Како и кога станавте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување
На неполни 17 години официјално се одреков од верување во Бог и слични работи иако сомнежи околу нивното постоење имав од најрана возраст. Минував низ лош период и го кривев Бог за тоа па го ставив прстот на глава и почнав да размислувам надор од кутијата. Сега ми е полесно, работите ги зедов во мои раце :)
 
Како станав атеист? Хммм, можеби почна со тоа што верниците (христијани претежно) во моето окружување си имаа секој своја замисла за бог (христијанскиот бог), сите во различно веруваа (се прашувам сега дали и веруваа) и не добив никогаш вистинска претстава за тоа каков е тој бог во кој викаат дека веруваат, и што тој им значи на нив во животот. Типични традиционалисти, си тераа се што им кажале нивните родители а тие пак се што нивните им кажувале и така све се вртеше околу традицијата а бог и вербата ги имаше најмалку во приказната.

Друго, јас не верувам дека некогаш почуствував вистинска потреба од бог. Да има некој таков над мене кој би го чуствувал како татко (што викаат некои христијани) мој заштитник или шо знам таму што. Се родив во христијанско семејство но од секогаш гледав на христијаните и нивната религија како на секоја друга, како на секое верување во божество. Не гледав разлика помеѓу оние што веруваа во сонцето, во времето и невремето, во Зевс, Атена или римските богови. Сите ми беа исти. Не гледав ништо посебно во ниедна религија поради кое би помислил некогаш дека нивниот бог можеби навистина постои. Го разбирав нивното чуство, нивната почит и љубов кон тој бог, ја разбирам и потребата на некои од нив да веруват дека постои нешто како бог. За некого тоа е навистина неопходно, но јас никогаш не чуствував такво нешто, таква потреба. И дури и да има бог, јас верувам дека со моите морални вредности и начинот на кој го живеам мојот живот сега, не би му бил нешто одбивен и незнам дали и колку би бил разочаран од неговата креација "јас". Нити сум националист, ниту расист ниту правам било каква поделба на луѓето. Светот го гледам како едно нешто, сите луѓе и животни ги почитувам и си го живем мојот сон, мојот живот како што и се трудам да не влијаам некако лошо на другите околу мене. Ако навистина има некој создател на светов, треба да е ептен "мајмун" за да не го испочитува ова.

Трето, не ми се допаѓа организирана религија. Ако има бог, не би барал такви смешни ствари како што пропагираат религиите. Ако има бог, не би имало поделби. Ако некој не создал сите, би сакал да има единство, не вакви срања како што се случуваат.

И не станав атеист само ради овие работи, ова беше почетокот. Така почна, ама мислам дека најмногу влијаеше отсуство на чуството, потребата моја од бог. Едноставно, ја нема. Нема бог во мојот живот.
 
мислам дека е јасна темата ...
следни офтопци ќе си лапнат казнени поенчиња :)

Како и кога станавте атеисти - немој и тука да си ги мерите или да се обидувате како и секаде да убедувате некого дали постоел „Бог“, едноставно е ..
нешто ко исповедалница ќе му дое темава :)

Амин чеда мои ;)
 
Верувам во неистражена енергија, со непознат облик и карактеристики... Верувам дека на човештвото му претстојат многу новости и откритија кои ќе придонесат да се одгатне најголемата мистерија на денешницава...
Е сега, не можам да верувам дека сето тоа се базира на моќноста од еден лик (Бог), без разлика на тоа - што се крие зад тој поим... Мислам дека се работи за нешто толку многу комплексно, што ние со нашава моментална ментална еволуција немаме шанса да доприме до некаков си одговор на тие безброј прашалници...
Никако не можам да прогледам низ прсти, и да верувам дека од ништо - настанало нешто... и уште помалце дека сето тоа е резултат од желбата и креативноста на поединец.
Така да, би верувал во Бог, но јас имам сосема различна дефиниција за него, неговиот облик и неговите способности.
А овај Бог за кој пишува во Библијата, мислам дека нема допирна точка со реалноста. Па дури мислам и дека реалноста не е константна, и таа трпи измени и се адаптира врз моментални услови во кои егзистира.
Верувам дека не можам ни да изфантазирам што всушност се случува таму горе низ мултиверзумов...
 
Роден сум во христијанска фамилија која за среќа не обрнвела многу внимание на религија освен на божиќ, велигден и имендени, слави. Знам само баба ми секогаш пред да легнит се крстеше и ние со брачеди ми се зафркававме околу таа работа.
Лично никогаш не сум вервел во господ, ама ко мал се имам молено пред тестој и слични работи и еднаш во 7 одделение постев, ама овие работи појќе ги праев од мода отколку заради вервење. Негде околу 15-17 години ја прочитав библијата (исто така во тој период имам читано и делови од коранот) и си реков WTF is this shit??? ама не го соопштив моето мислење јавно зошто живеев во средина од скоро 100% верници и ова тема беше табу. Имав еден познаник шо сите викаја леле атеист е, ваков е, таков е, ја повиквит сатаната, се дрогират....... Арно ама во 4 година средно имав професор Атеист со кој поразговарав на вакви теми и религијата ја оставив зад себе и се обрнав кон науката, ама сеуште бев “in the closet“ на таа тема зошто не познавав некој врсник шо го делит истото мислење со мене.
Дојдов на факултет и до факултетот имаше мало црквиче и на еден колега на зафрканција му реков види пред да ојш на факултет овде да си дојш и да се помолиш (зборвиме за Романија со 98% верници) и ми рече јас не сум по овие работи и во тој момент се осетив исполнето и си реков имало некој ко мене. Тогаш и интернетот почна да се ширит и да станвит многу подостапен и можев сам да одлучам во шо да (не)вервам.
Денес сум критичар на религијата, дебатирам со мои колеги не за да го прифатат моето мислење туку да го погледнат нештото надвот од кутијата од повеќе агли пред да тврдат дека тоа е така. Посетувам цркви и манастири, но тие за мене немаат духавно, туку архитектонско значење. Исто така сметам дека религијата во минатото одиграла значајна улога во зачувувањето на единството на македонскиот народ при борбата против Османлиите.
 
Како мал не сум бил некој верник, иако ми беа доста интересни приказните од Библијата, ми беа и доста апсурдни поради фактот што во скорешно време не ми била дадена конкретна причина за јас да вервам во Бога или друга надприродна сила. И како што растев и го осознавав светот околу себе дојдов до мислење дека се е то измислена работа, поради постоењето на повеќе монотеистички и политеистички општества, па и фракции во самата религија што се обидуваат да ми ја наметнат, арогантното пропагирање на постоење на еден бог и негирањето на друг, религиски радикализам и војни во името на Бога. Ја почитувам иницијалната намена на религијата за слога и љубов меѓу луѓето, сметам дека низ историјата била потребна за унифицирање на народите, но и злоупотребена како инструмент на власта.
Summa summarum смешно ми е да верувам во некој голем мастер план, искован од креаторот на овој свет, и да му се молам да не ми го одземи милото во животот или да ми го даде тоа што ми треба, верувам дека секој си е одговорен за тоа што му се случува и креатор на сопствената судбина.
 
Зарем не сфаќате дека религијата е перење на мозокот и управување со човештвото , дај барем свестетесе 21 век сме , наместо да одиме нанапред ние се враќаме наназад. Премногу е излишно да се верува во некоја стара книга која за мене е само едно литературно дело со бајки. Приказните во кои "треба" да веруваме,кои се научна фантастика испреплетени со голема контрадиторност.Господ го создал мажот од глина па од неговото ребро ја направил жената...... па после тие родиле деца па после децата бракја со сестри си се спариле и тие изродиле деца, сигурно тогаш господ му го немал забрането инцесо а и поголем број од сегасшните генерации знаат што роизлегува од крвно поврзани родители. Па после магично Марија ке затрудни со хименот на неа ... и мн ме чуди што по толку мн години не се има некоја појавено трудна а девица :O. Како и да е речиси за поглоем дел од овие работи има научни докази и експерименти , посебно за настанокот на живиот свет , коацерватна теорија , дарвинова , итн..
 
Мене лично никогаш не ме привлекувала организираната религија,туку отсекогаш сум се интересирал за мистиката.За време на пубертетот и некое време потоа,ги истражував мистичните правци во христијанството,јудаизмот,исламот,источните религии,но не дојдов до некои посебни резултати,туку тоа беше само некој нивни начин на реклама и себепромовирање.Со самото прифаќање на некој посебен правец,автоматски промовираат некој посебен традиционалистички начин на живот,и тоа доведува до влегување во клопката на таа одредена организирана религија.И со самото тоа сватив дека мистиката како таква не постои во никоја религија,туку тоа се само илузионистички методи за придобивање и перење на мозокот.А што се однесува до приказните за создавањето на светот нив никогаш не сум ги прифаќал како вистинити,бидејќи сум размислувал уште тогаш реалистички и логички и нив сум ги сместувал во доменот на заостанатото и неписменото сваќање на нашите предци.Ако беше тоа вистина во однос на тоа што го прават православните погребувајќи ги своите мртви дотерани и со јадење и пари,тогаш муслиманите би биле најсиромашните и најбедните преминувајќи во тој задгробен живот.
 
Она кое не ми е јасно е зошто потреба да се станува атеист, зарем голем дел од населението некогаш биле теисти?
Јас сум со став дека религијата е нешто ко одење на одмор во Грција, го прават за да не ги зборат комшиите, не дека некој навистина верува.
Јас сум немал поголем контакт со верници, најверојатно затоа што луѓето со кои се дружам имаат барем средно завршено.
 
Јас сум со став дека религијата е нешто ко одење на одмор во Грција, го прават за да не ги зборат комшиите, не дека некој навистина верува.

Се сложувам со тоа дека повеќето „христијани“ се по традиција христијани, поима немаат зошто носат крстче околу врат, поима немаат кој бил и што направил Исус, која била Неговата мисија и сл. Нивната вера се состои од еден куп суеверија измешани со народни обичаи. Да, суеверни се, но не се атеисти, туку теисти кои имаат страв од Бог, но немаат ниту површно знаење за христијанскиот Бог. Вистинскиот атеист го заболе уво што ќе кажат комшиите ако тој не отиде во црква.

Јас сум немал поголем контакт со верници, најверојатно затоа што луѓето со кои се дружам имаат барем средно завршено.


Се сомневам дека си искрен со оваа изјава, или пак воопшто не сте правеле муабет со пријателите на тема вера и религија за да видиш дали навистина се атеисти или какви-такви верници. Вака кажано ова алудира дека секој што има барем завршено средно образование е атеист, а сите со основно образование или под тоа се верници. Ако бидеш искрен пред себе нема потреба да ти докажувам дека тоа не е така. Земи го само фактот дека од сите добитници на НОБЕЛОВА НАГРАДА, 64% се протестанти, 22% се Евреи, а само 10% се атеисти. Од првите 126 универзитети во САД, дури 123 биле основани од протестантски пастори и интелектуалци, вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил и Принстон.
 
Оваа тема нема да се затвори, и ве молам продолжете со дискусија во рамките на насловот.
Верниците имаат право да прашаат зошто/како, но на оваа тема.
Се друго го сметам за оф топик, и ќе биде избришано.
 
Денот кога го видов светот малку повеќе од луѓето со верба.
Разбрав дека светот е полн со манипулаци и лаги што општеството и сите ни ги продаваат за да купуваме нешто што тие би имале профит,а ние би биле подобро да молчиме за тоа.
Се освестив од многу мал кога се околу мене ми звучеше глупо и премногу убаво за да биде така.
Психологијата на човекот ме вовлече да влезам малку подлабоко за религијата и зашто луѓето веруваат во одредени работи,а јас не верувам во ништо освен во тоа што му давам приоритет во мојот живот.
Едноставно луѓето сакаат да се чувстуваат супер со тоа што каде припаѓаат,некој луѓе сакаат PC or Apple некој веруваат во Бог,некој не.
Кога ќе отидеш во странство и ќе речеш дека си од таа земја и ќе видиш некој ист како тебе можеш полесно да се врзиш со тој човек.
Религијата е тоа собир на луѓе каде што секој заради своите стравови што ги има може да се помоли на Бог или на отецот и да се чувстува полесно,плус ќе си рече па чим идат волку луѓе и на нив им е полесно.
А бидејќи тоа моќните луѓе на религијата го знаат и го користат за своите цели,мене религијата ми е манипулација на човекот и перална на пари.
КАкви морали држат кога ни самите не се морални.
Друго е да си духовен и би ги разбрал твоите цели,затоа што не може се да знаеме,а науката е клуч за успехот на човештвото.
Само религијата е во заблуда кога еден ден ќе ја снема и тогаш ќе може напредокот на човештвото да се види со полн капацитет.
Не дека тоа религијата не го дозволува,но секаков напредок што науката го прави со клонирање и стем клетки,веднаш е против бог или не вреди да се игра бог затоа што бог ќе те казни.
Не туку се казнуваат они самите себеси заота што нема профит од тоа што го прават.
Сега едноставно сум кул за секој религиозен човек,не вреди да се бориш со такви луѓе...
 
Префрлете се на наука, па сите вие што сте теисти ке дознаете зошто ние сме атеисти, или поконкретно кажано, научнисти.
Со науката можеш нешто да научиш, да испиташ, да искусиш, да ја дознаеш вистината, да решиш одреден проблем, да надминеш одредена пречка, интелектуално да се надоградиш, да го збогатиш квалитетот на животот.
Со религијата можеш да прочиташ дека постои семоќен дедо кој седи на облаците, нон стоп не гледа, ништо не прави кога е потребна помош, а казнува кога не се однесуваме според неговата диктатура. Згора на тоа ти кажува дека те сака. Да му веруваш на дедо, он е семоќен, тебе те сака, ама ако си болен, не сака да ја искористи семоќноста и да те излечи бидејки ужива да те гледа како во 5тата година од животот си врзан за количка и полека твоите коски се претвораат во прашина. + ке те остави уште неколку години да поживееш и да се мачиш во болки, да ги гледаш како сите други дечиња на твоја возраст возат точак, играат фудбал, ги штипкаат девојчињата за газ, а тебе никој не те ни погледнува, всушност те сметаат за нешто најлошо што може да постои, за нечовек. Ама не заборавај, дедо те сака, да му веруваш на дедо.
 
Истиот муабет со еден другар и следи одговор-Мухамед Али,Мајк Тајсон,Нил Армстронг:facepalm: Вистинска прича,верувај ми.
ne e ist covek koj znae i covek koj ne znae lugeto imaat razlicno svacanje a neumnite luge koga bi go znaele ona shto go znaat umnite sigurno ne bi gi vikale neumni. na nekoi amerikanski naucnici gi macelo edno prashanje zoshto mesecinata ima beleg na linija i eden islamski naucnik im pokazal kniga kade shto pisuvalo deka koga lugeto ne mu veruvale na pratenikot deka toj bil vistinski pratenik togash pratenikot im rekol shto sakate da napravam za da mi poveruvate deka jas sum pratenik i togash lugeto mu rekle podeli ja mesecinata i pratenikot pokazal so prst kon mesecinata i allah ja podelil i zatoa sega mesecinata ima beleg na linija i koga islamskiot maucnik im go pokazal toa drugite naucnici se zacudile i mislam deka go primile islamot. znaci lugeto videle dokaz a po sho naucnici toest uceni umni luge pa svatile deka e toa dokaz jasen.poz
--- надополнето: 7 септември 2013 во 01:42 ---
Префрлете се на наука, па сите вие што сте теисти ке дознаете зошто ние сме атеисти, или поконкретно кажано, научнисти.
Со науката можеш нешто да научиш, да испиташ, да искусиш, да ја дознаеш вистината, да решиш одреден проблем, да надминеш одредена пречка, интелектуално да се надоградиш, да го збогатиш квалитетот на животот.
Со религијата можеш да прочиташ дека постои семоќен дедо кој седи на облаците, нон стоп не гледа, ништо не прави кога е потребна помош, а казнува кога не се однесуваме според неговата диктатура. Згора на тоа ти кажува дека те сака. Да му веруваш на дедо, он е семоќен, тебе те сака, ама ако си болен, не сака да ја искористи семоќноста и да те излечи бидејки ужива да те гледа како во 5тата година од животот си врзан за количка и полека твоите коски се претвораат во прашина. + ке те остави уште неколку години да поживееш и да се мачиш во болки, да ги гледаш како сите други дечиња на твоја возраст возат точак, играат фудбал, ги штипкаат девојчињата за газ, а тебе никој не те ни погледнува, всушност те сметаат за нешто најлошо што може да постои, за нечовек. Ама не заборавај, дедо те сака, да му веруваш на дедо.[/quote.
. kako prvo islamot ne e protiv naukata tuku naprotiv allah veli uci citaj spoznaj ja vistinata. + toa allah e toj koj ja dade naukata i vtoro ne e dobro da se pravish deka znaesh se zashto mnogu pati lugeto greshat kako ti shto greshish so toa shto velish deka bog e dedo. allah e bog a ne covek. bog koj sozdava zivot i koj odzema zivot znaci toj rakovodi so zivotot a vie pravite kako toj da e smrtnik. posle ete greshish so toa shto mislish deka religijata i verata se kosat zashto religijata ti kazuva deka: bog ja sozdade naukata i se drugo kako i deka postojat duhovni raboti (raboti nedopirlivi nevidlivi kako magnetizacijata a sepak postojat) i naukata ti kazuva deka magnetizacijata e nedopirliva nevidliva a sepak postoi i so istata se pravat cuda tehniki.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom