Како и кога станавте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување
Ја станав атеист на 10-11 години кога увидов која пародија од „побожност“ се случува во институционализираната црква, какви се магии, бесмислени суеверија и неразумски празноверија практикуваат луѓево и едноставно не сакав да бидам дел од таа „хипнотизирана раја“. И така станав атеист. Кога моите ме носеа на некој празник во црква, они влегуваа, а ја како некој „ѓавол“ седев надвор и ги чекав да излезат.

Сепак мојот атеизам траеше доста кратко, бидејќи кога се запознав и заљубив во природните науки, сфатив дека Универзумот и животот апла сведочат дека се создадени и дизајнирани од некое интелигентно битие. Потоа го гледав филмот „Исус од Назарет“ и таму ме фасцинираше една сцена каде што Исус влегува во Храмот, прави камшик од јажиња и ги истерува „бизнисмените“ од таму и им ги растура тезгите. Си реков: Тоооо, еве го мојот херој :) Тука за прв пат си ги раздвоив во мојата глава вербата во Бог и изветопереното и лицемерно „христијанство“ кое што го познавав. Си реков: Нема потреба вината на едното, да ја префрлам на другото. И така станав фан на Исус :) Останатиот дел од приказната на некоја друга тема, бидејќи веќе сум офтопик тука. Позз.
А замисли да си го гледал „Тарзан“...ке си останал атеист и сега ке ни ја објаснуваше Дарвиновата теорија...
Абе ајде ке ти се молам......добри причини кажа како да се постане Христијанин...:pos:
 
Абе ајде ке ти се молам......добри причини кажа како да се постане Христијанин...

Темата овде не е како и кога станавте христијани, туку како и кога станавте атеисти.
Јас во мојот пост пишав како станав атеист и како мојот атеизам заврши. До тука е приказната за оваа тема. Тоа што пишав дека сум станал фан на Исус го означува само крајот на атеизмот и почетокот на мојот пат до прифаќањето на Исус и станувањето христијанин.

И те молам не продолжувај офтопик. Имај милост кон темава и почит кон правилата.
 
Јас порано ептен верував во вакви работи, не бев фанатик и такви глупости секоја недела во црква да одам, да кажувам молитви пред спиење, туку едноставно чувствував голем страв а нешто ми се случи одма си поврзував со ѓаволот со бог и сл. Но така беше се додека не тргнав во средно, и почнав да размислувам на друг начин и да поставувам многу прашања. Така сфатив дека во религијата има многу нелогичности и покрај тоа сфатив дека религиите и не се толку чесни и чисти и му служат на човекот. Сфатив дека црквата претставува проституирање на христијанството, и не само кај христијанството, туку и кај другите религии. Потоа добивав коментари од типот на: ти не веруваш во црквата или свештеното лице, туку во бога. Но, можеби ќе ви звучам чудно, но ќе ја искористам божествената комедија. Иако Данте бил екстремен религиозен фанатик, преку неговото дело всушност сфаќаме дека црквата го користела задгробниот живот за манипулација со народот како грешните ќе одат во пеколот итн да не навлегувам во друга тема. Но, ваквата индоктринација не започнува во средниот век, тоа се случувало и порано, уште во праисториско време со појавата на првите религии. Еве да отидеме и понапред кога веќе религиите се инсталирани насекаде низ светот. Благодарение на нив се шири ултраконзерватизам, посебно во исламот, за тоа не сакам ни да коментирам. Не знам дали некогаш луѓето ќе сфатат колку се лажат себе си со тоа што палат свеќи, оставаат пари по тоа иконите, литро зејтин и не знам уште што, колкав имот е под јурисдикција на црквата. Колку го богатат црковниот имот за џабе. Еве и друг пример ќе искористам, каков бенефит има религијата врз народот, кога христијаните не се поднесуваат едни со други како маче и куче и насекаде владее верска нетолеранција. Зошто? Нема потреба од тоа! Во Сирија, ги колат христијаните како не им е срам да се засрамат. Да убијам човек зашто почитува така да се изразам „замислен пријател“. Потоа ќе ги спомнам и училиштата за бомбаши-самоубијци во Блискиот Исток, каде што мали деца ги изолираат од секаков медиум и им индоктринираат „вредности“ од Куранот дека е добро да умреш за својата земја, Алах ќе има посебно место за тебе и сл. За греота мали деца гинат зашто на некој дегенерик така му текнало. Ќе се надоврзам и на науката, бидејќи и таа има огромна улога во тоа луѓето да почнат свесно да размислуваат и да кажат СТОП на религијата чекај малку ти ова што ми го проповедаш и не е баш така. Воскреснувањето на Исус и баш не би можело туку така да се случи. Науката полека си го покажува своето лице и сите мистерии полека се откриваат, но религијата уште од самиот почеток, односно кога ја создал човекот уште не си го покажала лицето. Но, зошто? Тоа е зашто самиот човек и го сокрил со маска, зашто самиот човек ја креирал, но сите се прават слепи, односно им одговара да бидат слепи, зашто религијата им го нуди тоа што на сите им треба: наоѓаат мир дека постои живот по смртта кој е вечен си го решаваат проблемот на многу интересен бидејќи никој нејќе да се задоволи со тоа дека толку е нема ништо после смртта. Зошто по историја учиме дека во првобитното општество поразумните вешто ја користеле религијата за да создадат власт, а не бог се симна и ги реши сите проблеми? Јас претерав малку повеќе од што треба со пишување, ама сакав да си го кажам тоа што го мислам :D
--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:52 ---
Јас колку што сфатив Чорбаџија, ти не го почитуваш христијанството, но Исус како личност, како карактер ти е идол. Неговите дела те фасцинираат, но сега малку не ми стана јасно, сите натприродни способности на Исус ги толкуваш како некоја алегорија за совршенство, како нешто најчисто, или едноставно си веруваш во тие приказни дека така биле и тоа те задоволува? А инаку тоа што кажа дека кога си се заљубил во природните науки си сфатил дека МОРА да е дело на интелегентно битие малку не ми се допадна и сепак ме наведе на тоа дека ти веруваш во натприродните способности на Исус.
--- надополнето: 21 септември 2013 во 00:53 ---
А замисли да си го гледал „Тарзан“...ке си останал атеист и сега ке ни ја објаснуваше Дарвиновата теорија...
Абе ајде ке ти се молам......добри причини кажа како да се постане Христијанин...:pos:

Втортиот дел од коментарот ми се соодветствува на овој пост, малку лошо го напишав :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom