Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Колку пати ти се има случено во сред ресторан да начекаш да се менува пелена и да гледаш гомна додека јадеш и колку пати ти има дојдено дете рандом баш тебе да те замара ако пред тоа не го поканиш на некој начин?
Зборувам за деца во нормална фаза, не дента ако не му е како што треба и квичи цел ден и сака да ти враќа ти да го однесеш во тивок ресторан или сл.

Во ресторан мене дете не ми пришло. Мада на сепареа или маси до моето/мојата имало немирни деца што скокаат, пиштат итн итн. Во авион ми има дојдено мало детенце и ми има застанато одма до мене да ме ѕвери. Непријатно е, родителите треба да си го приберат.
 
И они плаќаат за да се чувствуваат добро, на некој може му смета пр. твојата боја на коса, глас, лик...

Ко што приметувам ти имаш личен проблем со поимот деца, исто ко што некои имаат со педери, припадници на различни политички партии, националности и сл.
Ти ѓомити, трол ќе да си, а?
Само да те подсетам! Според троловскиот кодекс, усвоен на светската конвенција од 1032ра ПХ, секој трол мора искрено и без долговлекување да одговори на ова прашање!

Зборувам за деца во нормална фаза, не дента ако не му е како што треба...
АХАХАААХАААА... ОК.
 
Ти ѓомити, трол ќе да си, а?
Само да те подсетам! Според троловскиот кодекс, усвоен на светската конвенција од 1032ра ПХ, секој трол мора искрено и без долговлекување да одговори на ова прашање!

АХАХАААХАААА... ОК.

Ѓомити ти имаш над 16 години?
 
И они плаќаат за да се чувствуваат добро, на некој може му смета пр. твојата боја на коса, глас, лик...

Ко што приметувам ти имаш личен проблем со поимот деца, исто ко што некои имаат со педери, припадници на различни политички партии, националности и сл.
--- надополнето: 13 август 2013 во 17:46 ---

Колку пати ти се има случено во сред ресторан да начекаш да се менува пелена и да гледаш гомна додека јадеш и колку пати ти има дојдено дете рандом баш тебе да те замара ако пред тоа не го поканиш на некој начин?
Зборувам за деца во нормална фаза, не дента ако не му е како што треба и квичи цел ден и сака да ти враќа ти да го однесеш во тивок ресторан или сл.

Паралелите ти се дури смешно погрешни :)

Правото на слобода на една личност завршува кога го попречува правото на слобода на друга личност.
Имено, мојата коса на никаков начин не го попречува нивното јадење, пиење, спиење, зборување.
Урлањето на некоја личност, или смрдешките на некоја личност, дефинитивно влијаат на јадењето на останатите, разговорот на останатите... итн.

Секој има право што сака да прави, се додека не пречи на останатите.

Што се однесува до начекувањето на пелена мењање, срам ме фаќа да ти кажам колку пати.
И за второто исто. Почесто гледам разулавени, него питоми деца.

Мене многу ми е гајле каков му е денот, не ми се во ординација. И мене може не ми е денот па нема да сечам вени во сред ресторан.
 
Интересна статија напишана од страна на - мајка.
Кој го интересира цела - нека ја прочита, јас ќе се задржам само на тоа што е важното:

7 работи кои децата ги прават во ресторани и се НЕПРИФАТЛИВИ

1. Вриштење
Кога вриштењето ќе започне, родителите треба веднаш да тргнат кон првиот излез за да го смират детето. Чекањето детето да престане да вришти или обидите за преговори со него не се опција кога сте во просторија полна со луѓе кои се обидуваат да јадат.

2. Менување пелена на маса
Се случува... а не смее. БЕЗ исклучоци.

3. Да играат на ,,телефони,, гласно
Сите ние на нашите деца им ги даваме нашите Ајфони, Ајпеди, Ајштобило за да им го одвлекуваат вниманието за време на оброкот. Но гласот мора да биде исклучен или сосема тивок, во зависност од атмосферата во ресторанот.

4. Трчање низ ресторанот
Ако е фаст фуд, е една работа, но ако е ресторан во кој се предвидува седење, тогаш децата треба да го прават баш тоа - да седат. Се останато, покрај тоа што е некултурно, е и опасно.

5. Да фрлаат храна
Не мораше да го додадам ова, но некои родители се едноставно безосетни.

6. Да прават неред
Океј, понекогаш се случува, и кога ќе се случи, родителите треба да се потрудат да го исчистат нередот, а не само да остават така на вработените. И што и да правите, НЕ ИМ ДОЗВОЛУВАЈТЕ на децата соларникот да го користат како играчка.

7. Да се мешаат во оброкот на другите на каков било начин
Сега, само ако погледот врз децата предизвикува проблеми со варењето, немам зборови за тие луѓе.
Но, ако децата лазат околу сепарињата, ги удираат столиците на другите луѓе, или на било кој начин го предизвикуваат нивното внимание - децата не треба да бидат таму.

Извор: http://thestir.cafemom.com/toddler/152938/7_things_kids_do_in

И еве уште еден текст, кој препорачувам да се прочита, а од него ќе ги издвојам само заклучоците (иако авторот има се убаво објаснето):
1. Кога вашето дете ќе почне да се однесува недолично, бидете внимателни и изнесете го детето од ресторанот.
2. Ако не можете да го убедите да се однесува пристојно, замолете да ви ја спакуваат храната за носење.
3. Обидете се да го средите хаосот што го направило вашето дете.
4. Не е во ред вашето дете да го уништува оброкот на сите во ресторанот.
5. Можеби вашето дете треба да биде малку постаро пред да го однесете во ресторан.

6. Објаснете му на вашето дете дека јадењето во ресторан е привилегија, а не право.

Извор: http://www.chicagonow.com/good-bad-parents/2012/12/restaurants-well-behaved-kids-welcome/
 
Оф море...
Не е дискриминација, ако после недолично однесување на детето, некој ве избрка од ресторан. Но, дискриминација е ако воопшто не е дозволен влез за одредени личности. It's as simple as that.

BTW, ресторан е јавно место?
 
Хммм... Не се сеќавам дека мене ме седнувале на нокшир во ресторан. На МАСА.
Тебе да? ;)

Не мислев на тоа баш. Трчање викање урлање и сл. на јавни места. Јас кога ќе ми подвикнеа знаев да се смирам,ама има деца што незнаат.Одери ги и пак си тераат исто.Допуштени од родители..
--- надополнето: 14 август 2013 во 11:58 ---
Оф море...
Не е дискриминација, ако после недолично однесување на детето, некој ве избрка од ресторан. Но, дискриминација е ако воопшто не е дозволен влез за одредени личности. It's as simple as that.

BTW, ресторан е јавно место?

Освен ако не го откупиш целиот ресторан-резервираш само за тебе и детето :pos:
 
Освен ако не го откупиш целиот ресторан-резервираш само за тебе и детето :pos:

Цитро, мислев нешто како приватна сопственост каде што газдата може да си поставува услови кој може да влезе, а кој не? Разбираш?
 
Абе до кај стигнавме со забраната за деца по ресторани?:cool:

Ја лично едвај чекам малиов мој некојпут да напраи некоја од горевадениве страшни работи, и да дојде келнерот, шефот, обезбедувањето, насилно да ме исфрлат од ресторанот.
 
Оф море...
Не е дискриминација, ако после недолично однесување на детето, некој ве избрка од ресторан. Но, дискриминација е ако воопшто не е дозволен влез за одредени личности. It's as simple as that.

BTW, ресторан е јавно место?

Е, од приватен карактер :)
--- надополнето: 15 август 2013 во 02:51 ---
Абе до кај стигнавме со забраната за деца по ресторани?:cool:

Ја лично едвај чекам малиов мој некојпут да напраи некоја од горевадениве страшни работи, и да дојде келнерот, шефот, обезбедувањето, насилно да ме исфрлат од ресторанот.

За еден кафич кој од блиску го познавам, а не е тој што претпоставуваш (тој што го претпоставуваш одамна важи дека ако некој се однесува непристојно (кој сака нека е) ќе биде отстранет без компромиси) од последно време имаат малце построга политика во однос на децата.
И им функционира, што е најдобро.
Иако не верувам дека твоето дете е од ,,тие,, или ти си од ,,тие,, ако ете, се погодите таму, и правите непосакувани нешта, нема да ви простат :)
--- надополнето: 15 август 2013 во 02:52 ---
Не мислев на тоа баш. Трчање викање урлање и сл. на јавни места. Јас кога ќе ми подвикнеа знаев да се смирам,ама има деца што незнаат.Одери ги и пак си тераат исто.Допуштени од родители..
--- надополнето: 14 август 2013 во 11:58 ---

Освен ако не го откупиш целиот ресторан-резервираш само за тебе и детето :pos:

Точно така. И родителите треба да бидат санкционирани.
Следен пат нема да се случи истото - барем не од нив на истото место.
 
Слободен е да прави секој што сака се додека не ја наруши слободата на другите.

Право на слободно движење, го има во Универзалната декларација.

И двете права би ги негувал се додека не ја остварат негативната страна, тоа забранетото.
А во слобода подразбирам слободно да ужива во оброкот, излегувањето, разговарањето, пиењето и така натака. Секое искрснување од страна кое би пречело во остварувањето на слободава, би понело со себе некаква реакција. Што се однесува до деца никогаш не ми сметале и немам ништо против нив. Тие се само мали човечиња кои обично сеуште не се свесни за нивното однесување и последици, па од тука и оставам простор за толеранција. Но не секој човек би оставил простор, што е нормално негово право и не е грешка.

Забрана не би воведол, но реагирање во случај на нарушување би воведол. Тоа би се движело помеѓу културна молба и предупредување, па до напуштање на самото место.
 
Нормално дека ќе се движи, ќе оди во WC, ќе седне, ќе стане.
Трчање и урлање се движење, но исто така пречат на другите.
Што значи правото на движење, попречува нечие туѓо право.
И тука престанува правото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom