Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?

  • Вкупно гласачи
    206
Против
Повеќе ми одговаара да сме исти со Германија, Чешка, и Италија, од колку со Бугарија, Романија и Грција
Не е муабето за стандард и пари за саатот е, према тоа како е кај нас, би требале да навиваме сат према Кенија и Ангола
 
Не. ЛШ место во 15 за 9, ќе почнува во 15 за 10. Малце многу касно иде. :D
 
Прашањето е зошто би имале корист, зошто би ни одговарало.
Од претходно:
Да одговорам на сите на кои не им е јасно што би добиле со промената на временската зона.

Најбанален пример. Сијалиците сите ги палиме кога ќе се стемни, а ги гасиме пред да одиме на спиење, да речеме во 23 часот (настрана ноќните птици, кои се сепак малцинство). Во зима се стемнува во 16ч, значи светилката ќе работи 7ч. Ако прејдеме во гмт+2 ќе се стемнува во 17ч, значи светилката ќе работи 6ч, т.е. еден час помалку. Помножете го овој час со бројот на светилки и бројот на зимски денови и ете ви ја заштедата.
Истата заштеда ќе ја имаат и сите фирми кои работат до и по 17 часот.

Слична калкулација има и за греење и ладење, каде може да се остварат и уште поголеми заштеди.
 
Од претходно:
Тоа според одредени пишувања има многу мал учинок.
Сијалиците сите ги палиме кога ќе се стемни, а ги гасиме пред да одиме на спиење, да речеме во 23 часот
Ако причината е заштеда, 1 час попладне на сијалица, а затоа 1 час подоцна се разденува и пак се губи час на осветлување. според испитувања заштедите се негде 1%, а според други 0%. Го споредив со сезонското менување затоа што основата (освен економската соработка и надворешна трговија) на аргументите -за- е заштедата.
Во суштина треба да сме поделени на 24 временски зони на по еден час, но не сме...најверојатно се работи за геополитички и економски интересни линкови.
 
Ако причината е заштеда, 1 час попладне на сијалица, а затоа 1 час подоцна се разденува и пак се губи час на осветлување. според испитувања заштедите се негде 1%, а според други 0%. Го споредив со сезонското менување затоа што основата (освен економската соработка и надворешна трговија) на аргументите -за- е заштедата.
Не, затоа што ние тој час наутро го преспиваме, и нема потреба за осветлување. За да имаш потреба од сијалица наутро, како што имаш навечер, треба да стануваш во 4 часот.

И пола процент да е заштедата, годишно тоа значи околу 30 гигават часови, што му доаѓа некаде околу 3 милиони евра. (земете ги бројкиве малку со резерва)

На крајот на краиштата, и да се ова малку пари, ќе се стемнува еден час подоцна преку целата година.
 
Ако има некој информации до каде е иницијативата, веднаш нека ги сподели на темава. Баш ме интересира како ќе заврши :)

Според некои псеудоинформации (инсајдерски), засега сеуште се консултираат некои стручни инстанци во дражвичкава (јеп), и според некои досегашни видувања, можно е да „тепа“ источното време. Може да се смени, ко шо изгледа.
Кога ќе дознаам нешто повеќе, ќе споделам. :D
 
Убаво рекоа направи таму да е GMT+11, светло ќе е 24/7 така :icon_lol: :icon_lol:
 
Убаво рекоа направи таму да е GMT+11, светло ќе е 24/7 така :icon_lol: :icon_lol:

Или тоа, или секоја општина да си има своја часовна зона, нели да се децентрализира Макдонелија скроз.

„еј брат, се чекаме кај Рекорд во 19, така?“
- Да, пеер. А од која општина беше?
„Од Карпош брат“.
-„Епа добро, значи на рекорд во 19, по твое во 11, по мое од К. Вода во 2:30 сабајле“
„Договорено брат“.
 
Македонија нема никаква потреба да ја менува временската зона. Ќе излезат дополнителни проблеми, а и моментално временската зона во која сме одговара на локалното соларно време во скоро цела земја.

Tzdiff-Europe-winter.png

Црвените се понапред од вистинското време, што значи сонцето е на зенитот подоцна од 12 часот, а сините се поназад, што значи сонцето ја достигнува највисоката точка помеѓу 10:30 до 11:30 часот.

http://en.wikipedia.org/wiki/Time_in_Europe
 
Jas koga sum bila letno vreme u Germanija, Italija, Svajcarija, Ceska, Polska vo 9 i 30 neboto e uste svetlo. Neboto stanuva temno duri vo 10 saat. Se razdenuva vo 6, razumno vreme za stanuvanje i spremanje za rabota. Celosna iskoristenost na dnevnata svetlina. Dodeka e den, mozes da pravis milijarda raboti, so zena, so deca, so prijateli posle rabota itn. I vo 10 da se priberes i da si legnes.
So ubavo.
Da sum jas, i rabotnoto vreme od 7.30 bi go staila. Mrzi proizveduvame kaj nas, pred 9 nikoj ne stanuva. Crnogorci voda mozat da ni nosat.
 
Македонија нема никаква потреба да ја менува временската зона. Ќе излезат дополнителни проблеми, а и моментално временската зона во која сме одговара на локалното соларно време во скоро цела земја.

Црвените се понапред од вистинското време, што значи сонцето е на зенитот подоцна од 12 часот, а сините се поназад, што значи сонцето ја достигнува највисоката точка помеѓу 10:30 до 11:30 часот.
Македонија апсолутно има потреба да ја промени временската зона, за причините и придобивките пишував во претходните постови.
Те молам, наведи и образложи кои дополнителни проблеми би излегле од промената.
 
Мало потсетување на темава со податоците дека во Париз денеска се стемнува во 21:40, Лондон 21:00, Берлин 21:10, Москва 21:50.
Од градовите кои што се на приближна географска широчина со Скопје: Барселона 21:15, Мадрид 21:30, Порто 21:00, Виго 22:00.
Во Скопје во 20:00.
Сеуште мислите дека сме во вистинската временска зона?
 
До каде сме со промената ? Има ли некои новости ? Како би можеле ние како обични смртници да покренеме иницијатива за промена на временската зона ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom