Белгија - Македонија [26.03.2013 - 20:45] - ЌЕ ИМА НА МТВ!!!!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин^
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го добие натпреварот ?


  • Вкупно гласачи
    108
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Како тоа Белгија нема да дозволи да се тренира на асален стадион? Нели гостинскиот тим обично одржува тренинг на стадионот, кај што треба да се игра утакмицата?

Епа овие необично не издупија.
 
Наредниот пат нашиве нека го пратат противникот да тренира во Куманово.
 
Ако сте надвор од државава(натпреварите на нашата репрезентација не ги пренесува за наша територија) има на YT канал кој дава пренос со англиски коментатор за сите натпревари.
 
Изгледа не ја знаеш моќта на белгијците.. Погледни првин кои играчи им играат па после коментирај.. Јас искрено пред двомечов се надевав дека нема да не напунат, среќа 0-2 и не се замараа белгијциве ... Прати денес ако играат мотивирано со колку парчиња ќе си отидеме. .
--- надополнето: 26 март 2013 во 16:20 ---


Истото погоре важи и за тебе
Арно пишав пред некоја страна, да си гледате крикет и да не чепкате фудбал.
Да пратиш малку подобро, ќе знаеш дека Белгија има играчишта, ама ТИМ никаков. Можеби за 2-3 години ќе се страв и трепет, ама денеска се фаворити само на хартија.
Ама и покрај тоа, ја нигде не реков дека неможат да не тепаат. За разлика од нас, еден индивидуален потег им треба и ете ти гол.
Ама па ти со твоиве тврдења ми делуеш како дете од 10 године.
 
Едвај чекам да видам како ќе се постави Пандев, дали Чеде ќе смени од некни.
се се ...само пренос ќе има?
 
Две вести во спојлер
Невидено поигрување: Срамниот однос на Белгијците поддржан и од делегатот на УЕФА

Најмалку што може да се каже за условите на кои наидоа македонските репрезентативци изминативе два подгототвителни дена во Брисел пред денешниот квалификациски дуел со Белгија е крајна непрофесионалност. Односот на Белгиската фудбалска федерација која на крајот забрани и официјалниот тренинг, нешто што е задолжително според правилата на УЕФА, да биде на стадионот „Крал Бодуин“ каде вечерва од 20:45 часот ќе се игра натпреварот, е дефинитивно срамен.

Но, на сето тоа изненадувачки за нашиот табор на неколку часа пред дуелот беше сознанието што и официјалниот делегат на УЕФА за средбата сето тоа го аминувал поддржувајќи ги Белгијците кои на нашите фудбалери им сервираа можност да тренираат по разно-разни селски теренчиња, наводно штитејќи го теренот за официјалниот дуел.

„Теренот не смее да се уништува кога има вонредни ситуации“ – било образложението од делегатот.

А, овде во Брисел најмалку што има е вонредна ситуација. Нема ниту „С“ од снег. Два дена сонце е надвиснато над Брисел со очекувани квалитетни услови за игра.

Факт е дека задкулисните игри, провокациите кон нашиот национален тим се умешните игри на Белгијците, чии новинарски екипи си дозволија и да ги шпиунираат нашите тренинзи и покрај правилата за 15-минутно дозволено снимање.

„Не сум лут. Но нема потреба да давам изјави. Зарем за вас ова се нормални услови за тренинг?“ – им се обрати македонскиот селектор на белгиските новинари кои побараа од него образложение зошто ја откажа прес-конференцијата. Јаневски, на Белгијците кои го нарекуваат „половина свој“ им врати барем на тој начин.

Како и да е, сето ова може да биде само дополнителен поттик за нашите момци пред преполниот „Крал Бодуин“ на терен да им покажат на Белгијците дека некогаш силата може да предизвика само контра ефект. Време е за одмазда!
СОСТАВИ: Јаневски ќе напаѓа со Мирко Ивановски

Селекторот на македонската репрезентација, Чедомир Јаневски ќе ја нападне Белгија на вечерашниот натпревар со Мирко Ивановски, а Адис Јаховиќ остана на клупата за резерви. Има и неколку промени на останатите позиции за разлика од првиот меч во Скопје. Еве ги првите единаесетмина кои ќе го започнат мечот за Македонија на стадионот „Крал Бадоуин“:


МАКЕДОНИЈА
Пачовски
Георгиевски
Шиков
Новески
Ристовски
Глигоров
Тасевски
Ибраими
Пандев
Тричковски
Ивановски


БЕЛГИЈА
Куртоа
Алдервеирелд
Вермален
Компани
Вертонген
Витсел
Де Бруин
Дембеле
Мертенс
Азар
Бентеке
 
Ми се допаѓа тоа што ги ставил Тасевски и Ристовски, Шиков не ми се допаѓа што го ставил на брзи играчи става бандера, Адис може да влезе одморен и да одигра подобро последните 30 минути, од Мирко не очекувам ништо.
 
Баш ме интересира како ќе се покаже Георгиевски денес, он е супер играч али долга пауза правеше и малце ми е ризична неговата форма со оглед на тоа што само еднаш изигра нецел натпревар за Стеауа откако се врати од повредата, претходно со месеци паузираше... Исто малце несигурен ми е Ристевски колку е фит за оваков тежок натпревар и тоа на позиција која не му е типична, во принцип игра десен бек а сега ќе игра лево, малце ризично ми е со него како ептен млад играч и не толку воигран со репрезентацијава, ама се надевам добро ќе ја заврши работата оти сепак е голем талент...
 
Само машки и карактерен пристап ќе ги урне Белгијциве.Што има да се загуби? Македонија нема што да загуби,Белгија се бори за прво место.Башка,иако имаат квалитет Белгијците не се ништо посебно(барем не импресионираа во Скопје каде беа тотално надиграни али имаа среќа).Се надевам на подобра реализација,помашка игра во средината и одбрана полна со концентрација цел меч.
 
Лазевски јес да беше “крив“ за поразот во Скопје, ама сумливо ми е многу со Ристовски како лев бек. Требаше да го остае Лазевски и оваа утакмица. Вака, не доволно заздравен Георгиевски, Ристовски лево...осеќам дека ќе ни ја расплачат мамицата по крилава, ама ај дај Боже да не сум во право.

Па уште ако очекуемо дрвово Мирко да напрае нешто у напад...
 
Ако сте надвор од државава(натпреварите на нашата репрезентација не ги пренесува за наша територија) има на YT канал кој дава пренос со англиски коментатор за сите натпревари.
Хмм некако незнам колку функционира, дека еве останатите натпревари (Србија-Шкотска и Турција-Унгарија) не се отвараат а тие натпревари се веќе во тек...
 
Од искуство ја имам 2-1, ама би сакал 1:1 да заврши :D
 
Јас сеуште си стојам на тоа дека Мирко ќе не изненади сите еднаш.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom