фрлаат храна
Не мораше да го додадам ова, но некои родители се едноставно безосетни.
6. Да прават неред
Океј, понекогаш се случува, и кога ќе се случи, родителите треба да се потрудат да го исчистат нередот, а не само да остават така на вработените. И што и да правите, НЕ ИМ ДОЗВОЛУВАЈТЕ на децата соларникот да го користат како играчка.
7. Да се мешаат во оброкот на другите на каков било начин
Сега, само ако погледот врз децата предизвикува проблеми со варењето, немам зборови за тие луѓе.
Но, ако децата лазат околу сепарињата, ги удираат столиците на другите луѓе, или на било кој начин го предизвикуваат нивното внимание - децата не треба да бидат таму.
Извор:
http://thestir.cafemom.com/toddler/152938/7_things_kids_do_in
И еве уште еден текст, кој препорачувам да се прочита, а од него ќе ги издвојам само заклучоците (иако авторот има се убаво објаснето):
1. Кога вашето дете ќе почне да се однесува недолично, бидете внимателни и изнесете го детето од ресторанот.
2. Ако не можете да го убедите да се однесува пристојно, замолете да ви ја спакуваат храната за носење.
3. Обидете се да го средите хаосот што го направило вашето дете.
4. Не е во ред вашето дете да го уништува оброкот на сите во ресторанот.
5. Можеби вашето дете треба да биде малку постаро пред да го однесете во ресторан.
6. Објаснете му на вашето дете дека јадењето во ресторан е привилегија, а не право.
Извор: http://www.chicagonow.com/good-bad-parents/2012/12/restaurants-well-behaved-kids-welcome/