Најубавиот македонски збор

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
ФАЗЛА - Најмногу Прилепчани го користат.Според мене најоригиналниот Македонски збор .Инаку значи остаток

Ова е турски збор.
Читам на темава многу турски зборови ги пишувате во тема за најубав македонски збор? :facepalm:
 
Бакнеж - колку само емоции има во овие букви!

Инаку пред некоја година бев во странство и со друшто во продавница/бар за пури, онака опуштено муабет пура, коњак и сл. до нас седеа дваца дечки од Ирак и ни се умешаа у мубает. Не прашаа од каде сме и дека имаме прекрасен јазик! Велат ние се на рчење зборуваме.
 
Топлина- ме асоцира на нешто бело, на бела просторија (појма немам зошто), нешто меко како памук, на прегратки, на мајка, на дом......на нешто прекрасно.......
 
Басамак- значи скалило. Можеш најчесто да го чуеш од некој кој потекнува од Демир Хисар. Џунџуле- многу разиграно и темпераментно звучи.
Грашок- онака, впечатлив збор ми е...
Ангел- нежно...убаво,бело...
Токмак- глупак..иако мислам дека има турско потекло...
Велигден- празник,пролет,потопло време,црвена боја,славење на Бог
 
Да продолжам и ја со турцизми? Ај јок...

Некои што не им е мајчин македонскиот јазик ми рекле дека најубав збор им е сакам; љубов, радост, заблуда, жед, молк, среќа, волшебно, страст, смелост, копнеж, сон, поглед, светлина...
 
Бели Мугри самиот израз означува надеж за подобро утро. Кога на тоа ќе се додаде и целата збирка на Рацин бели мугри ја означуваат постојаната надеж и верба за подобро утре. Ех Рацине наш, да знаеше само во што ќе се претвори твојот народ ќе си ја изгореше збирката.
 
Кокиче

Од секогаш ми бил многу мил збор. Уште како мал му се радував кога ќе го видев на улица и ќе ја гушнев мајка ми од радост. Симболизира пролет, милост, нежност. Белата боја ми буди добрина, во иднина светли и весели денови. Предвесник и на мирот, хармонијата и на сета убавина на светот. Едноставно, инстант ми се променува расположението кога ќе го видам или слушнам зборот Кокиче.
 
Чардак - претежно го употребуваат постарите луѓе за балкон направен од дрво. Незнам дали е чисто македонски збор, но мил ми е зборот.
 
Сивојна- Упорност, нескршливост, издржливост и цврст карактер :icon_lol:.


Па ме опишува мене шо :icon_lol:.

Манукот-Дечкото, љубовникот, сродната душа, тоа е архаичен збор кој што во неговото изворно значење го објаснува македонскиот маж како нежен разбирлив полн со љубов....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom