Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?


  • Вкупно гласачи
    206
Не знам од кој град си ама кај нас во Охрид во Јуни и Јули сонцето заоѓа некаде околу 8.30.Значи со новата временска зона ќе се ноќи во 9.30
Од Битола. Кај нас се стемнува 7.30-8.

Башка орхриѓани шо се буните, сите ќе шетаме/седиме појќе време, и наместо да си ојме во 8 ќе си ојме во 10 :)
 
ЗА.
Пошто сум во Романија немат да ги местам рачниот сат, сатот на телефоните и на лаптопот на секое поминвење на границата.:D:D:D
--- надополнето: 13 март 2013 во 21:49 ---
А иначе зошто според мапава Македонија се наоѓа на пола меѓу СЕВ и ИЕВ мојме да го наместиме на ГМТ+ 1:30 и тоа ќе се вика МАКЕДОНСКО ВРЕМЕ.:pos::pos::pos::pos::pos:
Tzdiff-Europe-winter.png
 
Само во Македонија на секој може да му дојде идеја да направи глупост
--- надополнето: 13 март 2013 во 15:29 ---

А летоска ќе се стемнува во 10 :00 часот,а разденува во 03:00 часот

Малку да не ти е погрешна математиката со разденувањето. Ако се стемни 1 час покасно тогаш и се разденува 1 час покасно. значи во 5 наместо во 3 што си напишал.

Ја сум апсолутно за оваа идеја. Да имаш 1 час светлина секој ден е одлично. На сабајле во 5 саат не верувам дека му е важно на некој да ужива на сонце (освен на некој романтичар или на некој што се дружел со алкохолот на кој и не знам колку баш би му било важно дали е ден ноќ или зора :) ). Инаку имам живеено во таква часовна зона и сум ги осетил благодетите на подолг ден. За економските ефекти нека објаснува некој економист.
 
Против
Повеќе ми одговаара да сме исти со Германија, Чешка, и Италија, од колку со Бугарија, Романија и Грција
 
Малку повеќе им е глупа оваа иницијатива. Како прво временската зони кои не се базираат барем не целосно на географска основа, туку на политичка за Македонија најпросто и наједноставно е како досега да си остане во најголемата географска зона во Европа која е и најразвиениот дел.
И какви глупи математики се тие дека во Бугарија и Грција имале повеќе дневна светлина во текот на годината и таму се менува часовникот во зиме и лете само разликата е што патат кога заминуваат во Европа поради промената на времето која иако е мала сепак се чуствува. И секако дека далеку поисточни географски екстреми имаат овие земји од Македонија на која местото и е како и досега. Впрочем никаква економска придобивка само загуба од ова би имало.
Нека го направат GMT +11 сигурно цел ден ќе ни биде сончев. До каде со оваа логика?

Во Бугарија и Грција подоцна почнува и завршува денот во однос на Македонија. А трае колку што трае, на тоа не може да влијаеме. Целиот муабет е дека ако ја смениме временската зона, ќе користиме поголем дел од денот, наместо што го преспиваме како сега.
За само еден пример од економската придобивка дадов пример во претходнито мој пост, да не се повторувам. Кажи пример зошто би имало загуба?
САД и Канада од пред неколку години го продолжија времетрањето на летното сметање на времето за цел еден месец. Две недели порано почнува, две недели подоцна завршува. Тие веќе се на летно време, што е всушност еквивалентно на промена на една временска зона понапред, Ние и Европа, што толку милувате да ја имате во иста временска зона, ќе го направиме дури за две недели. А тоа го направиле затоа што пресметале дека ќе направат голема заштеда во економијата, само за тој еден месец повеќе.

Замисли сега патуваш во Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и постојано треба да го менуваш часовникот. Значи Македонија ниту природно ниту политички не одговара во таа поисточна зона. Точно е дека има делови од Грција кои се позападни од нашите ама пак средната точка на Грција е далеку поисточна за Бугарија да не збориме....
Јас патувам во Англија, го враќам часовникот назад. Патувам во Турција, Грција, Бугарија, го поместувам напред еден час. Не приметив некои тектонски промени. Освен што секаде, летно време не се стемнува пред 21-22 часот. А Франција и Шпанија географски се комплетно во ГМТ0, во истата зона со Англија и Ирска, но временски се во ГМТ+1. Секоја земја си гледа како е најдобро за неа, не се замараат со географија и политика и каде се другите, си ја гледаат економијата. Така и ние треба да правиме.
За жал, голем отпор гледам на форумов кон промената на временската зона, што говори дека нема свесност што всушност значи промената и кои се добивките, и дека апсолутно никакви политички импликации нема да има ако сме во ГМТ+2 зоната (значи не е тоа зоната на Грција и Бугарија, туку е ГМТ+2)
 
Стануваш во 6:30, гледеаш веќе силно светнал ден, разнесуваш деца, одиш на работа, се враќаш, дошло 17:00, мрак.
Денот ти бега.

Во Шпанија кога играат вечерни утакмици гледам 22:00 заоѓа сонцето, убаини.

Голема Да за да си го фатиме возот со истокот.
 
За жал, голем отпор гледам на форумов кон промената на временската зона, што говори дека нема свесност што всушност значи промената и кои се добивките, и дека апсолутно никакви политички импликации нема да има ако сме во ГМТ+2 зоната (значи не е тоа зоната на Грција и Бугарија, туку е ГМТ+2)
Јас не гледам никаков отпор кон промена на сметањето времето.
Ништо не се добива ниту се губи. Траењето на обденицата зависи од денот во годината и од географската ширина и нема врска со сметањето на времето
Всушност ова е замајавање. Наместо да се решаваат вистинските проблеми, се замајаваме
 
Траењето на обденицата зависи од денот во годината и од географската ширина и нема врска со сметањето на времето

Да бе!

Ај стај си го саатот 2 саати напред на пример и види во колку часот по НОВО ќе ти се стемни
 
Макдонелија треба да си остане во истата часовна зона во која си е.
Грција си е во таа часовна зона во која си е, затоа што има damn good reason за тоа. Има територии кои се многу на исток, со кои треба да се синхронизираат.
Македонија?
А Србија? И таа треба ко Грција да има?
 
Да бе!

Ај стај си го саатот 2 саати напред на пример и види во колку часот по НОВО ќе ти се стемни
Ретко кој денес носи саат - повеќето гледаат време на мобилен телефон.
Но во право си....
 
Ова као дел од планот на ССМ за освојување на азиските пазари.
Не гледам разлика 1 час да се се менува, ем сум против да се менува летно и зимско. Русите мислам дека веќе го отфрлија тоа менување летно зимско, Јапонија и Кина одамна не ги користат. Ниту ќар од гмт+2 ниту од daylight saving time (daylight stupid time). Само се зголемува стресот кај луѓето со таква промена на времето.
Некои го нарекуваат и daylight screwup time затоа што реално потребно е многу време и срдства да се синхронизира времето на железница, аеродроми, патнички сообраќај, фабрики...кај што е главно електронски системи. Ние би менувале без некоја посебна причина.
 
Јас не гледам никаков отпор кон промена на сметањето времето.
Ништо не се добива ниту се губи. Траењето на обденицата зависи од денот во годината и од географската ширина и нема врска со сметањето на времето
Всушност ова е замајавање. Наместо да се решаваат вистинските проблеми, се замајаваме
Повеќето постови овде се против менувањето на зоната и тоа без аргументи, односно најчеста причина е дека така било отсекогаш и така ќе сме биле со Европа. На некои им е сеедно, ама пак не се за промена. Јас сево ова го гледам како отпор кон промената. А лошо ништо неможе да биде, може само корист да имаме.
Ова као дел од планот на ССМ за освојување на азиските пазари.
Не гледам разлика 1 час да се се менува, ем сум против да се менува летно и зимско. Русите мислам дека веќе го отфрлија тоа менување летно зимско, Јапонија и Кина одамна не ги користат. Ниту ќар од гмт+2 ниту од daylight saving time (daylight stupid time). Само се зголемува стресот кај луѓето со таква промена на времето.
Некои го нарекуваат и daylight screwup time затоа што реално потребно е многу време и срдства да се синхронизира времето на железница, аеродроми, патнички сообраќај, фабрики...кај што е главно електронски системи. Ние би менувале без некоја посебна причина.
Точно, русијте го отфрлија менувањето, меѓутоа останаа на летното време (+1) не на зимското, што е еквивалентно на менување на временската зона за еден час понапред, што е темата на муабетов. Москва е три часа пред нас, иако географски треба да е само 1.


Нема правило во припрадноста на временската зона. Секоја држава си одредува како најдобро и одговара. На Македонија повеќе и одговара да е во ГМТ+2, отколку во ГМТ+1,
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom