Папараци - дали се тоа треба да се убие?

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Не вреди да го убиеш.

Не за друго, ќе треба да одговараш како да си убил човек
 
Многу еднострано гледате на работата. Една професија постои затоа што има потреба од неа. Во глобала ѕвездите се однесуваат многу лицемерно кога се папараците во прашање, добар дел од неталентираните поп пејачи и потпросечни актери се фотографирани зашто така е договорено, па Кристен Стјуарт измисли цела љубовна афера благодарение на папараци за да е центар внимание. Главно земете предвид дека повќето славни се неарни и изгубиле осет со реалноста. Не може Викторија да позира пред сендвичара, а после се буни кога децата и ги сликале одблизу (иначе се средува и тоа, на пример децата на Гвинет Палтроу никој не смее да ги слика во лице и папараци не смеат да им се доближат).

Имате актери кои совршено добро си го кријат приватниот живот. На пример, колку често го гледате Гери Олдман и Даниел Деј Луис по таблоиди слабо така? Е другиве троа повеќе ги има. Добар дел од луѓево се тражили, добили.

Е сега другата страна од паричката. Алек Болдвин има скршено неколку вилици на папараци, и тоа не за џабе. Особено иритира моментот кога се туркаат околу некое дете, затоа и го разбирам Бен Афлек што ги расшутирал, така и треба. Дете не смее да се малтретира. Не треба ни луѓе, ама добар дел од нив сами си го барале па еве го резултатот.
 
Папараци ......па искрено да живееш во зграда полна со старци....и те како можат да ти го сјебат животот.

Замислете си ги само како те снимаат од прозор или балкон.....знаат колку пати си излегол од дома....

Као случајно ти коа минеш по скали они проверуваат дали чергичето пред врата им е подвиткано.....и сл. папарацо техники.
 
Папараците ти се бре прва ударна новинарска линија. Ги праќаат прво нив да искршат раце и нозе, па после ги праќаат другите новинари за да извадат и напишат „средена“ приказна.

А инаку постојат оти народот бара таков тип на новинарство. Во самиот ген на луѓето, кај многу луѓе, има нешто трачерско, и тоа е тоа, нема бегање од тоа.
 
Пред малку го прочитав ова и ми текна дека неколку пати планирав да отворам ваква тема. Накратко: дали сметате дека папараците имаат право да се однесуваат како што се однесуваат или таа професија треба да се забрани и по можност се тоа да се убие?

Мое мислење е дека премногу им е дозволено и кога веќе немаат никаква етика и почит кон другите, потребно е да се регулира што овие квази новинари смеат, а што не смеат, т.е. да се постави една црвена линија. Овие мајмуни се качуваат по дрва за да сликаат луѓе на тераса, ги бркаат со коли и мотори, им спијат пред врата со апаратот и веројатно е невозможно на човек да не му попушти трпението и да не им го удри апаратот од глава. После тоа пишуваат дека биле нападнати од „лудак“. Во суштина според мене ова е една од најдолните легални професии на денешницата и тоа што вознемируваат луѓе и загрозуваат животи е помало зло во однос на тоа што го трујат светот со информации кои се тотално небитни и служат за чист профит и оглупување на луѓето.

Накратко то, ја би ги пукал. :)
И јас не ги поддржувам ,но кога ќе дознаеш колку пари зимаат од една фотка од газот на Џеј Ло во бикини ќе паднеш на дупе :)
 
А ако не сака а сепак стане славен?

Абе ајде. Се појавува во филм или снимува песна, по дефолт значи дека сака да биде славен. Мерилин нејќела да биде позната. Не бе ич, името го сменила онака, за молер да биде.
 
Абе ајде. Се појавува во филм или снимува песна, по дефолт значи дека сака да биде славен. Мерилин нејќела да биде позната. Не бе ич, името го сменила онака, за молер да биде.
Мерилин сосема случајно има влезено во актерство. Криштоф Волц во поодминати години стана Холивудски славен благодарение на Тарантино. Без него, никој од нас немаше да знае дека Криштоф постои. Саманта Беркс - уште долги години никој немаше да чуе за неа надвор од Лондон, да не се случеше баш сега да го снимаат Лес Мис. Сега патот и е трасиран. Брајан Кранстон цел живот се појавува во ситни улоги за да се прослави баш сега со Брејкинг Бед. Кевин Костнер завршил факултет и си ја работел работата, од актерство имал земено неколку часови додека студирал. Потоа случајно во авион го запознал Ричард Бартон кој го убедил да си ја проба среќата. Да му кажеше некој на Питер Динклеџ дека ќе стане славен пред 3-4 години, овој ќе му опалеше 2-3 шамари...

Многу луѓе во таа професија ги дефинира еден момент, една шанса во животот која успеале да ја начекаат и искористат. За сакање секој сака, и дете што шутира топка сака да игра финале на ЛШ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom