Дечко, си измешал ти нешто. Хрватите не патат од комплекси па да докажуваат колку тоа јазикот им се разликува од Српскиот. Патем, Хрватскиот јазик СЕ разликува од Српскиот. Во врска со Словенечкиот каков е незнам, не го разбирам јазикот.
Друга работа. Хрватите се пример како треба со јазикот и треба така да се прави, а не уште англицизми ми користат луѓево. BTW, WTF, OK... ало бе, каде се наоѓате? Мрш во Англија ако вака се изразувате.
Уште нешто за Хрватскиот јазик. Не е "ka je bilo" туку "kaj je bilo" и ова не е Хрватски литературен јазик, туку Загрепски дијалект, односно "Пургерски". Не зборуваат во цел Загреб вака, туку во делови од него.
Tko? Што ти пречи пак овде? Исто како некој Хрват да каже дека зборчето "кој" е глупаво и смешно и дека се обидуваме да го направиме јазикот различен од Српскиот (ко). Ти ќе го сватиш како навреда ова, нели? И тоа голема навреда, затоа што ама баш ниеден јазик не потекнува од Српскиот и во иднина немој да кажуваш ваква глупост, ќе ти се смеат.
Српскиот јазик потекнува од Македонскиот, а и Хрватскиот исто така, но дефинитивно Хрватите не се замараат со Србите колку што ти се замараш, очигледно.