Измислен превод на интернационализми

  • Креатор на темата Креатор на темата Channar
  • Време на започнување Време на започнување

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Хрватите веќе почнаа со одомаќинувањето на интернационализмите и со буквално преведување на истите (компјутер - рачунало, авион- зракоплов итн), па ајде тука сега тргнувајќи од креативноста и богатството на македонскиот јазик и дозволата за маневри од истиот и ние да смислиме, измислиме зборови кои би ги сместиле во македонски јазик.
 
Да преведеш интернационаизам е како да преведеш топоним - нема смисла.
Се преведуваат топоними, пример е турскиот јазик.
Албанија - Арнаутлук
Грција - Јунанистан
и многу други примери, па и во македонскиот јазик: Брег на Слонова Коска (на македонски не е Ајвори Коуст), Ртот Добра Надеж (Капе Верде) а интернационализми се преведуваат веќе во многу јазици.
Мобилен Телефон - Вонместен Телефон
Ви-Фи - Бе-Мре (безжична мрежа)
 
Се преведуваат топоними, пример е турскиот јазик.
Албанија - Арнаутлук
Грција - Јунанистан
и многу други примери, па и во македонскиот јазик: Брег на Слонова Коска (на македонски не е Ајвори Коуст), Ртот Добра Надеж (Капе Верде) а интернационализми се преведуваат веќе во многу јазици.
Мобилен Телефон - Вонместен Телефон
Ви-Фи - Бе-Мре (безжична мрежа)
Е за последново свака ти част немам зборови ..
 
Компјутер-сметач Авион-самолет :icon_mrgr:
летало ;)


он: јас викам прво да се почне од месеците...

јануари коложег
февруари сечко
март цутар
април тревен
мај косар
јуни жетвар
јули златец
август житар
септември гроздобер
октомври листопад
ноември студен
декември снежник
 
Хрватите измислуваат зборови (или у најмала рака, ги вадат од некои затуцани дијалекти) за да покажат колку тоа јазикот им се разликува од српскиот. И успеаја да го претворат јазикот во еден хибрид кој е страшен (а мене лично и одвратен) за слушање. Словенечкиот е ангелски за нивниот.
Ka je bilo? Tko je to? Awwww...

Земјопис - географија
Богословија - теологија
Гласноговорник - портпарол...
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 01:44 ---
Мобилен Телефон - Вонместен Телефон
Подвижен звук од далечината.

„-Каков подвижен звук од далечината имаш?
-HTC бе брат, најбољи е, немат ехо.“
 
А баш ме интересира што е поправилно?
Космонаут( по руски) или астронаут( по американски).
И како би било по наше.
 
А баш ме интересира што е поправилно?
Космонаут( по руски) или астронаут( по американски).
И како би било по наше.
Да речеме, вселенолетател
 
Да речеме, вселенолетател
Јас би играл со „вселенаут“, бидејќи и двете верзии, руската и американската го имаат суфиксот „аут“ врз зборот кој означува вселена. Мое некое гледиште.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom