Петиција за стопирање на сапунските серии

Петицијата ми изгледа малку несериозно, како некое дете да немало попаметна работа, па си отворило некоја петиција на хрватски сајт. Хрватски. Пред се` не е објаснета целта. Дали тие инсистираат на укинување на турските и слични серии? Дали инсистираат само на намалување? Колку потписи им се потребни? Каде ќе го достават списокот на потпишани луѓе? Што според стручните психолози би можело да се прикажува наместо ваквите серии? Поради ова, петицијата ми личи повеќе на attention whoring, отколку на нешто сериозно кое се стреми да ја промени состојбата на медиумите во земјава.

Да не бидам сфатено погрешно, турските и индиските серии ги мразам од дното на душата. Сликата за нашите медиуми е мизерна, но колку тоа зборува за самите нив, толку зборува и за нивната публика. Се` е до луѓето и тука не мислам на пензионерите како баба ми кои немаат што да прават по цели денови, туку на младите. Ако некој дваесет и кусур годишен не е свесен дека Бандини е ретардирана серија, не може никој од страна да му наложува што треба да гледа бидејќи е џабе. Сите имаме интернет, сите имаме акаунти на Замунда. Ако некој сака да гледа индиски танцови, слоу-моушни и глума ала ментално пореметување, сето тоа проследено со реклами и грди синхронизации - нека. Се` додека јас си ги имам сите серии и филмови на торент, не треба да ме засегаат нашите глупи телевизии.

Но, од друга страна пак, има некои работи кои не можат да се најдат на интернет и работи за кои нашите телевизии треба да го одврзат ќесето малку повеќе. Зборувам за домашната продукција. Е, на сметка на кичерајот кој го има моментално на телевизиите, домашната продукција во последно време е се` поретка (освен кај МТВ, која се` повеќе се труди на ова поле, кој би рекол нели?). Нема наши серии, нема документарци, нема квизови, нема образовна програма, нема детски емисии. Ако намалувањето на сапуниците значи зголемување на горенаведените содржини, тогаш океј. Но, имајќи го в предвид искуството и желбата за максимална заработка и минимален влог на нашите телевизии, се` си мислам дека кога ќе ги снема турските серии ќе им текне нешто друго. Израелски, грчки, порторикански, узбекистански, било што, само да е ефтино.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Ако не ви се гледа сега е бар лесно има на ресивериве кај операториве што се Макс тв ,Тоатал тв ,Бум тв и незнам кој други ,бришење на тв каналот од листата и нема да му ја мислите многу многу :D .
 
Сапунските серии и синхронизациите ги има на Сител и Канал 5, зар само тие две ви се телевизии, не ве сфаќам?
Имате Алфа, Телма, МРТ, МТМ. Мислам дека во денешно време имаме по 2 телевизори во домовите, па ако на едниот се пратат овие серии, слободно на другиот пуштете друго. И јас ги мразам турските, индиските, хрватските и грчките, повеќе сум за квалитетни сапунски серии и серии без синхронизација зошто стварно е примитивна.
 
Скоро да и не гледам телевизија. Посебно ретко гледам на домашниве канали. А не гледам оти и нема што да се гледа. Нема нити една асолна емисија. Се само лигавици, од информативни програми до филмови........ Во принцип не сум за цензура ама не сметам дека е цензура ако од телевизиите со побараат одредени стандарди за квалитетот на програмата која ја емитуваат. Телевизиите имаат државни концесии, емитуваат програма на целата територија на државата, имаат огромни профити и влијание па треба да им се наложи и да го разврзат ќесето и понудат програма, да си го заработат профитот оти со ваква програма очигледно е дека не крадат.
Би било добро кога би имало една комисија која би оценувала квалитет на програмата (а мислам и дека има некое такво тело во советот за радио дифузија кое тело оцени дека А2 нема доволно квалитетен програм и и ја одземаа концесијата) и би го казнувала неквалитетот па дури и да одземе некоја концесија. Додека не се направи нешто такво нашиот народ при толку телевизии ке гледа од лига на шампиони само по една утакмица.....
 
Некој од министрите рече дека ќе ги намали за 70%
Не гледам дека се намалени.
Зголемен е процентот на емитување.
ПРЕКУ ГЛАВА МИ Е ОД ГАНДИ И АСИ СЕРИИ.
Уште не завршила една 3 нови рекламираат.
Каде се потпишува петиција за стопирање на Овој кич или Т.н серија што го потресе целиот Балкан со рекодна гледаност?
 
Па нема многу оваа сезона, проблемот беше до лани кога одеа по цел ден.
Сега проблемот е што почнаа и американски и евтопски серии да синхронизираат па затоа ви изгледаат на сапунски турски/индиски серии.
 
Абе ај има и турски и индиски и секакви серии квалитетни ,овие живи глупости нашле го трујат народот со ова .
 
Па овие серии во многу поголем број ги има во сите балкански земји, Бугарија, Албанија Србија, Црна Гора, Грција, да не зборувам за Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Босна.
Така да дека ние сме најлоши, не сме.

Лошото е што и квалитетни серии се синхронизираат па затоа ви изгледа дека се е такво.
 
Не сме најлоши, али со оглед на кои се држави ги спомена, баш сме во таа група.
Тешењето дека “не сме најлоши“ нема да не оправи, ниту мене ми е утеха. Тоа што не сме најлоши, не значи дека сме добри, ни одблиску.
Не мора ни да бидеме најдобри, само да излеземе од лошите.
Не можам, веќе не можам да го издржам пискањето, плачењето, СТЕНКАЊЕТО од типот на ААААХ ААААААХХХХАХХХХАААААААААААААААХ АХХХ ШТО МИ СТОРИ. Не знам како некој може да го гледа тоа. Малтретирање. Гледањето и воедно слушањето на таквите приказни за мене се рамни на мазохизам.
 
Го делам истото мислење, но ова е затоа што се синхронизирани. Да не беа, немаше толку младите да бидат против ваквите серии.
--- надополнето: 23 декември 2013 во 20:19 ---
Decki aj ne se folirajte :D
Уживај си, ако имаш нешто да кажеш, кажи, а не пишувај колку да се пише, имаш други такви теми.
 
А што има привлечно за младите, зошто би ги гледале и да не беа синхронизирани?
Привлечно е постојаното плачење, смртта, силувања, убиства и слично, што се најчеста тематика во ваквите серии? Од дневна кога ќе допре малце од некоја сцена до мене ми се иде да се удрам со главата во лап-топот. Не се привлечни овие серии затоа што трошка квалитет немаат во себе.
 
Уживај си, ако имаш нешто да кажеш, кажи, а не пишувај колку да се пише, имаш други такви теми.

Да ти дадам ако не пасворд да ја средуваш темава? :unsure:

А што има привлечно за младите, зошто би ги гледале и да не беа синхронизирани?
Привлечно е постојаното плачење, смртта, силувања, убиства и слично, што се најчеста тематика во ваквите серии? Од дневна кога ќе допре малце од некоја сцена до мене ми се иде да се удрам со главата во лап-топот. Не се привлечни овие серии затоа што трошка квалитет немаат во себе.

A серииве да не се свенаменски? Таргет групи не постојат и кај "модерниве"?
Мислиш од толку музика Каролина да ја слушаш не му е некому чудно? Не му иде да се обеси со жиците од звучник?
Или наспроти постојаното плачење, редундантните цси шоуа каде постојаното решавање случаи шаблонски не му иде некого да се удри со лапот по глава?
Имаат гледаност, и тоа е тоа. Може ние колку сакаме да бидеме кул, џабе.

Телевизиите не се криви, поширока публика има за лелекање, поголема гледаност. Дали мислиш имаше иста гледаност кога даваа LOST, CSI Las Vegas, Twin Peaks, 3rd Rock..?

Затоа, да се самоцитирам:

Decki aj ne se folirajte :D
 
Да ти дадам ако не пасворд да ја средуваш темава? :unsure:

A серииве да не се свенаменски? Таргет групи не постојат и кај "модерниве"?
Мислиш од толку музика Каролина да ја слушаш не му е некому чудно? Не му иде да се обеси со жиците од звучник?
Или наспроти постојаното плачење, редундантните цси шоуа каде постојаното решавање случаи шаблонски не му иде некого да се удри со лапот по глава?
Имаат гледаност, и тоа е тоа. Може ние колку сакаме да бидеме кул, џабе.

Телевизиите не се криви, поширока публика има за лелекање, поголема гледаност. Дали мислиш имаше иста гледаност кога даваа LOST, CSI Las Vegas, Twin Peaks, 3rd Rock..?

Затоа, да се самоцитирам:

Не, логично ми е баба ми да ги гледа тие серии, нема шо да прави, ама не разбирам на млад човек како може ЛЕЛЕКАЊЕ и КУКАЊЕ по цел ден да му е интересно. Не ми е јасно.
А Каролина си ја сакам бе, супер е.:pipi:
 
Млад човек што следи лелекање и кукање ти е бајпродукт на интензивното сервирање на истото. Исклучоци имаше и во спротивно сценарио. Пример, мајка ми која е според мене скоро-лоботомизирана од серииве, пред некоја година заедно се тресевме на епизодата режирана од Тарантино, во цси лас вегас кога го закопаа Ник, заедно се прашуваше што значат 4 8 15 16 23 42 и не ми даваше да ги уплатан на лото. По долго намерно-или-не изложување и редовен тв конзумер, безразлика на полото, возраста.. ќе се навлече на ефтина драма. Basic biology 101.

Супер е Каролина, како што некому му е Ферхунде супер. :pipi:

Зашо да гледа лелекање и кукање кога може квалитетни американски драми нели?
Зашо да слуша Каролина за љубов кога може Леонард Коен?

Го разбирам хејтот. Како зависник од филмови и серии поготово револтот ми е и поголем од вашиот. Али пак ќе кажам daj ne se folirajte. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom