Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Млад човек што следи лелекање и кукање ти е бајпродукт на интензивното сервирање на истото. Исклучоци имаше и во спротивно сценарио. Пример, мајка ми која е според мене скоро-лоботомизирана од серииве, пред некоја година заедно се тресевме на епизодата режирана од Тарантино, во цси лас вегас кога го закопаа Ник, заедно се прашуваше што значат 4 8 15 16 23 42 и не ми даваше да ги уплатан на лото. По долго намерно-или-не изложување и редовен тв конзумер, безразлика на полото, возраста.. ќе се навлече на ефтина драма. Basic biology 101.
Супер е Каролина, како што некому му е Ферхунде супер.
Зашо да гледа лелекање и кукање кога може квалитетни американски драми нели?
Зашо да слуша Каролина за љубов кога може Леонард Коен?
Го разбирам хејтот. Како зависник од филмови и серии поготово револтот ми е и поголем од вашиот. Али пак ќе кажам daj ne se folirajte.![]()
Не велам дека на треба да има за сечиј вкус. Не велам дека треба да се забранат скрос. Тоа ми оди контра сите принципи. Јас го хејтам моментот што СЕКАДЕ, на СИТЕ телевизии има само такви серии. Нема избор, нема никаква понуда за некој да спореди. Башка во ера на интернет, кога сите имаат интернет, посебно младите, можат да си дозволат и да не седат пред телевизор пред тие серии хипнотизирани. Повторно, се согласувам со болдираното.
Јас ги обвинувам телевизиите што шират неподнослива негативна енергија. По цели денови има само тоа, ама па од друга страна постои и далечинско и можат да се сменат каналите.
А зашо да не може и Каролина и Коен бе?

Нека почнат да прават и македонски серии, па после може да ја правиме споредбава.