Најдолго патување со кола

Член од
20 јуни 2011
Мислења
192
Поени од реакции
13
Зошто сум голем љубител во патувањата со коли на долги релации ја отворам оваа тема. Ме интересира кое е најголемото најдолго патување на кое некој од вас бил со кола, колку километри било, кај бил а секако може и слики да се клат.

Ајде еве јас да ја сефтосам темава. Најдолг пат на кој што сум бил со кола кај што сум возел сум бил до Љубљана, има око 1000км. .. Како што напоменав голем љубител сум на големите патувања па имам план кон есен да одам Дортмунд германија.
 
До Словенија исто и душа низ гз ми излезе. Најомразено нешто ми е патување со кола. Нит можеш да јадеш ко шо треба нит можеш да пиеш нит можеш да спиеш а и мноооогу бавно е.
Имаш карта повратна авионска до Германија баш од Дортмунд јас се враќав и тоа за мочани 30 евра таму си за 2 и пол часа подобро од тоа здравје.
 
До Данска со кола, почнав кловнови да гледам од халуцинациите. Ама не се жалам, обожавам да патувам со кола поготово. Авиони да, океј е, ама ми пречи џетлагот премногу. :tapp:
 
А неможе ни тв да глеаш и на лаптопот обавезно ќе ти се истроши батеријата разговорите стануваат досадни.. I would rather kill myself!!!
Сфатив дека ми фалат зборови да опишам колку мрзам долги патувања со коли :mad:
 
Златна Љубљана во почеток на седумдесетите.
Бев таму неколку пати,како и многу други Мкедонци,еве и зошто.Кај нас во МАкедонија за бело Фичо се чекаше 1-2 год, а за жолто да не правиме муабет или за некоја друга кола. Па така одевме таму на автопазар и си купувавме од таму коли се разбира многу евтино а и кај нас тогаш тешко се доаѓаше до таква кола на старо.На пр. Рено 4, Ами 8, Пежо 204, Шкода,Дијана, Принц 1200, Бубачка и Ауди 80.
Но кога ќе ја донесеме,да не речам ама од раце ни ја зимаа,повеќе некој другари или пријатели,а не за некоја шверцерска работа.Па после ај оди пак.Така и јас тогаш сменив неколку коли. Меѓу кој и едно лето Пежо 204 и право Скопје, а утре право за Слнчев Брег,и види чудо ќе паркираш некаде и одма народ прост Татарски се собира и се чуди и ѕирка кај воланот демек колку „брише“,сопри на бензинска исто. а таму тоа време само Москвичи од оние облине од 48 г.а во ако седнеш во Лада тогаш си значи некој платен шпиун. Или прв братучед на Тодора.
Е и ова е интересно,најповеќе ми се возело ноќе,и тоа цела ноќ без сопирање. Ај и ова Словенците се супер народ ,која култура ја имаат и при продажба на овие коли,еднаш врнеше не ме пушти газдата,ме однесе дома да се осушам и ми даде нови чорапи(уф и Словенката беше добра)
 
Птуј, Словенија беше дестинацијата, или safe house :), од таму бевме и до Италија и до Австрија. 1000 километри. Околу 12 часа пат.

А досега најдолго Скопје > Прага со автобус. Скиснавме. Ама најверојатно тоа не се рачуна на темава, само со кола.
 
До Данска со кола, почнав кловнови да гледам од халуцинациите. Ама не се жалам, обожавам да патувам со кола поготово. Авиони да, океј е, ама ми пречи џетлагот премногу. :tapp:

Процедурално: до Данска нема џетлег, иста временска зона сме.

Он: До Турција, околу 2500 км извозени во двата правци.
Кога се вратив после 24 часовно возење буквално нозете не си ги чувствував, не можев по скалите да се качам до дома :facepalm:
 
До барселона 2400km(4пати),париз1800km(4пати),Лондон(2пати),Стокхолм, мојте имаат ќејф за патување со кола, what can i do
п.с. имам полнач за лаптоп во кола така да доста забавно е :)
 
Најдолгото временски 18 часа, иначе не беше многу километража, ама по брда и долини одеше патот. Тргнав ноќе, се раздени, возење на 45 степени температура цел ден, без клима... само една поголема пауза од саат време за ручек и пак ме стемни зад волан. Прво што стасав до кревет се струполив и спиев можда 14 часа.
А, да... иначе сум огромен љубител на долги патувања со кола. Автобуси мразам.
 
До Германија со автобус 32 часа, 40 души внатре башка и куферите што не ги собираше долу во багаж, нема мрдање освен за во ВЦ.
 
Процедурално: до Данска нема џетлег, иста временска зона сме.

Он: До Турција, околу 2500 км извозени во двата правци.
Кога се вратив после 24 часовно возење буквално нозете не си ги чувствував, не можев по скалите да се качам до дома :facepalm:
Знам, зборев за други континенти, со спортот кај што имам одено :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom