Најубавиот македонски збор

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Нежност - ме асоцира на нешто мило, меко, на разменување нежности, гушкање, галење, милување.
Топлина - ме асоцира на топло време или надвор -10, а тебе топло ти е на душата, ме асоцира на зимно време и ти седиш дома и пиеш топло чајче, топлина што ја чувствуваш при секоја прегратка.
Емоција - сите наши внатрешни доживувања кои се составен дел од нашиот живот.
 
Мислиш:
Восклик на чувства.
Изблик на топлина која вп градите полека се шири. Крадешкум доаѓа и како личотија останува да векува. Воспева сонца и небеси. Искри како птичји пој. Се мие и измива во крв и како вино црвена опива душа, возљубува?

;)
 
вдахновение - значи инспирација, повеќе од инспирација, две инспирациии

велик - значи голем

Што значи „ Со здравје да си го коландисваш“?
 
вдахновение - значи инспирација, повеќе од инспирација, две инспирациии

велик - значи голем

Што значи „ Со здравје да си го коландисваш“?
со здравје да си го користиш,нели кога ќе си купиш нешто ново
 
оморина - спарно време, пред да заврне

мешунка - плод

кожурец - последна фаза од метаморфоза

сињак - слана

роса - капка вода

клокоти - шум на извирање, истекување

кроце - полека, внимателно

сениште - привидение

јарост - гнев

утроба - стомачна внатрешност

скапано - гнило

реа - неподнослива миризба

синевина - сина нијанса

Архангел - ангел од највисок ред
 
БАКНЕЖ, збор кој кога ќе се изговори содржи две комплетно спротивставени чуства. самото изговарање БАКНЕЖ звучи јако, моќно, ...... а воедно опишува нешто сосема спротивно, нежно, мило, убаво, сакано........
 
Еве два од мене (не ги прочитав сите претходни одговори, можеби веќе се споменати):

Копнеж - Далку поубав од чезнее, овој збор го издвојувам и по значење, и по рапоред на буквите и по изговор.

Надеж - Уште еден прекрасен збор, буквата ж на крајот го прави целиот збор стопати поубав од српскиот надa.
 
Ме наежи (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom