Кој е најлесниот начин за емигрирање од државата

  • Креатор на темата Креатор на темата demjan lacky
  • Време на започнување Време на започнување
Дај луге кажувајте помагајте линкови агенции зашто тука стварно е досадно,политизирано и све ти е за џабе, на крајот од месецот неможеш ни патики да си купиш,има некој форуми за дубаи ама со засатрени дискусии слушам најлесно се одело таму,секое мислење е добредојдено ;)
Еднаш одговорив на вакво прашање и пак ќе го одговорам истото, најлесно е да мигрираш онаму каде што имаш фамилија, роднини.
 
Најлесниот начин за емигрирање од државава е аплицирање за иселеничка виза за Канада. За таму не треба ни Татарски пасош, нити пак роднина што ќе те зема... Ама првите 2-3 години, ќе треба да живееш Винипег (Манитоба), или пак во Северните територии... Како што се шпекулира Канада повторно ги отвори границите за имигранти...
 
има од оние алипните шо си идат тука да се мажат. земи ја за 5-6 месеци таму и остај ја. само да знајш дека договор ќе треба да напрајш за имотот. се шо е нејзино/твое пред бракот останва твое/нејзино во случај на развод. само да знајш дури си со некоја таква во брак еж ќе родиш со боцките наназад.

Да бе така е воа, они глупи се, има да им бидеш на мета цело време, плус тоа треба заедно да живеете, да нема скандали едно друго, не е сега како порано, земи остави...:icon_lol:
 
Најлесниот начин за емигрирање од државава е аплицирање за иселеничка виза за Канада. За таму не треба ни Татарски пасош, нити пак роднина што ќе те зема... Ама првите 2-3 години, ќе треба да живееш Винипег (Манитоба), или пак во Северните територии... Како што се шпекулира Канада повторно ги отвори границите за имигранти...

Е ова. Баш ова е опцијата. Мислам дека можеш и во Алберта, ама северниот дел.
 
Може во Канада, всушност Канада е ненаселена и заедно со Нов Зеланд имаат прилично либерални политики за емиграција во однос на останатите земји. Имаат растечка економија и до 2021 ќе имаат милион работни места отворени. Е сега и таму не те примаат на лепе очи. Ако си дефицитарен високообразован кадар со солидно работно искуство и добро го владееш јазикот полесно е (за секаде во свет не само за во Канада), всушност се правеше некаков тест на сајтот на канадското емиграционо за тоа дали си погоден за доселеник. Ако не втората најдобра опција ти е да запишеш некакво образование (додипломски или мастерс) во Канада. По образованието во зависност од тоа колку години ти траело, добиваш работна виза од 1 до 3 години. И мора да се најде работа исклучиво по она што си го студирал, не било што. Откако ќе најдеш работа и со само една година работно искуство ти веќе стануваш резидент на Канада. Се е тоа супер само треба и посоленка сума на пари да се истресеш за студирањето инаку ништо не праиш. Е сега лоши страни на Канада, особено северните делови ко Њуфаундленд и Стратфорд е што е ѕивра ладно (од -30 до -40 зимно време) и да не се надевате на некој богат социјален живот.:) Односно животот ќе ви се сведе на куча посо.:)
 
Да бе така е воа, они глупи се, има да им бидеш на мета цело време, плус тоа треба заедно да живеете, да нема скандали едно друго, не е сега како порано, земи остави...:icon_lol:
зато напишаф дури си со некоја таква има еж да родиш со боцките наназад. очигледно не си го сватил мислењето ;)
 
Како да се замине на работа во Германија?

german-people3.jpg

Анкетите покажуваат дека повеќе од 80 проценти од младите луѓе oд ех-ју републиките без размислување би заминале во потрага за подобар живот на запад.
Да се добие шанса да се направи тоа не е лесно во Германија, иако оваа земја со години има дефицит од работна сила во одредени професии.
Како што е веќе познато жителите од овие простори немаат право да бараат работа на германскиот пазар на трудот, освен ако имаат признаена диплома и имаат конкретна компанија која ќе им нуди работно место.
Во овој случај, можете да добиете на т.н. “сина карта”, која им овозможува на германските компании доаѓање на стручни лица, но и работодавецот треба да им понуди на работниците плата од најмалку 46.400 евра годишно или 36.192 евра годишно во дефицитарни професии.
Во Германија во моментов има дефицит од лекари, машински и електро инжинери, како и информатичари. Само во овие индустрии има околку 120.000 слободни работни места.
Сепак, дури и во Германија, не тече мед и млеко, гастрбајтерксиот леб понекогаш има седум кори. Не се работи само за парите и заработувачката, туку и за потполно другите обичаи, начин на живот, култура, кои секогаш претставуваат проблем за луѓето од балканот.
 
...

Да, да. Таму ако си лекар нема курназење, нема трескање врати, нема дерење оти ги прекинуваш сестрите додека пијат кафе и се работи и во периодот од 13-14ч. Кај нас у тоа време првата смена си е отидена, а втората уште не е дојдена...
 
http://zivotukanadi.blogspot.com/2010/06/odlazak.html
http://maple-leaf-adventure.blogspot.com/2012_01_01_archive.html
http://istrazivac.wordpress.com/2012/10/28/zivot-na-sjeveru-28-10-2012/
http://priceizvankuvera.wordpress.com/2012/10/21/godinu-dana-u-kanadi/

Еве прочитај искуства од други што сакале и нашле начин да отидат во Канада па види дали некаде се пронаоѓаш.
Tи само таквите ги набројуваш тие што не успеале? Зарем нема од нашите во Канада некои што заминале таму за стално и тоа без да ги земе некој?
Но шо прајме со тоа што голем број на луѓе не успеале и со Татарски пасош? 400 евра за џабе ги имаат дадено, а ниту еден ден немаат работано во странство...А пак некои и што имаат заминато странство со Татарски пасош од три месеци, само еден имаат работано, бидејќи и таму работа не може да се најде истиот ден...
 
Има теми за емиграција, но demjan lacky, треба да се преброиш колку пари имаш.
За животот во Канада симни си ја Тибам штркот од овде http://off.net.mk/knigoteka
Гледам сите околу мене се среќни и весели, a ја чурук.
Само мене све нешто ми смета. Ми смета што комшиите
ми ги бројат ќесите кога се враќам од Тинекс; кога црни
коли со црни стакла се паркираат у трава или пред
Ристиќева; кога не можам да отидам на базен у зима,
пошто некој шапшал не платил нешто; кога не можам да
се отарасам од бубашвабите, пошто комшијата од седми
немал 80 динара. У Шипковица не ми дадоа фискална
сметка. Другар ми не може да ја регистрира колата пошто
нема да му останат пари за Лактовит. Сакам да мочам у
нормално јавно ВеЦе, а не позади НаМа. Охриѓани ми ги
избушија гумите. Не сакам да сум пријавен на минималец.
Ми се повраќа од изборни кампањи; oд билборди и
ситилајти, насликани со исфрустрирани копуци, дибеци и
жбитаци, што сакаат да станат некој и нешто; oд лопови и
преваранти што слободно се шетаат по улица; oд доктори–
митаџии, цајкани со по два мобилни, учители без етика,
лидери со мнооооооогу мали јајценца и гоооооолеми
бисаги... Одлепив, а?
 
Tи само таквите ги набројуваш тие што не успеале? Зарем нема од нашите во Канада некои што заминале таму за стално и тоа без да ги земе некој?
Но шо прајме со тоа што голем број на луѓе не успеале и со Татарски пасош? 400 евра за џабе ги имаат дадено, а ниту еден ден немаат работано во странство...А пак некои и што имаат заминато странство со Татарски пасош од три месеци, само еден имаат работано, бидејќи и таму работа не може да се најде истиот ден...
Ти или по грешка ми реплицираш или само да се хејтало? :confused:
Линковите се од блогови на луѓе кои нашле начин и заминале во Канада и ниеден од нив не користел Татарски пасош.:facepalm:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom