In the matter of fact, моите пријатели знаат дека имам проблем со муслиманите, христијаните, јудеистите, јеховините сведоци, скиентолозите, итн... многу се да ги набројувам.
Е сега, моите пријатели исто така, не се религиозни. Ни еден. Ама баш ни еден. Не се декларираат себеси како атеисти, ама не знаат како изгледа црква/џамија повеќе, оти престанале да одат кога отвориле очи.
Понатаму, јас направив една сосема друга споредба, која ти намерно ја игнорираш. Реков - имам проблем со муслиманите, и христијаните - кои патем престанаа да палат вештерки пред повеќе од два века. Никаде, ама баш никаде, на планетава нема да најдеш некој запален зошто богохулел против христијанството.
Нема да најдеш држава уредена според канони.
За разлика пак, од ова, постојат земји кои делумно се водат според Шеријатот, делумно според свои малоумни закони (на пример, жените не смеат да возат, нешто што нормално го нема во Шеријатот).
Ти тоа го сфати како личен напад, што не беше. Но тоа е ваш одбранбен механизам. Све сте вие угнетените.
Твоето прашање ти го одговорив - не сум дволична ни со мојата родена мајка, така што не сум дволична ни со никој друг. Ако некој му смета тоа што сметам јас дека е дебил и живее според религиозни правила, може комотно да ме избрише од листата на познаници во својот живот.
И да, секој има право во што сака да верува, додека не повредува други, вклучувајќи и 5 годишно дете што поим нема ни кој е тој што го повредува, ни зошто се случува тоа што се случува, а неговиот ментален склоп кој одговара на неговата возраст, не може правилно да го сфати концептот на една религија, или пак какво значење има истата за неговиот живот.
Кладба дека малиот си игра со својот полов орган, затоа што природата го тера на истото? Батали што Куранот мисли за таа ,,игра,, , малиот е посвесен за својата природна, него својата морална страна.
Што е сосема нормално.
И кога сме кај правото на избор...