Како и кога станавте атеисти?

  • Креатор на темата Креатор на темата Curious
  • Време на започнување Време на започнување

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.653
Поени од реакции
1.899
Темава е очигледно за атеистите, останатите ве молам воздржете се од непотребно коментирање.
Значи, насловот се кажува. Секако повеќето од нас се родени во одредена религија. Јас на пример сум крстен уште како бебе, што е честа практика во МК.
Ме интересира како дојде до напуштањето на верата. Дали некогаш воопшто верувавте? Дали беше одреден настан или постепено се одвиваше целата работа?

Во мојот случај, јас мислам дека никогаш не верував вистински. Како мал, ги гледав на телевизија филмовите со Исус и се сеќавам дека повеќе ме плашеше помислата на Бог отколку нешто друго. Веројатно имав среќа да не се родам во фамилија што е длабоко религиозна. Кога го прашував татко ми како настанал светот тој не ми го кажуваше религиозното објаснување, туку научното. Се сеќавам кога ми ја објаснуваше теоријата за еволуција. Ми ја објасни и не ми рече, тоа е тоа, така е и точка. Остави простор за сомнеж. Ми се допаѓа тоа што не го наметна своето мислење. Но, како и да е, јас отсекогаш верував дека еволуцијата е вистискиот одговор на прашањето од каде потекнува човекот.
Во врска со религијата не добивав информации од моите. Никој од нив не ми рекол Господ го создаде човекот и светот и све тоа. Информациите во врска со религијата ги добивав од телевизија.

Кога почнав средно почнав отворено да се сомневам во идејата за постоење бог/богови. Мислам дека се почна со сомневање во идејата за задгробен живот. Едноставно, не ми се чинеше логично. Ми се чинеше пологично дека е тоа измишљотина на луѓето што не сакаат да прифатат дека нашето постоење е лимитирано и дека не можеме да бидеме бесмртни.
Покрај тоа ги гледав сите други религии во кои верувале луѓето низ вековите и се гледаа забележливи сличности. И ти викаат, ништо, тоа се митови, луѓето си ги измислувале, а ова сега е она вистинското.


Споделете го вашето искуство и патот до станување атеист.
 
Бев нешто како атеист некое време.....после видов дека се што лета не се јаде....:D
Главно атеизмот е тесно поврзан со редукционизмот(од тука материјализам), бихејворизмот и слично. Штом дојдеш во контакт со тие погледи(би рекол смислено наметнати) не ти треба многу....малку логика да употребиш и одма фаќаш друга страна. Само што не значи дека ако на лево е лошо, десното по автоматизам е добро :)
И така.....атеизмот е млатење празна слама, "богот" од библијата не е измислица, aрно ама не е ни Бог.
;)
 
Јас станав атеист откако после неколку одења во црква, на големи празници ми се случуваа несреќи , додуша не толку сериозни ама тоа нешто во мене поттикна мисла, зошто одам таму кога секогаш ми се случува нешто што ме вознемирува, нели после одењето во црква треба да бидеш среќен бла бла бла. Исто така како ќе си објаснам дека има некој бог што мене ми има дадено кучешки живот а на некој сите привилегии што постојат, па нели сите сте исти пред него. Како некој на 15-20 па и повеќе години заслужува да умре- така му било пишано ќе речете епа не не верувам во тоа. Уште во историјата црквата многу се наметнала во животот и ги сузбивала луѓето со разни глупости. Јас живеам како атеист еве веќе 4 години и добро ми е, барем знам дека секоја грешка е лично моја вина а не да речам така било пишано па се случили. Што си посееш тоа ќе си жнееш. Колку што знам религијата проповеда да си помагате едни на други, ете зошто некој поп не одзема од сумата за џип и да спаси некој живот. Кога само ќе видиш како некој што треба да проповеда еднаквост и братство( или што и да е) поминува покрај сиромашен и вози луксузен автомобил од пари од народот, ми се случува да ми се згади. АТЕИСТ СУМ И ГОРД СУМ НА ТОА. Ви се допаѓа како живеат американците нели, епа кај нив детето кога стане полнолетно тогаш одлучува во која религија ќе припаѓа или нема да биде религиозен, а не како тука полни ја главата на детето со глупости од мали нозе.
 
Станав атеист откако го прочитав овој цитат од Ричард Докинс.

LHqIUpM.jpg
 
Јас лично, никогаш не сум ни верувала, за да престанам да верувам.
Баш вчера во друга тема коментирав каков уплав ме фаќаше како мала од калуѓерките, а тоа велигденските филмови со Исус беа големо НЕ. Баба ми ги гледаше, јас под маса се криев.
И сфатив дека не сакам бог од кого се плашам.

Бев премногу мала тогаш за да разбирам еволуција, настанок на светот, Дарвин, невино раѓање деца итн... затоа едноставно само се дистанцирав, ниту зборот атеист не го знаев што значи.

Друг мотив, да речеме, е тоа што во мојот живот, откога знам за себе, сум раснела со муслимани и католици, и секогаш сум мислела - нели баба вика дека овој нашиов Дедо Боже е семоќен, па како настанале овие?

Како и да е, на крајот, некаде во доцното основно, а многу поизразито во средно, сфатив дека во мене нема простор за верување во бајки.
Нема сосема фини луѓе. Нема богови. Нема ѓаволи.

Една мисла, секогаш ме потсеќа на многу избори во животот, на многу полиња.

Monsters are real, and ghosts are real too. They live inside us, and sometimes, they win.
 
Почнав да се сомневам во 7мо одд без некоја посебна причина. После малку читање и за атеизамот и за религиите дефинитивно поприфатливо и пологично ми беше првото.

Инаку влијание имаат и предметите како биологија (особено биологија), физика, хемија итн. Незнам како поголемиот дел од децата не ни приметуваат.
 
Инаку влијание имаат и предметите како биологија (особено биологија), физика, хемија итн. Незнам како поголемиот дел од децата не ни приметуваат.

А како билогијата, да не праам муабет за физиката и хемијата, Те натераа да станиш атеист?...
 
А како билогијата, да не праам муабет за физиката и хемијата, Те натераа да станиш атеист?...
Затоа што теоријата која што стои позади биологијата и физиката е обратно пропорционална со креационизмот и верувањето во митовите за Адам и Ева.

Секако пред 600 години, не мислевте дека еволуцијата или физиката и астрономијата се пропорционални со религијата. Затоа ги палевте тие што не мислеа дека Земјата е рамна.

Сега сте модерни и софистицирани. Менувајќи ги вашите стари верувања, сега сметате дека религијата е комплементарна со физиката и биологијата. Епа не е. Не може да сакаш и да поддржуваш биологија а да си религиозен во вистинската смисла на зборот тоест да веруваш во Библијата како што е напишана.
Тоа е оксиморон. Крај на причата, помири се со тоа.
 
Скелетот на физиката и астрономијата се:

Исак Њутн (Њутновите закони, класична Њутнова механика),
Јоханес Кеплер (Кеплеровите закони, основоположник на современата астрономија)
Алберт Ајнштајн (теорија на релативитет, реалтивистичка механика).

Исак Њутн бил христијанин и науката не му пречела во неговата вера во Библијата и Бог.
Јоханес Кеплер бил исто така христијанин и науката не му пречела во неговата вера во Библијата и Бог.
Алберт Ајнштајн не бил христијанин, но сепак верувал во еден неличносен Бог со своја специфична перцепција за истиот.

Еве неколку изјави од Исак Њутн:
„Најубавиот систем, универзумот, можел да настане само од интелигентно и моќно Битие.“
„Сите мои откритија беа резултат на молитва."
„Имам темелна вера во Библијата, која ја сметам за Божја реч, напишана од луѓе што биле боговдахновени. Библијата ја проучувам секојдневно."
„Атеизмот е бесмислен. Набљудувајќи го Сончевиот систем, гледам дека Земјата е поставена на оптимална оддалеченост од Сонцето, за да добива соодветна количина топлина и светлина. Ова не се случило случајно!"

Еве неколку изјави од Јоханес Кеплер:
"Сакав да станам теолог, но сега гледам дека преку моите трудови Бог се прославува и во астрономијата, зашто ...небесата ја искажуваат Божјата слава, небото ги објавува Неговите дела" (овде Кеплер го цитира библискиот Псалм 19, стих 1.)
"Јас верувам единствено и исклучиво во службата на Исус Христос... Во него е секое прибежиште, секоја утеха."
"Бог е љубезен Создател, Кој од ништо ја создал целата природа."

Некој погоре спомна дека хемијата му влијаела да стане атеист. Се прашувам, како истата таа хемија не му влијаела на пример на Роберт Бојл да стане атеист? Роберт Бојл е пионер во модерната хемија, па и физика и метерологија. Можеби сте чуле за Бојл-Мариотов закон за гасните закони. Малкумина знаат дека Бојл бил своевремено претседател на друштвото за дистрибуција на Библијата. Еве неколку изјави од Бојл:
„Запознавајќи ги Неговите дела, ќе Го запознаеме Него ( Господ )."
„Верувам во Христовата смрт, воскресение и вознесение, како и во сите Негови чудесни дела што ги извршил додека бил на Земјата, за да го увери човештвото дека Тој е и Бог и човек."

Друг познат хемичар (и електро-физичар) е Мајкл Фарадеј (Фарадеев закон). Еве неколку негови изјави:
„Немам никакви претпоставки! Јас се потпирам само врз сигурни работи, па ви велам : "Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил. " (Ова е цитат од Библијата, 2. Тимотеј 1:12 ).
„Најпрво, Му благодарам на Бог за сите Негови дарови."

Што се однесува до Дарвиновата еволуција, на долниов линк можете да видите листа од современи научници (доктори од сите научни области) кои јавно се оградуваат или во најмала рака искажуваат скептичност спрема Дарвиновата хипотеза. Секако дека таа листа не е исцрпна, но е добар труд на неколку научници кои сакале на светот да му покажат дека има научници од висок ранг кои се оградуваат или се скептични кон Дарвионовата хипотеза.
http://www.dissentfromdarwin.org/
Има еден куп книги на оваа тема, особено на англиски јазик, а се наоѓа и нешто на српски и македонски.
Поздрав!
 
Скелетот на физиката и астрономијата се:...
Најискрено, ме заболе во што веруваат некои модерни научници и во што верувале Њутн и Кеплер.
Нивните когнитивни дисонанци (http://en.wikipedia.org/wiki/Cognitive_dissonance)
не се поврзани со фактот дека науката е некомплементарна со религијата.
И Ричард Докинс кој е огромен пропонент на атеизмот да стане религиозен самиот, тоа нема да го смени фактот дека науката не е комплементарна со религијата.
Повикувањето на научни авторитети кои се религиозни нема да го смени тоа исто така.
Теоретските модели на кои се базираат религијата и науката се различни.
 
Сите се раѓаме како атеисти. Подоцна некои од нас остануваат атеисти некои стануват верници. Причините не се ни битни, битно е дека никој не е подобар или полош од другиот, едноставно... различни сме.
 
Симптоматично е како ти тоа го забележуваш, а не го забележале еден куп врвни научници, доктори на науки, нобеловци, професори на врвни факултети (Оксфорд, Кембриџ) итн. Секако тука не мислам на генералниот поим „религија“, туку конкретно на христијанското верување.

Повторно го употребуваш авторитетот на некои научници за да го докажеш твоето лажно тврдење дека религијата е комплементарна со науката притоа не спомнувајќи ги илјадниците научници кои не сметаат дека религијата е комплементарна со науката. Симптоматично е тоа што користиш искривени аргументи за да докажеш поента.

Дали ако Њутн рекол дека убивањето на црнци е морално, ти ќе тврдеше дека науката е комплементарна со убивањето на црнци? Можам да ти дадам примери за научници кои сметаат дека црнците се поинфериорни од белците. Тоа е прашање на лично верување кое човекот го има за некои работи кои не се научно потврдени и е независно од науката како метод за утврдување на вистината.

Во науката авторитетот не игра никаква улога во релевантноста на теоријата која тој ја изнесува. Секој научник, приватно може да верува во Снежана или Црвенкапа исто како што имаш и научници кои се хинду или скиентолози. Ништо од тоа не докажува дали скиентологијата или хиндуизмот се рака под рака со науката.

Знаеш ли дека Талес користел научни методи за да ја открие должината на денот? Тоа го прави еден од првите регистрирани научници на планетата Земја познати во историјата настрана од некои верувања за стручноста на сумерите во астрономијата.
Талес исто така бил многубожец и верувал дека архето на светот е водата.

Науката не може да усвои заклучоци и да им даде релевантност на истите само затоа што имаат некоја емотивна привлечност а се базирани на верување.

Современата наука не го признава постоењето на Бог.
Науката никогаш и нема да ја признае христијанската/муслиманската/хинду верзијата за настанокот на светот. Затоа што истата е базирана на митови и преданија.
За жал, Дедо Мраз не постои. Ниту дедо Јехова.
Не оцрнувајте ја науката со тоа што ќе кажете дека е комплементарна со религијата.
Не била, не е и никогаш нема да биде.
 
Повторно го употребуваш авторитетот на некои научници за да го докажеш твоето лажно тврдење дека религијата е комплементарна со науката...

Воопшто не го докажував тоа. Само сакав да покажам дека физиката, хемијата, астрономијата и општо природните науки воопшто не се на страната на атеизмот и дека секако дека си има научници кои што се теисти и атеисти. Со други зборови науката не е сопственост на атеистите, науката не е атеистичка, ниту се разбира теистичка.
Постојат научни хипотези/теории кои што се или не се комплементарни со други научни хипотези/теории. Постојат и верски убедувања кои што се или не се комплементарни со други верски убедувања. Ако научните хипотези/теории во кои што ти веруваш не се комплементарни со твоето разбирање на христијанството, не значи дека тоа е случај и со другите. Затоа и наведов примери на врвни научници чии научни погледи биле комплементарни со нивните христијански верувања.

Современата наука не го признава постоењето на Бог.

А која е таа „современа наука“? Како и е името? Презимето? Каде живее? Кај искача петок, сабота? Кој е нејзиниот портпарол? Ти? Ричард Докинс, Хиченс или некој од другите проповедници на атеизмот?
Што подразбираш под современа наука?
И како тоа „не го признава Бог“? Како што Грците не ни го признаваат името? Или Бугарите нацијата и јазикот? Каде и кога се собраа сите современи научници и едногласно кренаа рака дека Бог не постои?

Постојат научници-атеисти што не го признаваат постоењето на Бог и научници-теисти што го признаваат постоењето на Бог. Равенството „2+3=5“ ниту го потврдува, ниту го негира постоењето на Бог.
 
Не реков дека науката припаѓа на атеистите, но едноставно со развивањето на науката се побиваат тврдењата на религијата.

Уште од почетокот на човештвото сето она што човекот неможел да си го објасни му го препишувал на бог. Со текот на развојот на науките тие појави добиле одговор и религиите се измениле. Затоа веќе никој не верува дека Зевз ги предизвикува грмотевиците или дека Посејдон царува со морето, а ако се докаже и настанокот на светот, што се случува после смртта и слично верувам дека нема ни да постојат религии.

Како што ние се чудиме како древните народи можеле да веруваат во такви работи, после години ќе ви се чудат и вас...
 
Лошо поставено прашање.
Се раѓаме атеисти, а стануваме верници.
Тоа е точно, но ние самите не се нарекуваме ни верници ни атеисти, кога сме мали. Прашањето е кога и како ние самите ќе одредиме дека религијата во која сме родени не е за верување.

exlexmk Те молам изчисти ја темава. Темава е многу јасна. 80% од неа моментално е off topic.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom