Не се сложувам. Генерализираш.
Како некој ќе потроши 20 000 евра зависи од човек до човек. Не значи дека ако си земјоделец дека ќе ги искористиш попаметно од некој интелектуалец. Не значи ни обратното.
Ти си имаш зацртано некој стереотип дека интелектуалците се некои фенси момци што идат на егзотични одмори.
Дали некој од овие интелектуалци ти личи на фаца што ќе потроши 20 000 евра на курви и кладилници?
Бил Гејтс
Стивен Хокинг
Ричард Докинс
Дали некој е интелектуалец или не не е поврзано со тоа како ќе ги потроши парите. И ако некој е земјоделец, тоа не значи дека не е интелектуалец. Не ги дели луѓето на земјоделци и интелектуалци. Точно е дека има земјоделци што не знаат ништо друго освен да ораат нива, исто како што имаш и интелектуалци што се земјоделци, ораат нива ама не го застанале со својот интелектуален развој таму. Дали ќе бидеш интелектуалец е нешто што е индивидуално и не е поврзано со тоа дали си електричар, земјоделец или чистач.